Лик Абало

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лик Абало
Лик Абало во 2013 година
Лични податоци
Роден(а) 6 септември 1984(1984-09-06)(39 г.)
Иври на Сена, Франција
Националност Французин
Спорт Ракомет
Висина 1.82 m
Позиција десно крило
Клупски податоци
Тековен клуб Париз Сен-Жермен
Број 19

Лик Абало (француски: Luc Abalo; роден на 6 септември 1984 година во Иври на Сена) — француски ракометар кој игра на позиција десно крило а понекогаш и како десен бек. Абало како дел од ракометната репрезентација на Франција[1] има освоено три европски титули (2006, 2010, 2014[2]), три светски титули (2009, 2011 и 2017) и два олимписки златни медали (2008[3], 2012). Од 2012 година настапува за екипата на Париз Сен-Жермен, со кој шест пати ја има освоено Француската ракометна лига. Тој бил прогласен за француски играч на годината во 2007 година, и за најдобро десно крило на лигата во 2005, 2006 и 2007 година. Во 2008 година ја примил наградата Легија на честа[4][5].

Абало е графички уметник. На барање на Францускиот олимписки комитет, тој дизајнирал мрежна лента за популаризација на кандидатурата на Париз за Летните олимписки игри во 2024 година. Околу 1,5 милиони примероци биле продадени во септември 2015 година[4][6].

Животопис[уреди | уреди извор]

Родителите на Абало се со потекло од Того. Својата кариера ја започнал во младинските школи на Иври. Својот прв професионален договор го имал со клубот Иври на Сена, каде уште од најрани години играл на позицијата крилен десен бек, и каде се задржал до 2008 година. Иако е релативно низок за ракомет (со всина од 1,82 м), Абало е еден од најдобрите ракометни десни бекови, бидејќи се одликува со својата брзина и одлучност. На оваа позиција во репрезентацијата успешно го наследил ракометарот на Монпелје, Грегори Анкетил.

Така, тој станал носител на крилната позиција во рамките на францускиот тим за време на Европското првенство во 2006 година, турнир во кој за првпат во својата кариера го освоил златниот медал.

Во РК Иври на Сена играл 12 сезони и во текот на овој период станал шампион на Франција во 2007 година. Во 2008 година, тој бил продаден на Сиудад Реал, последен победник во Лигата на шампиони, каде настапувал и неговиот сонародник Дидје Динар. Тој пристигнал во Шпанија по освоената прва олимписка титула во Пекинг во 2008 година. Оваа титула дополнително била потврдена пет месеци подоцна кога Франција станала светски шампион во Хрватска во 2009 година.

Во играта на Сиудад Реал Абало внел живост во играта која не постоела на оваа позиција и значајно преземање ризик. По крајот на првата сезона, Абало со Сиудад станал шампион на Шпанија и ја освоил Лигата на шампионите. За време на своите четири сезони поминати во Сиудад Реал, кој станал БМ Атлетико Мадрид во 2011 година, Абало ја освоил титулата шампион на Шпанија и во 2010 година, но во следните две сезони останал на второто место бидејќи последователно РК Барселона ја освојувала шпанската лига. Во сезоните 2011 и 2012, Сиудад Реал стигнувал во завршниот турнир од Лигата на шампионите. Освен тоа, сошпанскиот тим освоил два кралски купа, Купот АСОБАЛ, шпанскиот Суперкуп, Европскиот супер куп и две клупски првенства.

Во 2012 година, посакувајќи да биде поблизу до неговото семејство кое живеело во регионот на Париз, Лук Абало потпишал четиригодишен договор со Париз Сен-Жермен, во сезоната кога во клубот дошол нов сопственик, Qatar Investment Authority. На 14 октомври 2012 година, за време на неговиот прв натпревар против Рен, тој постигнал 8 голови од 11 обиди, освојувајќи ја наградата најдобар стрелец на натпреварот.

На крајот на сезоната Абало ја освоил својата втора титула шампион на Франција, но во финалето на Купот на Франција во 2013 година ПСЖ бил поразен од Монпелје.

Во 2019 година ја освоил својата седма титула шампион на Франција, шеста со ПСЖ.

Титули[уреди | уреди извор]

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Меѓународни награди
Година Натпреварување Земја Резултат Натпревари
2006 Европско првенство
 Швајцарија
8 (23)
2007 Светско првенство
 Германија
4
??
2008 Европско првенство
 Норвешка
??
Олимписки игри
 Кина
8 (29)
2009 Светско првенство
 Хрватска
10 (47)
2010 Европско првенство
 Австрија
8 (30)
2011 Светско првенство
 Шведска
10 (33)
2012 Европско првенство
 Србија
11
? (?)
Олимписки игри
 Обединето Кралство
8 (23)
2013 Светско првенство
 Шпанија
6
7 (24)
2014 Европско првенство
 Данска
8 (31)
2015 Светско првенство
 Катар
отсутен поради повреда
2016 Европско првенство
 Полска
5
6 (24)
Олимписки игри
 Бразил
8 (21)
2017 Светско првенство
 Франција
9 (12)
2018 Европско првенство
 Хрватска
8 (20)
2019 Светско првенство
 Франција
10 (20)

Клуб[уреди | уреди извор]

Меѓународни натпреварувања
Домашни натпреварувања

Лични признанија[уреди | уреди извор]

  • 2008: Орден на легијата на честа[7]
  • 2013: Орден на националниот поредок за заслуги[8]
  • ЕХФ награда (почесна награда доделена на играчи кои освоиле титули и во репрезентацијата и во клубот)
  • Прогласен за најдобар играч во француското првенство (1): 2007 година[9]
  • Прогласен за најдобро десно крило во француското првенство (3): 2005, 2006 и 20081 година
  • Прогласен за најдобар десен крилен напаѓач во француското првенство (2): 2007, 2013 година
  • Прогласен за најдобар десен крилен напаѓач во Шпанското првенство (4): 2009, 2010, 2011, 2012 година
  • Номиниран за титула најдобар играч на светот 2011 година[10]
  • Прогласен за најдобар десен крилен играч на Европското првенство (2): 2010 и 2014 година
  • Прогласен за најдобар десен крилен играч во Лигата на шампионите 2013-2014

Статистика[уреди | уреди извор]

  • Податоците се однесуваат само натпреварите во европските турнири
Клуб Сезона Лига Натпревари Голови
РК Иври на Сена
 Франција
2001-2002 ЕХФ Куп / /
2004-2005 КПК / /
2005-2006 ЕХФ Куп / 1
2006-2007 КПК / 14
2007-2008 Лига на шампиони / 74
РК Сиудад Реал
 Шпанија
2008-2009 Лига на шампиони / 58
2009-2010 Лига на шампиони / 53
2010-2011 Лига на шампиони / 47
2011-2012 Лига на шампиони / 25
РК Париз Сен-Жермен
 Франција
2013-2014 Лига на шампиони / 48
2014-2015 Лига на шампиони / 20
2015-2016 Лига на шампиони / 57
2016-2017 Лига на шампиони / 54
2017-2018 Лига на шампиони / 32
2018-2019 Лига на шампиони / 44
2019-2020 Лига на шампиони / 19
  • Податоците се однесуваат на натпреварите во ПСЖ
Статистика
Сезона Клуб Првенство Куп Суперкуп Лига на шампиони Вкупно
Натпревари Голови од игра од 7 метри Натпревари Голови од игра од 7 метри Натпревари Голови од игра од 7 метри Натпревари Голови од игра од 7 метри Натпревари Голови од игра од 7 метри
2012-2013  Франција Париз Сен-Жермен 26 118 1 7 - - - - - - - -
2013-2014 19 49 2 7 - - - - 13 48
2014-2015 18 61 - - - - 2 5 9 20
2015-2016 23 71 3 11 - 17 57
2016-2017 23 66 3 13 - 19 54
2017-2018 15 42 3 11 2 2 9 23
Вкупно 124 407 12 49 4 7 67 202 207 665

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. EHF profile[мртва врска]
  2. „XI European Championship 2014. Team Roster, France“ (PDF). EHF. Посетено на 27 декември 2019.
  3. http://www.sports-reference.com/olympics/athletes/ab/luc-abalo-1.html Архивирано на 25 јануари 2011 г. Sports References
  4. 4,0 4,1 Luc Abalo. nbcolympics.com
  5. Luc Abalo Архивирано на 17 април 2020 г.. Sports References
  6. Jean-François Fournel (2 September 2015) Le handballeur Luc Abalo a créé le symbole de « Paris JO 2024 ». la-croix.com
  7. www.legifrance.gouv.fr
  8. www.legifrance.gouv.fr
  9. www.handzone.net
  10. www.ehf-euro.com