Микел Хансен
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Роден(а) |
22 октомври 1987 Хелсингор, Данска | ||
Националност | Данец | ||
Спорт | Ракомет | ||
Висина | 1.92 м | ||
Тежина | 99 кг | ||
Позиција | лев бек | ||
Клупски податоци | |||
Тековен клуб | Алборг | ||
Број | 24 | ||
Младински клубови | |||
1997–2000 2000–2005 |
ИФ Хелсингор Вирум Соргенфри ХК | ||
Сениорски клубови | |||
2005–2008 2008–2010 2010–2012 2012–2022 2022– |
ГОГ Свендборг Барселона Копенхаген Париз Сен-Жермен Алборг | ||
Репрезентација | |||
2008– | Данска | 239 (1243)[1] | |
Микел Хансен (роден на 22 октомври 1987) — дански ракометар, кој моментално настапува за Алборг и данската репрезентација.
Тој се смета за еден од најдобрите ракометари во историјата на ракометот и бил избран трипати за најдобар светски ракометар на годината од страна на Меѓународната ракометна федерација, во 2011[2], 2015[3] и 2018 година. Во 2019 година бил прогласен за најдобар ракометар во светот во традиционалниот избор на ракометниот портал „Планет хендбал“. Првото вакво признание тој го добил во 2016 година[4].
Со Данска, тој освоил три меѓународни титули: Европското првенство 2012, кога и бил избран во најдобриот тим на турнирот како најдобар лев бек.[5], Олимписките игри 2016 и Светското првенство 2019. Со Париз Сен-Жермен тој девет пати ја освоил титулата во француското првенство.
Биографија
[уреди | уреди извор]Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Микел Хансен е син на данскиот интернационалец Флеминг Хансен кој одиграл 120 натпревари и постигнал 240 голови за Данска, а учествувал и на Олимписките игри во 1984 година[6].
Микел Хансен со ракомет започнал да се занимава во 1997 година во родниот град во Хелсингер[7] пред да се приклучи на Вирум-Соргенфир ХК9 во 2000 година. Во 2005 година, тој го потпишал првиот професионален договор со ГОГ Свендборг, и за првпат започнал со учества во европските натпреварувања во својата прва сезона на Купот на ЕХФ 2005-2006, каде постигнал четири голови[8]. Следните две сезони, тој настапувал за данскиот клуб во Лигата на шампионите, постигнувајќи 13 и 49 голови во 2006-2007 и 2007-2008 година. Во оваа последна сезона, данскиот клуб завршил на второто место во својата група во главната фаза, заостанувајќи еден бод зад шпанскиот клуб РК Барселона.
Во 2008 година, Хансен потпишал за РК Барселона. За својата прва сезона во Каталонија, тој постигнал 43 гола во Лигата на шампионите. Барселона се пласирала на третото место во својата група во последната фаза а пред неа завршиле идните финалисти, германскиот клуб ТХВ Кил и шпанскиот клуб БМ Сиудад Реал. Тој ја освоил првата титула во Шпанија во Кралскиот куп и завршил на второто место во првенството. Во текот на следната сезона, Барселона сукцесивно го елиминирала РК Загреб а потоа и Веспрем, стигнувајќи до полуфиналето од Лигата на шампионите. Во полуфиналето шпанскиот клуб го елиминирал Чеховские Медведи со резултат од 34-27, а Хансен дал два гола. Во финалето Барселона се соочила со ТХВ Кил. Германскиот клуб го доби натпреварот со 36:34. Во текот на целото натпреварување, тој постигнал 52 голови, рангирајќи го 32-то место на стрелци[9]. Тој освоил два трофеи во Шпанија, Кралскиот куп и шпанскиот Суперкуп[10], но како и претходната сезона, БМ Сиудад Реал ја освоил титулата шампион. Хансен на крајот не успеал да ја освои шпанската лига и Барселона решила да не го задржи играчот во своите редови.
Во 2010 година, Хансен се врати во татковината и потпишал за РК Копенхаген, амбициозен клуб на европската сцена што формирал проект за здружување на најдобрите скандинавски ракометари, благодарение на финансискиот придонес на покровителот, Јеспер „Каси“ Нилсен. Во првата сезона клубот ја освоил двојната круна во Данска. Оваа прва титула шампион му дозволил на клубот да учествува во Лигата на шампионите, каде клубот завршил на третото место на крајот на финалната четворка во Келн (Ланксес Арена), а Хансен станал најдобар стрелец на турнирот со 98 гола[11]. Поединечно, Хансен бил избран за најдобар ракометар на 2011 година од страна на Меѓународната ракометна федерација. Сепак, скандинавскиот клуб во летото 2012 година банкротирал, а Хансен морал да побара нов клуб.
Потоа, тој избрал да учествува во проектот Париз Сен-Жермен, кој, како и Копенхаген, сакал да доминира во Европа благодарение на значаен финансиски придонес, овој пат преку катарско инвестициско тело. И покрај многу доведени играчи (Лик Абало, Самуел Хонрубија, Марко Коплар ...), екипата била формирана многу брзо под водство на Филип Гардент и Париз ја освоил титулата шампион на Франција во 2013 година, но во финалето од Купот на Франција бил поразен.
За сезоната 2013-2014, екипата била засилена особено од Даниел Нарсис, Игор Вори и Габор Часар, и изградена за да доминира во Франција и Европа. Но резултатите не дошле според очекуваното поради кое ПСЖ не го освоил купот, додека во Лигата на шампионите, клубот претрпел три порази вклучувајќи еден од 10 гола од РК Барселона.
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Микел Хансен својот прв настап за Данска го имал во 2007 година, како дел од играчите кои се натпреварувале на Олимписките игри во Пекинг. Во третиот натпревар од прелиминарната фаза против Русија на Олимписките игри[12], додека Данска одиграла претходно нерешено против Египет и загубила од Јужна Кореја, резултатот бил 24-24 во 60-та минута[13], со последно слободно фрлање што требало да се изведе: Хансен успеал да ја измами одбраната и да го постигне победоносниот гол, победа која била пресудна за остатокот од натпреварувањето во Данска. Хансен и Данска го завршиле турнирот во четвртфиналниот натпревар со пораз 26-24 од Хрватска.
Во 2010 година Данска учествувала на Европското првенство кое се одржало во Австрија. Повторно Хрватска била пречката која им оневозможила на Данците да се качат на високите места на првенството, благодарение на победата од 27-23. Данска го освоила петтото место на турнирот, совладувајќи ја Шпанија со 34-27. Со 34 постигнати голови, Хансен го завршил турнирот како најдобар дански стрелец и десетти во генералниот пласман[14].
За време на Светското првенство во 2011 година, тој бил еден од основните елементи во својата селекција, која победила во сите свои натпревари пред да стигне до финалето каде се соочила против Франција. Во полуфиналето против Шпанија победила со резултат од 28 на 24[15], а Микел Хансен бил пресуден во постигнувањето на девет гола. Во финалето и покрај десетте погодоци што ги постигнал, Данска била поразена по дополнителното време, а Франција го освоила своето четврто поголемо натпреварување едноподруго со победа од 37:35[16]. Хансен бил прогласен за најдобар лев бек од најдобр стрелец со 68 погодоци[17].
На Европското првенство во 2012 година, Данска успеала да се пласира во полуфиналето, и конечно да ја освои титулата, откако стигнала до последното коло со нула бодови, откако имала два порази во првото коло против Србија и Полска. Во финалето, Данска се соочила со својот противник од првото коло, Србија, која иако ја имала предноста поради домашниот терен, била поразена со резултат од 21:19[18]. Хансен во ова финале постигнал девет гола, вклучувајќи шест во втората половина. Во текот на целото натпреварување, тој постигнал 45 голови со стапка на успех од 50,6%[19]. Тој бил прогласен и за најдобар лев бек на турнирот[20]. На Олимписките игри во Лондон Данска била меѓу фаворитите, но повторно загубила во четвртфиналето, овој пат против Шведска.
Следното натпреварување, Светското првенство во 2013 година, поминало совршено за Хансен и Данците кои стигнале до финалето релативно лесно и си понудиле втора шанса да ја освојат својата прва титула светски шампион како и пред две години кога биле совладани од Франција. Пред финалето, иако нивниот противник Шпанија играл на домашен терен, Данска била поголем фаворит за освојување на титулата. Сепак, Хансен и неговите соиграчи биле целосно отсутни и одиграле катастрофално: Данска била поразена со резултат од 19:35. Микел Хансен бил избран повторно за најдобар играч на турнирот.
Пред долгоочекуваниот Европско првенство во 2014 година што се одржал на домашен терен, Данска се чини дека се опоравила од ова понижување и ги освоила првите две фази од Златната лига 2013-2014 година, победувајќи особено двапати против Франција[21]. На првенството, прелиминарната и главната рунда поминала без проблеми и Данска се квалификувала во полуфиналето како непоразена репрезентација, благодарение особено на Хансен и Никлас Ландин кои и двајцата биле избрани во стандардниот тим на турнирот[22]. Во полуфиналето, Хрватите дале голем отпор, но Данска се квалификувала за долгоочекуваното финале. Како една година порано, фаворит за освојување на титулата била кај Данците, бидејќи играле на домашен терен, пред 14.000 гледачи. Другиот финалист била Франција. Но со почетокот на натпреварот надежите полека започнале да се губат. Во 15 минута Франција водела со 11:4, а на полувремето со 23:16. Иако Хансен играл солидно, постигнувајќи 9 голови, Франција и го нанела вториот тежок пораз на Данска победувајќи ја со резултат од 32:41.
На Светското првенство во 2015 година кое се одржало во Катар, Данска завршила на 5-тото место, а на Европското првенство во 2016 година во Полска, Данска завршила на 6-тото место. На Летните олимписки игри 2016, Данска ја освоила првата олимписка ракометна титула. Микел Хансен бил пресуден, особено постигнувајќи 8 гола во финалето против Франција. Микел Хансен постигнал 54 голови. На Светското првенство во 2017година кое се одржало во Франција, Данска завршила на 10-тото место, а на Европското првенство во 2018 година во Хрватска, Данска завршила на 4-тото место.
На Светското првенство во 2019година кое се одржало во Германија и Данска, Данска го освоила златниот медал, а Микел Хансен со 72 гола бил прогласен за најдобар стрелец.
Награди
[уреди | уреди извор]- 11-то место на Европското првенство 2012 во Србија
- 1-во место на Европското првенство 2014 во Данска
- 5-то место на Европското првенство 2014 во Полска
- 5-то место на Европското првенство 2018 во Хрватска
- 2-ро место на Светското првенство 2011 во Шведска
- 6-то место на Светското првенство 2013 во Шпанија
- 1-во место на Светското првенство 2015 во Катар
- 1-во место на Светското првенство 2017 во Франција
- 1-во место на Светското првенство 2019 во Данска и Германија
- 1-во место на Олимпијадата во 2008 во Пекинг
- 1-во место на Олимпијадата во 2012 во Линдон
- 2-ро место на Олимпијадата во 2016 во Рио
Во клубот
[уреди | уреди извор]- Лига на шампиони: финалист во 2010 (со Барселона) и 2017 (со Париз Сен-Жермен)
- 3-то место во 2012 (со РК Копенхаген), 2016 и 2018 (со Париз Сен-Жермен)
- финалист на Светско клупско првенство во 2016
- Национални натпревари
- Победник на Првенството на Данска (3) во 2007 (со ГОГ Свендборг), 2011 и 2012 (со РК Копенхаген)
- Победник на Купот на Данска (3) во 2006 (со ГОГ Свендборг) , 2011 и 2012 (со РК Копенхаген)
- Победник во Купот на кралот (1) во 2010
- Победник на АСОБАЛ Купот (1) во 2010
- Победник на Шпанскиот суперкуп (2) во 2009 и 2010
- Победник на Француското првенство (9) во 2013, 2015, 2016, 2017, 2018, 2019,2020, 2021, 2022
- Победник во Купот на Франција (5) во 2014, 2015, 2018, 2021, 2022
- Победник на Лига купот (3) во 2017, 2018, 2019
- Финалист во 2016
- Победник на Трофејот на шампиони (3) во 2014, 2015, 2016
Поединечни
[уреди | уреди извор]- Избран за најдобар ракометар на годината (3) 2011, 2015, 2018
- Најдобар ракометар на сезоната во Данска (6): 2008-2009, 2010-2011, 2011-2012, 2014-2015[23], 2015-2016[24] и 2016-2017
- Избран за најдобар играч (МВП) на Олимписките игри (1): 2016 година[25]
- Избран за најдобар играч (МВП) на Светските првенства (3): 2013, 2019 и 2021 година
- Избран за најдобар лев бек на Светските првенства (2): 2011, 2021
- Избран за најдобар лев бек на Европските првенства (4): 2012, 2014 и 2018, 2022 година
- Избран за најдобар лев бек на Олимписките игри (2): 2016 и 2020 година
- Најдобар стрелец на Светските првенства (2): 2011 и 2019 година
- Избран во стандардниот тим на Лигата на шампионите (4): 2014, 2015, 2017 и 2019 година[26]
- Избран за најдобар играч во француското првенство (2): 2015[27][28], 2016 година[29][30]
- Избран за најдобар лев бек во француското првенство (4): 2015, 2016, 2017 и 2019 година
- Најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите во една сезона со 141 постигнати голови во сезоната 2015-2016
- Најдобар стрелец во Лигата на шампионите (2): 2012 година (98 гола, со Копенхаген) и 2016 година (141 погодок) со Париз)
- Најдобар стрелец во француското првенство (2): 2015 и 2016 година
Статистика
[уреди | уреди извор]Сезона | Клуб | Првенство | Куп на франција | Лига Куп | супер Куп | Лига на шампиони | Светски Куп | Вкупно | |||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Натпревари | Голови | од игра | од 7 метри | Натпревари | Голови | од игра | од 7 метри | Натпревари | Голови | од игра | од 7 метри | Натпревари | Голови | од игра | од 7 метри | Натпревари | Голови | од игра | од 7 метри | Натпревари | Голови | од игра | од 7 метри | Натпревари | Голови | од игра | од 7 метри | ||
2012-2013 | Франција ПСЖ | 20 | 103 | 103 | 0 | 1 | 3 | 3 | 0 | Н/П | Н/П | Н/П | 21 | 106 | |||||||||||||||
2013-2014 | 23 | 103 | 102 | 1 | 2 | 13 | 12 | 1 | Н/П | 13 | 56 | Н/П | 25 | 172 | |||||||||||||||
2014-2015 | 26 | 203 | 136 | 67 | 1 | 6 | 5 | 1 | 2 | 13 | 7 | 6 | 14 | 103 | Н/П | 29 | 325 | ||||||||||||
2015-2016 | 25 | 228 | 117 | 111 | 3 | 30 | 19 | 11 | 2 | 20 | 8 | 12 | 18 | 141 | Non qualifié | 30 | 419 | ||||||||||||
2016-2017 | 26 | 104 | 83 | 21 | 4 | 21 | 19 | 2 | 2 | 11 | 8 | 3 | 19 | 99 | 3 | 7 | 32 | 235 | |||||||||||
2017-2018 | 17 | 95 | 50 | 45 | 4 | 24 | 14 | 10 | 2 | 3 | 2 | 1 | 11 | 33 | Н/П | 34 | 155 | ||||||||||||
Вкупно | 137 | 836 | 591 | 245 | 15 | 97 | 72 | 25 | 8 | 47 | 25 | 22 | 75 | 432 | 3 | 7 | 238 | 1419 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „HERRE A-LANDSHOLDSPILLERE MIKKEL HANSEN“. haslund.
- ↑ „Heidi Løke and Mikkel Hansen World Handball Players of the Year 2011“. IHF. 1 March 2012. Посетено на 1 March 2012.
- ↑ Hansen et Neagu sacrés MVP 2015
- ↑ Микел Хансен е најдобар ракометар во светот за 2019 година
- ↑ „All Star Team announced“. EHF EURO official website. 29 January 2012. Посетено на 1 February 2012.
- ↑ „(en) Profil olympique de Flemming Hansen [archive] sur sports-reference.com [archive]“. Архивирано од изворникот на 2010-02-01. Посетено на 2019-12-28.
- ↑ „Mikkel Hansen går målamok: Se hans otte slangehug mod Kiel“. 22 март 2017. Посетено на 2019-12-28.
- ↑ „Profil européen de Mikkel Hansen“. 22 март 2014.
- ↑ „Ligue des champions 2009-2010 - 50 meilleurs buteurs“. 22 март 2014.
- ↑ „Profil de Mikkel Hansen au FC Barcelone“. www.fcbarcelona.com. 22 март 2014. Архивирано од изворникот на 2012-12-09.
- ↑ „Ligue des champions 2011-2012 - 50 meilleurs buteurs“. www.ehfcl.com (англиски). 22 март 2014.
- ↑ „Profil olympique de Mikkel Hansen“. www.sports-reference.com. 22 март 2014. Архивирано од изворникот на 2012-10-25.
- ↑ „JO 2008 - Analyse vidéo du but sur jet franc direct de Mikkel Hansen“. www.youtube.com. 22 ноември 2014.
- ↑ „Euro 2010 - 40 meilleurs buteurs“. www.ehf-euro.com. 22 март 2014.
- ↑ „Mondial 2011 - Le Danemark rejoint la France“. www.handzone.net. 22 март 2014.
- ↑ „Mondial 2011 - Équipe-type de la compétition“. www.ihf.info. 30 јануари 2011. Архивирано од изворникот на 2019-01-16. Посетено на 22 март 2014.
- ↑ „Mondial 2011 - Meilleurs buteurs“ (PDF). www.ihf.info. 26 јануари 2011. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-10-02. Посетено на 22 март 2014.
- ↑ „Euro 2012 - Le Danemark, nouveau roi“. lequipe.fr. 29 јануари 2012. Посетено на 6 февруари 2012.
- ↑ „Euro 2012 - 40 meilleurs buteurs“. www.ehf-euro.com. 22 март 2014.
- ↑ „Euro 2012 - Équipe-type de la compétition“. www.ehf-euro.com. 29 јануари 2012.
- ↑ „Mondial 2013 - Le Danemark s'offre une deuxième chance“. www.handzone.net. 25 јануари 2013. Посетено на 22 март 2014.
- ↑ „Mondial 2013 - Équipe-type de la compétition“. www.ihf.info. 27 јануари 2013. Посетено на 22 март 2014.
- ↑ „Mikkel Hansen "Årets Landsholdsspiller"“ (дански). www.dhf.dk. 14 јуни 2015. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 27 јули 2015.
- ↑ „Mikkel Hansen Årets Mandlige Håndboldspiller 2015“ (дански). www.dhf.dk. 9 јуни 2016. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 9 јуни 2016.
- ↑ „Men's All-star Team“ (англиски). www.hf.info.com. 21 август 2016. Архивирано од изворникот на 2019-01-03. Посетено на 21 август 2016.
- ↑ „LDC 2013-14 - Équipe-type de la compétition“ (англиски). www.ehfcl.com. 30 мај 2014. Посетено на 8 ноември 2014.
- ↑ „Trophées LNH du handball“. www.lnh.fr. 5 јуни 2015. Архивирано од изворникот на 2016-04-17. Посетено на 5 јуни 2015.
- ↑ „Trophées LNH: Mikkel Hansen seul contre Montpellier“. www.handzone.net. 5 јуни 2015. Посетено на 5 јуни 2015.
- ↑ „Et les lauréats des Trophées LNH 2016 sont...“. www.lnh.fr. 3 јуни 2016. Архивирано од изворникот на 2016-08-04. Посетено на 6 јуни 2016.
- ↑ „Les lauréats des Trophées LNH“. www.handnews.fr. 4 јуни 2016. Посетено на 6 јуни 2016.
Награди | ||
---|---|---|
Претходник Филип Јиха |
ИХФ Играч на годината – Мажи 2011 |
Наследник Даниел Нарсис |
|