Гојаш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гојаш
Знаме на Грб на
Знаме Грб


Положба на
Главен град Гојанија
Најголем град Гојанија
Службен јазик Португалски
 - Гувернатор Алсидес Родригез Фиљо
 - Вице Гувернатор Адемир Менезес
Површина  
 - Вкупно 340,086 km² ({{{површина поредок}}}.)
 - Вода (%) {{{вода}}}%
Население  
 - 2007 5,647,035 ({{{население поредок}}}.)
 - Густина 16.9/km² ({{{густина поредок}}}.)
БДП (ПКС) 2005 приб.
 - Вкупно 50,536,000,000 ({{{БДП поредок}}}.)
 - По глава на жител 8,992 ({{{БДП поредок по глава на жител}}}.)
ИЧР (2005) 0.800 ({{{ИЧР поредок}}}.) – висок
Валута
Часовен појас UTC
НДД [[]]
Повикувачки број +

Гојаш, (Goiás (изговор [goˈjajs][1])) е бразилска држава, лоцирана во центарот на земјата. Најнаселена во регионот Гојаш се карактеризира со пејзаж chapadões (рамнини). Преку сувата сезона, ретките дождови ја намалуваат водата во реката Арагуја откривајки скоро двокилометрови плажи, правејки ги главна атракција во државата. Се граничи со (по стрелка на часовикот од север) Токантинс, Баја, Минаш Жераис, Федералниот округ, Јужна Мато Грошо и Мато Грошо.

Географија[уреди]

Гојаш лежи целосно во бразилските висорамнини, лоцирани во центарот на земјата. Површината лежи помеѓу 750 и 900 м нмв.

Гојанија, најголем град и престолнина.

Највисока точка на државата е врвот Поусо Алто, со 1676 метри.

Земјата е покриена со савана позната во Бразил како серадо, и има тропски шуми околу реките. Климата е тропска. Просечните месечни температури се движат помеѓу 26 °C (78.8 °F) во најтоплиот и 22 °C (71.6 °F) во најстудениот ден. Годината е поделена на врнежлива сезона (октомври-март) и сува сезона (април-септември).

Историја[уреди]

Матриз Пиренополис во Пиренополис.

Првите европјани во овој дел од Бразил биле експедициите од Сао Паоло во 17-тиот век. Било пронајдено злато покрај реката Арагуаја од експлораторот Бартоломеу Буено де Силва во 168-ра. близу местото основал населба и ја нарекол Санта Ана, која прераснала во колонијалниот град Гојаш Вељо, поранешната престолнина. Во 1774-та од пространата внатрешна територија сѐ уште неистражена од европјаните била направена капетанијата Општа капетанијаl, и во 1822-ра станала провинција на Бразилската империја. станала држава во 1889-та. Бразилскиот устав од 1891-ва ја преместил националната престолнина во Бразилските висорамнини, и во 1956-та Гојаш била избрана како земја од која ке се создаде федералниот округ, Бразилија. Официјално националната престолнина била преместена во Бразилија 1960-та.

Гојанија, најголемиот град бил предвиден за изградба во 1933 и за преместување на седиштето на државата таму, 110 км северозападно од старата престолнина Гојаш, која била тешко достапна. Во 1937-ма престолнината била преместена. Гојанија бил еден од најбрзо растечките градови во Бразил. [се бара извор]

Поради големата површина на земјата, преку 600,000 km²., комуникацијата била отежнета. Северниот делсе шуствувал изолиран за разлика од јужниот и започнал движење за отцепување.Во 1989 северната половина од Гојаш станала отделна држава наречена Токантинс.

Демографија[уреди]

Црква Дом Боско во Каталао.

Според БИГС, 2007, државата има 5,750,000 жители. со густина 16,9 ж/км².

Урбанизација: 88.6% (2006); Прираст: 2.5% (1991-2000); Домакинства: 1,749,000 (2006).[2]

Национална структура: 2,903,750 Пардо (50.5%), 2,530,000 Бели Бразилци (44.0%), 304,000 Афро-бразилци (5.3%), 11,000 Азијати или Домородци (0.2%).[3]

Економија[уреди]

Лук (пллантажи) во Гојаш.

Сервисот за услуги е најголем од БДП со 43.9%, следен од индустрискиот сектор со 35.4%. Земјоделието 20.7%, (2004). Гојаш извезува: соја 49.2%, говедско месо 10.5%, злато 9.1%, други меснтати производи 7.5%, железо 7.4%, кожа 4% (2002).

Удел во Бразилската економија: 2.4% (2005).

Гојаш е лидер во Бразил по одгледување културни растенија. Бројот говеда во 2000-та надминал 18 милиони, по четири на жител. Гојанија и Апаресида де Гојанија се центри на прехранбената индустрија, Анаполис е центар фармацефтиката.

Тривијалност[уреди]

Возила: 1,610,972 (март/2007); Мобилни телефони 3.6 милиони (април/2007); Телефони: 1.3 милиони (април/2007); Градови: 246 (2007).[4]

Образование[уреди]

Гојанија е најважен образовен центар во државата.

Португалскиот е официјален. Но Англиски и Шпански се дел од официјалниот образовен систем.

Образовни институции[уреди]

Инфраструктура[уреди]

Национален аеродром[уреди]

Модернизација на Аеродром Гојанија ќе биде извршена наскоро. Со новиот терминал капацитетот од 940.000 патници годишно ќе биде 2 милиони годишно.

Автопати[уреди]

BR-020, BR-040, BR-050, BR-060, BR-070, BR-080, BR-153, BR-158, BR-251, BR-364, BR-414, BR-452.

Позначајни места[уреди]

  • Чапада дос Веадејрос

Е еколошки национален парк познат по диверзитетниот пејзаж и богатата флора и фауна. It is an ecological national park famous for the diversity of its landscape and the richness of its fauna and flora.

  • Градот Гојаш
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Гојаш, Гојаш.

Градот е важен по своето историско значење.

  • Parque Nacional das Emas
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Национален парк Емас.
  • Пиренополис
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „ Пиренополис.

Е доста сликовит град во внатрешноста на Гојаш, познат по природните убавини, со зачувана архитектура од колонијално време.

Градови[уреди]

Чапада до Веадејрос, Национален парк во Гојаш.
Водопад во Чапада до Веадејрос.

Види: Листа на општини во Гојаш.

15 најголеми градови според населението (проценка: 01/07/2005, БИГС):

Градови од туристчки интерес
Име Население
Калдаш Новас 65,637
Кристалина 39,867
Ипамери 22,600
пиренополис 21,241
Гојаш 14,173
Парауња 10,900
Корумба де Гојаш 9,915
Аруања 5,212

Наводи[уреди]

  1. Изговор на Бразилски португалски говорен во Гојаш. Други варијации во Бразил се [goˈjajʃ] (Рио де Жанеиро), [goˈjas] (Сао Паоло и јужнниот регион), [gɔˈjajs] (север) [gɔˈjajx] (Сеара). На Португалски јазик се изговара: [goˈjaʃ].
  2. Извор: БИГС.
  3. (на Portuguese) (PDF) „Síntese de Indicadores Sociais 2007“. Goiás, Brazil: IBGE. 2007. ISBN 85-240-3919-1. ftp://ftp.ibge.gov.br/Indicadores_Sociais/Sintese_de_Indicadores_Sociais_2007/Tabelas. конс. 18 јули 2007. 
  4. Извор: БИГС.

Види[уреди]