Ана Политковскаја
| Ана Политковскаја Анна Политковская |
|
| Роден(а) | 30 август 1958 Њујорк, САД |
|---|---|
| Починал(а) | 7 октомври 2006 (возраст: 48 г.) Москва |
| Занимање | новинар, автор |
| Националност | руско и американско државјанство |
| Алма матер | Московски државен универзитет Ломоносов |
| Период | 1982–2006 |
| Тематика | Политика, Човекови права, слобода на медиумите |
| Значајни дела | Путинова Русија |
| Награди | Amnesty International Global Award for Human Rights Journalism 2001 |
Ана Степановна Политковскаја (30 август 1958 - 7 октомври 2006) е руска новинарка и заштитник на човековите права, позната по својата критична позиција кон политиката на рускиот претседател Владимир Путин, како и со своите воени репортажи од Чеченија и Северен Кавказ, кои раскажуваат како руските војници се однесувале со мирното население таму. На 7 октомври 2006 година таа била застрелана во лифтот пред станот во кој живела. Нејзиното убиство предизвикало силни реакции во целиот свет [1]. Според некои, тоа било по нарачка на руските власти.
Постхумно Ана Политковскаја е добитничка на престижната награда за слобода на печатот во светот „Гиљермо Кано“ за 2007 година, што ја доделува УНЕСКО. Наградата постхумно била доделена за првпат. Политковскаја е позната особено според извештаите за воените случувања во Чеченија, како колумнист на дневникот „Новаја Газета“, а нејзината работа била призната ширум светот. Помеѓу бројните награди што ги добила е и „Златно перо на Русија“ и специјалното признание на жирито на наградата „Андреј Сахаров“, „За жртвување на животот за новинарството“.
[уреди] Извори
- ↑ Published in Russia after her death on the Novaya gazeta website "Новая газета" Путинская Россия