Либенау

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Либенау
Замок во Либенау
Замок во Либенау
Грб на Либенау
Либенау се наоѓа во Германија
Либенау
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Горен Шпревалд-Лужица
Градоначалник Хелмут Венцел (CDU)
Основни податоци
Површина 138,78 км2
Надм. височина 52 м
Население 16.276 (31 декември 2012)[1]
 - Густина 117 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OSL
Пошт. бр. 03222
Повик. бр. 03542
Портал www.luebbenau.de
Местоположбата на градот Либенау во рамките на округот Горен Шпревалд-Лужица
Карта
Координати 51°52′00″ СГШ 13°58′00″ ИГД / 

Либенау (германски: Lübbenau, долнолужички: Lubnjow) е град во округот Горен Шпревалд-Лужица, во Бранденбург, Германија. Се наоѓа во шумското подрачје Шпревалд, околу 82 километри југоисточно од Берлин.

Историја[уреди]

Туристички брод во канал низ Шпревалд во Либенау-Леде

Либенау бил прв пат споменат во документ во 1315, но се верува дека е многу постара населба поради ископувањата под замокот кои покажуваат населба од 8 или 9 век.

Од 1364 до 1635, Либенау бил дел од Кралството Бохемија и потоа до 1815 Либенау бил дел од изборното кнежество Саксонија. Од 1815 до 1918, Либенау припаѓал на Кралството Прусија.

Знаменитости[уреди]

Либенау нуди мноштво знаменитости. Почнувајќи од стариот дел од градот, посетителите можат да се возат со традиционални бродови или да го посетат замокот со убаво уреден парк. Постојат велосипедски патеки до соседните села, а бродските линии се омилени меѓу туристите. Историјата на градските ѕидини потекнува од Средниот век, а музејот веднаш до бедемот ја прикажува целокупната историја на градот.

Наводи[уреди]