Московска театарска заложничка криза

Од Википедија — слободната енциклопедија

Координати: 55°43′33″N 37°40′24″E / 55.72583° СГШ; 37.67333° ИГД / 55.72583; 37.67333

Московска театарска заложничка криза
МестоМосква, Русија
Датум23 октомври – 26 октомври 2002
ЦелТеатар Дубровка
Вид нападземање заложници, закани за погубување и одговор од страна на руската влада
МртвиОколу 170 (129 заложници)
Повредениоколу 700
СторителиSPIR, Ријадус-Салихин, IIPB
Мовсар Барајев(d) (водач)
Абу Бакр (заменик)
Шамил Басаев (одговорен за акцијата)

Московската театарска заложничка криза се случила на 23 октомври 2002 година кога околу 50 вооружени чеченски терористи на чело со Мовсар Барајев упаднале во московскиот театар Дубровка и како заложници зеле околу 850 луѓе. Како главен предуслов за ослободување на заложниците било повлекување на руските војски од Чеченија, и крај на Втората чеченска војна.

Заложничката драма траела до 26 октомври кога руските специјални служби спровеле акција за елиминација на терористите. Како резултат на акцијата биле ликвидирани сите терористи. 39 од напаѓачите биле убиени од страна на руските сили, заедно со најмалку 129 од заложниците (вклучувајќи девет странци). Сите, освен неколку од заложниците, кои починале за време на опсадата биле убиени од страна на токсична супстанција која била испуштена во театрот.[1][2] Употребата на гасот било широко осудено од страна на јавноста, но Москва на тоа одговорила дека постоел многу мал простор за правење на маневри бидејќи руските сили биле соочени со вооружени бунтовници кои биле подготвени да се убијат себеси заедно со заложниците.[3].

Почеток[уреди | уреди извор]

Заложниците биле заробени во Домот на културата Дубровка во Москва, Русија, околу 4 километри југоисточно од Московскиот Кремљ.[4]. Во 21:00 требало да се одржи претставата Норд-Ост. Пред ова, околу 40 до 50 тешко вооружени и маскирани мажи и жени со автобус влегле во главната сала и започнале со заложничката драма[5].

Маскираните Чеченци зеле околу 850 до 900 лица под своја контрола, вклучувајќи ги и членовите на публиката и изведувачите. Реакцијата на публиката во театрот на веста дека театрот бил под терористички напад била различна. Некои останале мирни, некои реагирале хистерично, додека други пак се онесвестиле. Некои од изведувачите биле зад сцената и успеале да побегнат преку прозорецот и да повикат полиција. Според некои податоци, околу 90 луѓе успеале да побегнат.

Водачот на терористите изјавиле дека тие немале никаква злонамера против странските државјани, кои биле околу 75 од 14 земји, вклучувајќи ги Австралија, Германија, Холандија, Украина , Обединетото Кралство и САД и истите ветиле дека ќе бидат ослободени по покажување на странски пасош. Руските преговарачи одбиле да ја прифатат оваа понуда и инсистирале дека треба сите заложници да бидат ослободени без разлика дали се странци или Руси[6].

Барање[уреди | уреди извор]

Напаѓачите биле предводени од страна на Мовсар Бараев, внук на убиениот чеченски терорист Арби Барајев, и се заканиле дека ќе ги убие заложниците доколку руските сили веднаш и бесусловно не се повлечат од Чеченнија. Тие изјавиле дека рокот за повлекување е една неделапо кое ќе започне убивање на заложниците[7].

Видеоснимката од страна на бунтовниците била пуштена од страна на медиумите. Следува неговиот текст[8]:

Секој народ има право на својата судбина. Русија го одзеде ова право од Чеченците и денес сакаме ова право да ни биде вратено, кое ни беше дадено од страна на Алах, на ист начин како што беше дадено на другите народи. Алах ни дава право на слобода и избор на нашата судбина. Руските окупатори ја имаат прелеано нашата земја со крвта на нашите деца. И ние копнееме за праведно решение. Луѓето не се свесни за невините кои умираат во Чеченија како жените, децата. И затоа и ние го избравме овој пристап за слобода на чечнскиот народ и не постои никаква разлика каде ќе умреме, па затоа решивме да умреме овде во Москва. Ние ќе ги земаме животите на стотиви грешници. Доколку умреме, по нас ќе дојдат нашите следбеници, браќа и сестри кои исто така се подготвени да ги жртвуваат своите животи, до патот кон Алах за да ја ослободат својата нација. Многу наши националисти умреле, но луѓето велат дека тие националисти се всушност терористи и криминалци. Но, вистината е дека Русија е вистинскиот криминалец

Според Сергеј Јастржембски, кога им било кажано дека повлекувањето на војниците е нереално во толку краток период, дека тоа претставува многу долг процес, терористите изјавиле дека руските војници би можеле да се повлечат од било кое место и било каде во Чеченија, без да наведат точно од која област. Киднапираните лица барале да не биде употребена артилеријата и воздухопловните сили во Чеченија започнувајќи од следниот ден. Но од друга страна руските сили престанале со нападите од 28 септември. Самиот Владимир Путин изјавил дека има намера да прекине со вооружениот конфликт во Чеченија. Од моментот кога биле земани заложниците, во Републиката биле убивани во просек по три сојузни војници дневно.[9].

Мобилните телефонски разговори меѓу заложниците и нивните членови од семејството[10] откриле дека киднаперите биле снабдени со гранати, мини а експлозивни направи биле врзани околу нивните тела, а во целиот театар имало распоредено експлозив. Голем дел од тие експлозиви (вклучувајќи ги и оние кои биле прикачани на женските бунтовници) подоцна биле пронајдени[11][12]. Терористите користиле арапски имиња во меѓусебниот разговот, а жените биле облечени во арапски стил кое било мошне необично за реонот од Северен Кавказ[13].

Потпаролот на чеченското сепаратистичко раководство изјавил дека нема информации околу тоа кои се напаѓачите и ги осудил нападите врз цивилното население. Про-рускиот исламски водач на Чеченија исто така го осудил нападот[14].

Сите заложници биле држани во аудиториумот. Ситуацијата во салата била доста нервозна и истата се менувала во зависност од расположението на киднаперите, кои ги известувале медиумите. Напаѓачите дозволиле заложниците да направат телефонски повик[15]. Заложниците ги користиле своите мобилни телефони за да им пренесат на властите да не упаднат во зградата[14], поради тоа што неколку камиони и полицајци претхдно ја опколиле зградата.[16]

Тек на кризата[уреди | уреди извор]

23 октомври[уреди | уреди извор]

Во 21:15 часот напаѓачите го зазеле театрот. Тие истакнале дека се подготвени да убиваат по десет заложници доколку руските сили не реагираат на нивните барања[14].Две жени успеале да побегнат (една од нив била повредена за време на бегството).[17]

Една млада жена, Олга Романова, успеала да влезе во театрот и да се соочи со терористите. Таа ги повикала да ги ослободат заложниците. Терористите сметале дека се работи за агент на ФСБ, по кое била застрелана.

24 октомври[уреди | уреди извор]

Руската влада понудила на киднаперите заминување во било која земја.[17]. Заложниците поднеле жалба, најверојатно под притисок или наредба на терористите до Владимир Путин за прекин на воените дејства во Чеченија и воздржување од напад во зградата каде се наоѓаат тие. Поради кризата, Путин го откажал своето службено патување на средба со американскиот претседател Џорџ Буш и други светски водачи.[18].

Познати јавни и политички личности, како Асламбек Аслаханов, Ирина Хакамада, Руслан Хасбулатов, Јосиф Кобзон, Борис Немцов и Григориј Јавлински[19] учествувале во преговорите со киднаперите. Поранешниот претседател на Советскиот Сојуз, Михаил Горбаов исто така ја објавил својата подготвеност да дејствува како посредник во текот на преговорите. Милитантите, исто така, побарале претставници на Меѓународниот Црвен Крст и Организацијата Лекари без граници да ги водат преговорите. Полковникот на ФСБ, Константин Василев се обидел да влезе во дворот но бил застрелан. ФСБ полковник Константин Васиљев се обидел да влезе во двор на ТК, но бил застрелан во време приближува на зградата и го принуди да се повлече.

Според ФСБ, 39 заложници беа ослободени од страна на терористи на 24 октомври 2002 година, но тие повторно преку еден од заложниците се заканиле доколку Русија не ги исполни нивните барања.[17] Преговорите за ослободување на не-руските државјани биле спроведени од страна на разни амбасади и Чеченците ветиле дека ќе ги ослободат. Киднаперите тврдиле дека се подготвени да ослободат 50 руски заложници ако Ахмад Кадиров, претседател на про-руската администрација во Чеченија, дојде во театарот, но Кадиров не одговорил на тоа барање, и ослободувањето не се случило.

Една водна цевка пукнала во текот на ноќта и го поплавила приземјето. Киднаперите го нарекле овој чин провокација. Потпаролот на ФСБ изјавил дека немало постигнат договор околу можното поправање на цевата.[20]. Подоцна се дознало дека канализацијата била користена од страна на руските специјални служби[21].

25 октомври[уреди | уреди извор]

Во текот на денот во преговорите се вклучиле Ана Политковскаја,[22], Сергеј Говорукин и Марк Франчети како новинари, потпа Евгениј Примаков, Руслан Аушев и Асламбек Аслаханов. Терористите барале преговорите да се водат со официјален претставник на Владимир Путин. Роднините на киднапираните лица одржале антивоени демонстрации во центарот на Москва.

Терористите се согласиле да ослободат 75 странски државјани во присуство на дипломатски претставници на нивните држави. Руските власти наводно изјавиле дека не треба заложниците да се делат на странски и домашни. 15 руски државјани биле ослободени вклучувајќи 8 деца на возраст од 7 до 13 години. По состанокот со Путин, шефот на ФСБ Николај Патрушев понудил безбеден живот за Чеченците доколку ги ослободат и преостанатите заложници[23].

Група на руски лекари вклучувајќи д-р Леонид Рошал, шеф на медицинскиот центар за катастрофи, влегле во театарот за да донесат лекови за заложниците и изјавиле дека терористите не ги тепале или не им се заканувале на нивните заробеници. Тој изјавил дека поголемиот дел од заложниците биле смирени и дека само две до три биле хистерични. Од страна на Црвен Крст била донесена храна, топла облека и лекови[20].

Канал ХТВ направил интервју со Бураев, во кое тој испратил порака до руската влада:

... Немаме што да изгубиме. Ние поминавме 2.000 километри додека да стигнеме овде, и враќање назад нема... Дојдовме за да умреме. Нашето мото е слобода или рај. Веќе имаме слобода со доаѓањето во Москва, но веќе сакаме да бидеме во рајот

Тој исто така изјавил дека неговата група била во Москва не за да ги убијат заложниците или да се борат со елитните руски војски, како што било случајот во Чеченија во текот на годините, туку за да стават крај на војната[7].

Во 21:55 биле ослободени четири заложници од Азербејџан, со кое вкупниот број на заложници кои биле ослободени во тој ден станал 19. По зајдисонце, еден човек идентификуван како Генадиј Влак успеал да влезе во театрот. Тој рекол дека неговиот син се наоѓа меѓу заложниците, но неговиот син наводно не бил таму па тој бил убиен.

26 октомври[уреди | уреди извор]

Путин во посета на Медицинскиот центар каде биле сместени дел од заложниците.

Во текот на ноќта, Ахмед Закаев, претставник на чечнските сили и соработник на сепаратистичкиот претседател Аслан Масхадов, апелирал до екстремистите и побарал од нив да се воздржат од избрзени дејствија. Заложниците изјавиле дека специјалниот претставник на претседателот Путин планира да дојде во театрот на разговор следниот ден. Двајца специјалци биле повредени околу зградата по фрлање на една граната од страна на терористите.

Во сабота наутро, на 26 октомври, руските сили Спецназ од ФСБ со помош на руските спедијални единици од полицијата го опкружиле театрот и упаднале во него, прво преку геј клубот Централна станица. Заменик министерот за внатрешни работи изјавил дека нападот бил потикнат од паниката меѓу заробениците. Од страна на кризниот штаб било изјавено дека нилр убиени два заложници а раниле уште два.

Напад и крај на кризата[уреди | уреди извор]

Рано наутро, во околу 05:00 часот по московско време, рефлектори го осветлиле главниот влез на театрот. По изведената прва акција од страна на руските сили станало јасно дека мистериозен гас бил испуштен во театрот.[24]. Специјални извештаи навеле дека станува збор за еден таен отвор кој бил направен од страна на службите, преку системот за вентилација или пак преку подиумската сцена. Отркивањето предизвикало паника во театрот.

Новинарката Ана Андринова, која била заложник дала соопштение:

Се чини дека руските сили започнаа некаква акција. Ве молиме да ни дадете шанса. Ако можете, направете нешто! Не знам за каков гас станува збор, но ги гледам реакциите кај Чеченците. Тие не ја сакаат нашата смрт и нашите официјални претставници сакаат секој од нас театрот да го напушти жив. Ова можеме да го почувствуваме овде, Нашата влада одлучи дека никој од овде не треба да излезе жив[25]

Дел од Чеченците биле опремени со гас-маски, и одговориле со пукање кон руските сили. По триесет минути, кога испуштениот гас започнал да делува започнал и физичкиот напад врз зградата. Комбинираните сили влегле преку неколку отвори во зградата, вклучувајќи го и покривот, подрумот и влезната врата.[21]. Кога престелката започнала, терористите наредиле на заложниците да се потпрат на седиштата и да ги стават главите под седиштата. Заложниците објавиле дека дел од луѓето кои седеле на седиштата заспале, а некои од напаѓачите ставиле респиратори. Така дел од заложниците и терористите започнале да паѓаат во несвест. Двајаца од Алфа групите биле совладани од гасот.

По речиси еденипол час пресметка, руските специјални служби фрлиле експлозив пред главниот влез и влегле во аудиторијата. Според руските власти, борбите меѓу војниците и сè уште свесните терористи продолжила и во другите делови од театрот за уште 30 минути. Според првичните извештаи, три терористи биле живи фатени а два од нив успеале живи да побегнат. БИ-БИ-СИ објавил дека имало неколку преживеани терористи кои биле одведени со лисици надвор[21]. Подоцна владата објавила дека киднаперите биле убиени во акција.

Кон 07.00 часот започнало извлекувањето на заложниците од зградата и била понудена медицинска помош. Сергеј Јастржембски изјавил дека била завршена операцијата за ослободување на заложнициете. Голем дел од заложниците биле изнесени во безсвест и внесени во автобуси. Продуцентот на Норт-Ост изјавил дека заложниците едноставно заспале, додека пак терористите спијат во вечен сон[26][27]. Владимир Василев изјавил дека биле убиени 36 терористи а биле ослободени повеќе од 750 заложници, додека 67 починале.

По ова започнало по медиумите да се прикажуваат мртвите тела на терористите, заедно со Мовсар Барајев со шише алкохол во рака. Во првото соопштение до јавноста, Владимир Василев изјавил дека нема починати деца. Но подоцна станало јасно дека бројот на децата кои ги загубиле животите бил пет.

Жртви[уреди | уреди извор]

Најмалку 33 бунтовници и 129 заложници загинале за време на нападот или во наредните денови.[28] Еден од докторите изјавил дека едно лице починало како последица на непознат гас, и дека на неговото тело не било пронајдено никакви прострелни рани[29]. Причината за смртта на заложниците била прогласена за тероризам и започнало да се тврди дека тие починале од срцеви напади или од други физички болести[30] Among the fatalities, 17 were Nord-Ost cast members, including two child actors.[31]. Од странските државјани, тројца биле од Украина, еден од САД а другите биле од Австрија, Ерменија, Белорусија, Казахстан и на Холандија.[32]. Околу 700 преживеани заложници биле отруени од гас, а според некои ова довело до повреда на самите заложници. Неколкуѕ војници од руските специјални сили биле отруени од гасот за време на операцијата. Според судските сведочења, докторот А. Воробиец изјавил дека повеќето, ако не и сите од смртните случаи биле предизвикани од задушување кога заложниците биле налегнати на грб од страна на специјалните служби. Според него, овој став на телото го оневозможило дишењето[33]. Терористите наводно биле сите застрелани во несвест од страна на полицијата за време на првиот бран на напади на зградата.

Според некои проценки, бројот на жртвите бил од 200 до 204 жртви[11]. Според дел од заложниците и роднините на жртвите, бројот на жртвите од хемискиот гас се чува во тајност[30].

Последици[уреди | уреди извор]

Московскиот градоначалник Јуриј Лужков изјавил дека операцијата била извршена брилијантно од страна на специјалните сили и тврдел дека и тој посакувал кризата да се затвори преку преговори но истото го оневозможиле самите терористи бидејќи започнале со убивање на заложници. Рускиот специјален пратеник за човековите права во Чеченија, Абдул-Хаким Султагов, изјавил дека крвавиот исходот бил "голема лекција на терористите и нивните соучесници[4].

Заменик министерот за внатрешни работи Василев започнал операција околу можните надворешни соучесници во заложничката криза. Борис Гризлов ги повикал луѓето да бидат внимателни и да го пријават секој што делува сомнително на полицијата.

Рускиот претседател Владимир утрото на 26 октомври, изјавил дека владата го постигнала невозможното во целата операција, заштитувајќи стотици луѓе и дека спасувачките единици се покажале професионално. Тој се заблагодарил на специјалните сили, како и на руските граѓани за нивната храброст, на меѓународната заедница за поддршката што ја дале против" заедничкиот непријател". Тој исто така, побарал прошка бидејќи не можел да спаси повеќе од заложниците, и прогласил ден на жалост за загинатите[29]. Тој ветил дека ќе продолжи борбата против "меѓународниот тероризам"[34].

Критика[уреди | уреди извор]

Според некои претпоставки и верзии, во текот на операцијата бил користен наркотичен гас, вид на борбен гас, кој бил опасен за луѓе со слабо здравје, старци жени и деца [35][36]..

Главните обвиненија на поранешните заложници и роднините на загинатите на адреса на властите се следниве:

  • властите ја испуштиле можноста да водат ефикасни преговори со терористите;
  • се презело наоад во кој била користена хемиска супстанција, без да земат предвид дека ќе има негативни последици;
  • силите за безбедност не презеле мерки за заробување на некој од терористите, со цел да не се дознаат некои детали на судскиот процес
  • властите не обезбедиле за ослободените заложници навремена квалификувана медицинска помош;
  • властите не организирале прописна истрага на околностите околу трагедијата [37]..

Мислењето на настраданите е дека основна цел на властите била терористите да бидат ликвидирани, а да се спасат заложниците[38]. Обвиненијата се оправдани поради фактот што руските власти не објавиле каков вид на гас бил употребен, и властите се обиделе пред јавноста да ја намалат својата вина и да негираат дека дел од заложничките жртви всушност починале од дејството на успуштениот гас. Главниот лекар на Москва, Андреј Селцовски вели дека причината за смртта на сите заложници, со исклучок на двајца, е труење со непознат гас[39].

Министерство за здравство официјално одбило да се искаже околу тоа каков гас всушност бил користен. Комитетот за безбедност на Државната дума одбил да се расправа дали коректно бил користен гасот. Иницијатор на барањето во парламентот бил пратеникот Сергеј Јушенков[40]..

Владимир Путин на средбата со новинарите одржана на 20 септември 2003 година изјавил:

Овие луѓе загинаа не како резултат од дејството на гасот, затоа што овој гас не е штетен, тој е безопасен, и не може да предизвика каква и да е штета на луѓето. Тие станале жртва на голем број околности на слабеење на виталните им сили и хронични заболувања. Можеме да кажеме дека за време на операцијата не е повреден ниту еден заложник[41]

По оваа изјава на Владимир Путин, преживеаните од кризата во театрот и роднините на загинатите се обиделе да направат тужба против Путин, обвинувајќи го дека лаже, но рускиот суд одбил да прифати ова[38].

На 12 ноември 2002 година во обраќање емитувана на телевизијата "Ал-Џазира", водачот на меѓународната терористичка организација Ал Каеда Осама бин Ладен го одобрил преземањето на театрот, како и терористичките акти во Индонезија, Јемен и Кувајт.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Gas "killed Moscow hostages", ibid.
  2. "Moscow court begins siege claims", BBC News, 24 December 2002
  3. „Moscow siege gas 'not illegal'. BBC News. 29 October 2002.
  4. 4,0 4,1 Moscow hostage death toll soars, BBC News, 26 October 2002
  5. "Chechen gunmen seize Moscow theatre" Архивирано на 16 февруари 2009 г., CNN, 24 October 2002
  6. A Foreigner's Nightmare in Dubrovka Архивирано на 24 октомври 2007 г., The Moscow Times, 22 October 2007
  7. 7,0 7,1 "Hostage-takers 'ready to die'", BBC News, 25 October 2002
  8. "Gunmen release chilling video" Архивирано на 23 ноември 2007 г., CNN, 25 October 2002
  9. Hostage crisis refuels Chechnya debate, The Christian Science Monitor, 25 October 2002
  10. Hostage Drama in Moscow: Hostage Voices; Cellphones Let Families Hear Ordeal Of Captives, The New York Times, 25 October 2002
  11. 11,0 11,1 The October 2002 Moscow Hostage-Taking Incident (Part 1) by John B. Dunlop, Radio Free Europe Reports, 18 December 2003.
  12. Slaughter in Beslan Архивирано на 27 септември 2011 г., Hudson Institute, 23 November 2004
  13. Moscow siege leaves dark memories, BBC News, 16 December 2002
  14. 14,0 14,1 14,2 Terrorists seize Moscow theatre, BBC News, 23 October 2002
  15. Chechen gunmen storm Moscow theatre, The Guardian, 24 October 2002
  16. Chechens Seize Moscow Theater, Taking as Many as 600 Hostages, The New York Times, 24 October 2002
  17. 17,0 17,1 17,2 Seven hostages freed in Moscow siege, BBC News, 25 October 2002
  18. Two hostages flee Moscow theatre, BBC News, 24 October 2002
  19. Yavlinsky Describes His Role In Crisis Архивирано на 29 септември 2008 г., The Moscow Times, 4 November 2002
  20. 20,0 20,1 Non-stop nightmare for Moscow hostages, BBC News, 25 October 2002
  21. 21,0 21,1 21,2 How special forces ended siege, BBC News, 29 October 2002
  22. Anna Politkovskaya, I tried and failed, The Guardian, 30 October 2002
  23. Children freed from Moscow siege, BBC News, 25 October 2002
  24. What was the gas?, BBC News, 28 October 2002
  25. Hostages speak of storming terror, BBC News, 26 October 2002
  26. http://www.kommersant.ru/doc.aspx?DocsID=348457
  27. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-12-11. Посетено на 2011-10-28.
  28. Nord-Ost Tragedy Goes On Архивирано на 29 февруари 2008 г., Moscow News 2004 N.41 – a discussion of the long-term effects of the anesthetic on the surviving hostages
  29. 29,0 29,1 Gas 'killed Moscow hostages', BBC News, October 27, 2002
  30. 30,0 30,1 Families claim death toll from gas in Moscow siege kept secret, The Guardian, October 18, 2003
  31. At a scene of tragedy in Moscow, an act of hope, The Christian Science Monitor, February 10, 2003
  32. Hostage Drama In Moscow: Russia Responds, The New York Times, 29 October 2002
  33. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2018-11-27. Посетено на 2011-10-28.
  34. 140 die in theatre siege climax Архивирано на 25 мај 2008 г., CNN, 27 October 2002
  35. „www.strana.ru“. Архивирано од изворникот на 2005-09-13. Посетено на 2007. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  36. „nonkill.front.ru“. Архивирано од изворникот на 2007-05-13. Посетено на 2007. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  37. „www.pravdabeslana.ru“. Посетено на 2007. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  38. 38,0 38,1 „new.russian.net.ru“. Архивирано од изворникот на 2007-10-07. Посетено на 2007. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  39. Главврач Москвы: заложников убил газ, „NEWSru“, 27 октомври 2002 г.
  40. Газ, примененный на Дубровке, засекретили. Депутатам в информации отказали, „NEWSru“, 11 декември 2002 г.
  41. „www.memo.ru“. Архивирано од изворникот на 2012-02-03. Посетено на 2007. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)