Хелсингер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хелсингер
Елсиноре
Замок Кронборг
Хелсингер се наоѓа во Данска
Хелсингер
Локација во Данска
Координати: 56°02′ СГШ 12°37′ ИГД / 
Држава Данска
Регион Престолнински регион
Управа
 • Градоначалник Јоханес Хехт-Нилсен
Население (2012-01-01)
 • Вкупно 46.300 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+1)
Портал www.helsingorkommune.dk

Хелсингер е значаен град во Данска, поточно во источниот дел на државата. Градот се наоѓа во рамките на Престолнинскиот регион, каде со околните населени места претставува општина, Општина Хелсингер. Денес Хелсингер има 46.300 жители (од 1 Јануари 2012)[1] во градот и околу 61.000 во поширокото градско подрачје. Хелсингер е познат и по замокот Кронборг, кој бил место на дејството во трагедијата на Вилијам Шекспир, „Хамлет“.

Природни усллови[уреди]

Хелсингер се наоѓа во крајниот источен дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, градот е оддалечен само 45 километри западно. Хелсингер истовремено претставува точка во Данска, која е најблиска до Шведска и Скандинавскиот Полуостров. Спроти Хелсингер се наоѓа шведскиот град Хелсинборг, оддалечен само 4 км преку морето.

'Релјеф: Градот Хелсингер сенаоѓа во крајната североисточна точка на данскиот остров Зеланд. Градското подрачје е типично за дански услои. Надморската височина на средиштето на градот се движи измеѓу 0 и 50 метри.

Клима: Климата во Хелсингер е претежно умерено-континентална под големо влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.

Води: Хелсингер се формирал на место каде почнува Ересундскиот премин од страна на Категат. На даденото место пролазот е најтесен, односно тука островот Зеланд е најблизок до Шведска и Скандинавскиот Полуостров.

Историја[уреди]

Подрачјето Хелсингер било населено уште во времето на праисторијата. Денешното население прв пат се споменува во 1321 година, а во 1420 година на местото бил подигнат замок, кој бил главна причина за оживување и развивање на населбата. Затоа населбата во 17 век ги добила градските права.

И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања.

Населени[уреди]

Денес Хелсингер има 46.300 жители во градските граници и околу 61.000 со околните населени места.

Етнички состав Населението на Хелсингер до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.

Стопанство[уреди]

Хелсингер денес првенствено се потпира на терцијалниот стопански сектор, трговија, услуги и туризам.

Културни знаменитоси на градот[уреди]

Градот Хелсингер е значајно туристичко одредиште, пред се благодарејќи на замокот Кронборг, кој место на дејството во трагедијата на Шекспир, „Хамлет“.

  • Дворец Кронборг (15. век, дограден во 16. век)
  • Црква Св. Марија (1430.)
  • Црква Св. Олаф (1559.)

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. BEF44: Population 1st January, by urban areas податоци од Данската статистика

Надворешни врски[уреди]