Глукоза
Од Википедија
| Оваа статија не наведува никакви извори или референци. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до доверливи извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Глукозата (С6H12O6) претставува гроздов шеќер. Таа се наоѓа и во крвта на животните, каде што има многубројни функции. Се складира во црниот дроб во вид резервен шеќер-гликоген. Кога резервите на јаглехидратите во организмот се празни, црниот дроб врши конверзија на гликогенот во глукоза со што се подмируваат потребите за енергија. При најразлични концентрации на глукоза во организмот, настануваат хипергликемија или хипогликемија.