Кралско научно друштво во Упсала

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Детаљ од зградата на друштвото во Упсала

Кралското научно друштво во Упсала (швед. Kungliga Vetenskaps-Societeten i Uppsala) е најстарата кралска академија во Шведска. Има 50 академици и 100 странски членови.

Меѓу првите истакнати членови на друштвото се вбројуваат изумителот Емануел Сведенборг и научникот Андерс Целзиус.

Содржина

[уреди] Историски преглед

Академијата е основана во 1710 во градот Упсала на иницијатива на универзитетскиот библиотекар Ерик Бенцелиус Помладиот (подоцна архиепископ на Упсала) под името Collegium curiosorum.[1] Во 1719 името се менува во Societas Literaria Sueciae, а во 1728, со добивањето на кралска поделба, академијата станува Societas regia literaria et scientarium. Од средината на XVIII век установата е позната како Societas regia scientarum upsaliensis. Сè до 1863 сите изданија на академијата биле на латински јазик.[2]

[уреди] Состав

Академијата има 130 шведски и 100 странски академици, кои се делат на четири „класи“[3]: „математичко-физичка“, „природонаучно-медицинска“, „историско-археолошка“ и „техничко-економска".[4] Со класите раководи управниот президиум, кој е составен од претседателот, потпретседателот, секретарот, потсекретарот и благајникот: кралот на Шведска е почесен претседател на академијата.[4]

[уреди] Награди

Еве краток опис на наградите што ги доделува академијата (од Royal Society of Sciences in Uppsala (2010))

[уреди] Линеева награда

Ова е најстарата награда на академијата. Го носи името на истакнатиот биолог Карл Лине. Фондот е воспоставен со средства од неговата сопруга Сара во 1803.

[уреди] Целзиусов медал

Ова е најпрестижната награда на академијата. Воведена е во 1961 и го носи името на научникот Андерс Целзиус. Се доделува на научни работници од полето на математиката и физиката. Добитникод го одбира математичко-физичката класа на академици.

[уреди] Бергстедова награда

Бергстедовата награда е воведена во 1827 со финансии од државниот секретар Ерик Бергстет.

[уреди] Таленова награда

Наградата е воведена во 1902 и го носи името на професорот-физичар Роберт Тален.

[уреди] Туреусова награда

Туреусовата награда е воведена во 1971 со средства подарени од Лили и Свен Туреус. Првично е замислена како еднократна награда, но денес се доделува секоја година по одлука на една од четирите класи во академијата.

[уреди] Бенцелиусова стипендија

Ова е награда наречена во чест на основачот на академијата Ерик Бенцелиус Помладиот. Воведена е во 1980 и црпи од сопствените средства на академијата. Наменета е за млади научни истражувачи.

[уреди] Поврзано

[уреди] Белешки

  1. од латински; буквално: „Колегиум на љубопитните“.
  2. Повеќе информации во наводите Rosén & Westrin 1893, стр. 770–773 и Westrin 1921, стр. 118–121.
  3. Овој поим се користи како синоним за одделение. Ова е вообичаен поим кај академиите.
  4. 4,0 4,1 Погл. Royal Society of Sciences in Uppsala (2010) „рубрика организација“ на мрежното место.

[уреди] Наводи

[уреди] Надворешни врски


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици