Тропски појас

Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од Тропи)
Прејди на: содржини, барај
Тропскиот појас на карта на светот.
Тропски климатски подрачја во светот (каде температурите не паѓаат под 18 °C во текот на целата година.

Тропски појас (жежок појас) — регион на Земјата што се наоѓа околу екваторот. Појасот во ширина е ограничен од северниот повратник на 23° 26′ 16″ СГШ и јужниот повратник на 23° 26′ 16″ ЈГШ, што е во склад со осниот наклон на Земјата. Во тропскиот појас влегуваат сите подрачја на Земјата каде Сонцето доаѓа нормално на Земјината површина барем еднаш во текот на сончевата година. Во тропскиот појкас живее околу 40% од населението во светот (2008), а до 2060 се очекува да достигне 60%, поради високиот природен прираст и преселбите.[1]

Сезони и клима[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главни статии: „Тропска клима“ и „Дождовна сезона.

Многу тропски подрачја имаат сува и дождовна сезона. Дождовната сезона е период од еден или повеќе месеци кога паѓа поголемиот дел од просечните годишни врнежи во регионот.[2] Подрачјата со дождовни сезони се распоредени по разни делови од тропскиот и суптропскиот појас.[3] Според Кепеновата класификација, дождовната сезона тропските клими е месецот со просечни врнежи над 60 мм.[4] Тропските дождовни шуми немаат вистинска сува и дождовна сезона бидејќи добиваат рамномерно количество на врнежи во текот на целата година.[5] Подрачјата со изразени врнежливи сезони претрпуваат прекин на дождовите во средината на сезоната кога екваторскиот појас или монсунското корито ќе се поместат кон половите во средината на топлата сезона.[6]

На местата каде дождовна сезона е воедно и топла сезона (или летото), врнежите претежно се јавуваат во текот на во доцните попладневни и раните вечерни часови. Во текот на оваа сезона се подобрува квалитет на воздухот и водата, а растенијата доживуваат подем и растат сè до жетвата во завршниот дел од сезоната. Обилноста на водата води до преплавување на реките и повлекување на некои животни на повисоки места. Со ова се намалува хранливоста на почвата и се создава ерозија. Во подрачјата со високи температури за време на дождовната сезона се зголемува присутноста на маларија.

Не сите региони во тропскиот појас имаат тропска клима. Планинските тундри и снежните врвови се пристуни на планини како Мауна Кеа, Килиманџаро, и Андите на југ до северните делови на Чиле и Аргентина. Според Кепеновата класификација, климата во голем дел од географскиот тропски појас не е тропска, туку „сува“ (пустинска или степска). Вакви примери се пустините Сахара, Атакама и австралиските голештари.

Тропски екосистеми[уреди]

Тропска шума близу Фон Сен-Дени, Мартиник.

Тропскиот појас има карактеристични животни и растенија својствени за тие подрачја. Во појасот се среќаваат разни екосистеми: дождовни шуми, суви листопадни шуми, бодликави шуми, пустини и други видови на живеалишта. Дождовните и сувите листопадни шуми имаат значајна биолошка разновидност и висока стапка на ендемизам кај видовите. Позначајни примери за вакви подрачја се: Националната шума Ел Јунке во Порторико, дождовните шуми во Костарика и Никарагва, Амазонската прашума во Бразил и Венецуела, сувите листопадни шуми во Мадагаскар, биосферниот резерват Ватерберг во ЈАР и дождовните шуми во источен Мадагарскар.

Во биогеографијата, тропискиот појас се дели на палеотропски (Африка, Азија и Австралија) и неотропски (Кариби, Средна и Јужна Америка) со заеднички назив „пантропски“. Неотропскиот регион е различен поим од истоимената екозона; во Стариот свет не се јавува таква двосмисленост бидејќи палеотропскиот појас ја опфаќа афротропската, индомалајската и делумно австралазиската и океаниската екозона.


Поврзано[уреди]

Портал „Географија

Наводи[уреди]

  1. „Статистики за населението - GeoHive“. http://www.geohive.com/default1.aspx.  (англиски)
  2. Дождовна сезона - Метеоролошки поимник, Американско метеоролошко друштво. пров. 27 декември 2008 (англиски)
  3. ГЛАВА 9: Вовед во биосферата - PhysicalGeography.net. пров. 27 декември 2008 (англиски)
  4. „Преработена Кепен-Гајгерова класификациска карта на климите“. http://www.hydrol-earth-syst-sci.net/11/1633/2007/hess-11-1633-2007.pdf. 
  5. Клими во светот - Blue Planet Biomes. пров. 27 декември 2008 (англиски)
  6. Особености на дождовните бури што влијаат врз допстапноста на вода во земјоделството - Меѓународно здружение за хидролошки науки (IAHS), Труд бр. 140, пров. 27 декември 2008 (англиски)

Надворешни врски[уреди]