Северен повратник
Северниот повратник (наречен и раков повратник) е замислена кружница на најсеверната географска должина на Земјата на која Сонцето може да дојде нормално на Земјината површина, во зенитот. Оваа појава се јавува при јунскиот сонцестој, кога северната полутопка е во најголема мера наклонета кон Сонцето. На јужната полутопка кружницата што доаѓа нормално на површината се нарекува јужен повратник.
Овие кружници се две од петте напоредници што стојат на картите на светот (другите се северниот поларен круг, јужниот поларен круг и екваторот). Положбата на овие напоредници (освен екваторот) зависи од осниот наклон во однос на орбиталната рамнина.
Повратникот се нарекува и „раков повратник“ поради фактот што во времето на неговото именување Сонцето било во соѕвездието Рак за време на јунскиот сонцестој. Денес сонцето во ова време од годината се јавува во соѕвездието Бик. Промената се должи на појавата наречена прецесија на рамнодениците.
Содржина |
Географија [уреди]
Моментално (епоха 2011) северниот повратник лежи 23° 26′ 16″ северно од екваторот.[1] Положбата на повратникот не е постојана, туку се поместува на југ со стапка од речиси половина секунда (0,47″ или 15 метри) годишно. Во 1917 г. повратникот се наоѓал точно на 23° 27' СГШ.[2]
На север од повратникот се наоѓаат суптропите и северниот умерен појас. Еквивалентната замислена кружница јужно од екваторот се нарекува јужен повратник, а подрачјето помеѓу нив (со екваторот во средина) се нарекува тропски појас.
Места [уреди]
Почнувајќи од нултиот меридијан, па на исток, јужниот повратник минува низ следниве места:
Надворешни врски [уреди]
- Пресметки на временските епохи (англиски)
- Корисни константи (англиски)
Поврзано [уреди]
- 23-ти северен напоредник
- 24-ти северен напоредник
- Јужен повратник
- Северен поларен круг
- Јужен поларен круг
- Екватор
Наводи [уреди]
- ↑ Повратник во движење (шпански)
- ↑ Миланковиќевите циклуси и глацијацијата - Државен унверзитет на Монтана (англиски)
|
|||||
