Кралска академија на науките (Шведска)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кралска академија на науките
Kungliga Vetenskapsakademien
Гесло att främja vetenskaperna och stärka deras inflytande i samhället
(да се поттикнат науките и да се зајакне нивното влијание во општеството)
Основана 2 јуни 1739
Седиште Стокхолм, Шведска
Членство 1600 академици
175 странски членови
Претседател Сванте Линдквист
Постојан секретар Стафан Нормарк
Мреж. место www.kva.se
Зградата на Кралската академија на науките во Стокхолм

Кралската академија на науките (швед. Kungliga Vetenskapsakademien, KVA) е една од кралските академии во Шведска. Ова е независна и невладина научна организација со задача да ги поттикнува и поддржува науките, пред сè природните науки и математиката.

Академијата е основана на 2 јуни 1739 од славниот природонаучник Карл Линеј, меркантилистот Јонас Алстремер, конструкторот Мортен Тривалд, чиновниците Стен Карл Билке и Карл Вилхелм Кедерхилм и политичарот Андерс Јохан фон Хепкен.[1]

Академијата има за цел да посветува особено внимание на полезните сознанија и да објавува на шведски јазик за да ги распространи најзините наоди што пошироко меѓу населението. Создадена е со поинаква замисла од постарото Кралско научно друштво во Упсала (основано 1719), кое објавувало на латински јазик. Академијата е намерно сместена во центарот на градот, кадешто биле најзастапени стопанските активности. Како пример послужиле Кралското друштво во Лондон и Кралската академија на науките во Париз.

Во рамките на установата постојат комитети за доделување на меѓународни награди:

и државни награди:[7]

Пишани изданија[уреди]

Kongl. Svenska Vetenskaps-Academiens handlingar, том XI (1750).

Ова се тековните научни списанија на академијата:

  • Ambio (1972-)
  • Acta Mathematica (1882-)
  • Arkiv för matematik (1949-; од 1903 до 1949 под друг наслов, каде се опфаќале и физиката и астрономијата)
  • Acta Zoologica (1920-)
  • Levnadsteckningar över Vetenskapsakademiens ledamöter (1869-) - биографии на починати академици
  • Physica Scripta (1970-) - заедно со Норвешката академија на науките и книжевноста
  • Porträttmatrikel (1971-) - портрети на тековни членови
  • Zoologica Scripta (1972-) - заедно со Норвешка академија на науките и книжевноста
  • ETAI (1997-)

Поврзано[уреди]

Пресконференција во салата за седници на академијата

Наводи[уреди]

  1. „History“. The Royal Swedish Academy of Sciences. http://www.kva.se/en/About-the-academy/History/. конс. 18 октомври 2009. 
  2. „Нобелови награди“. Кралска академија на науките. http://www.kva.se/en/Prizes/Nobelprises/. конс. 18 октомври 2009.  (англиски)
  3. „Нобелова награда за економски науки“. Кралска академија на науките. http://www.kva.se/en/Prizes/Prize-in-Economic-Sciences/. конс. 18 октомври 2009.  (англиски)
  4. „Крафордова награда“. Кралска академија на науките. http://www.kva.se/en/Prizes/Crafoord-Prize/. конс. 18 октомври 2009.  (англиски)
  5. „Ролф Шокови награди“. Кралска академија на науките. http://www.kva.se/en/Prizes/Rolf-Shock-prisen/. конс. 18 октомври 2009.  (англиски)
  6. „Награда „Грегори Арминоф““. Кралска академија на науките. http://www.kva.se/en/Prizes/Gregori-Aminoff-Prize/. конс. 18 октомври 2009.  (англиски)
  7. „Национални награди“. Кралска академија на науките. http://www.kva.se/KVA_Root/eng/awards/national/index.asp?br=ns&ver=6up. конс. 18 октомври 2007.  (англиски)

Надворешни врски[уреди]