Зенфтенберг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Зенфтенберг

Senftenberg/Zły Komorow

Грб на Зенфтенберг
Зенфтенберг се наоѓа во Германија
Зенфтенберг
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Горен Шпревалд-Лужица
Градоначалник Андреас Фредрих (SPD)
Основни податоци
Површина 126,94 км2
Надм. височина 102 м
Население 25.061 (31 декември 2012)[1]
 - Густина 197 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OSL
Пошт. бр. 01968
Повик. бр. 03573
Портал www.senftenberg.de
Местоположбата на градот Зенфтенберг во рамките на округот Горен Шпревалд-Лужица
Карта
Координати 51°31′00″ СГШ 14°01′00″ ИГД / 

Зенфтенберг (германски: Senftenberg, лужички: Zły Komorow) е град во јужен Бранденбург, Германија, административно седиште на округот Горен Шпревалд-Лужица.

Географија[уреди]

Зенфтенберг се наоѓа во југозападниот дел на историската област Долна Лужица на границата со Саксонија. Неговиот центар се наоѓа северно од реката Шварце Елстер и вештачкото Зенфтенбершко Езеро, дел од синџирот на лужички езера, околу 20 километри северозападно од Хојерсверда и 35 километри југозападно од Котбус.

На исток од градот се наоѓа големо железничко товарно депо.

Историја[уреди]

Зенфтенберг бил прв пат споменат во декрет од 1279 издаден од Хајнрих III, маркгроф на Мајсен. Со Долна Лужица, населбата била припоена кон Кралството Чешка во 1368. Изборниот кнез Фридрих II на Саксонија го припоил Зенфтенберг во 1448, кога областа како гранично упориште на династијата Ветин била одвоена од чешката Лужица, до 1635 кога сите лужички територии паднела под власта на Саксонија со мирот постигнат во Прага. Според Виенскиот конгрес во 1815 г., Долна Лужица била припоена од Прусија и администрирана во склоп на покраината Бранденбург.

Меѓународни односи[уреди]

Зенфтенберг е збратимен со:

Туризам[уреди]

Зенфтенбершкото Езеро е популарно одредиште за дневни излети и одмори. Во 1973, поранешниот отворен јагленокоп бил официјално отворен за јавноста. Денес, езерото е познато по исклучителниот квалитет на водата. Тоа е дел од т.н. Лужичка езерска област, група на 23 вештачки езера. Околу езерото постои велосипедска патека во должина од 18 километри, која е поврзана со голем број на регионални и национални велосипедски патеки.

Демографија[уреди]

По втората половина на 19 век, бројот на жители се зголемил поради работниците кои дошле да работат во јагленокопите во Зенфтенберг. По повторното обединување на Германија, многу жители се иселиле во западниот дел на Германија.

Движење на бројот на жители во Зенфтенберг од 1300 до 2008[2][3]
Година Жители Година Жители Година Жители Година Жители Година Жители Година Жители
1300 400 1858 1.517 1939 17.566 1989 31.580 1996 26.647 2003 29.474
1474 600 1867 1.638 1946 17.783 1990 29.622 1997 27.109 2004 29.136
1555 900 1875 2.847 1950 18.260 1991 28.840 1998 26.424 2005 28.774
1575 918 1890 5.134 1964 24.053 1992 28.470 1999 25.576 2006 28.071
1680 1.150 1910 13.742 1971 24.367 1993 28.123 2000 24.740 2007 27.515
1806 979 1925 17.472 1981 32.005 1994 27.637 2001 30.539 2008 27.417
1818 819 1933 17.803 1985 32.278 1995 27.336 2002 29.957    

Галерија[уреди]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Bevölkerung im Land Brandenburg nach amtsfreien Gemeinden, Ämtern und Gemeinden 31. Dezember 2012 (XLS-Datei; 83 KB) (Einwohnerzahlen auf Grundlage des Zensus 2011)“] (на германски). „Статистичка служба за Берлин и Бранденбург“. 31 декември 2011. https://www.statistik-berlin-brandenburg.de/Publikationen/OTab/2013/OT_A01-12-00_124_201212_BB.xls. 
  2. Werner Forkert: Senftenberger Rückblicke Interessantes aus der Senftenberger Geschichte. Herausgeber Buchhandlung „Glück Auf“, 2006. (за податоците пред 1875)
  3. Statistik Brandenburg: Податоци од 1875

Надворешни врски[уреди]