Хипогликемија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хипогликемија
Апарат за мерење на шеќер во крвта
СпецијалностЕндокринологија Уреди на Википодатоците

Ако количеството на шеќер во крвта, обично кај лице кое има шеќерна болест, се намали под нормалните граници (под 4 mmol/L), тогаш доаѓа до хипогликемија, или недостиг на шеќер во крвта. Ако нивото на гликоза во крвта се приближи до 2 mmol/L се добива ударен напад а пак во областа на 0.5 mmol/L се навлегува во кома при што може да биде оштетен мозокот или да дојде до смрт. Се јавува ако при лекувањето дијабетичарите користат таблети или инсулин. Кај дијабетичарите кои се лекуваат ”само со диета" не постои опасност да се јави хипогликемијата.

Симптоми[уреди | уреди извор]

Симптомите на хипогликемија се различни, меѓутоа луѓето најчесто ги забележуваат следниве:

  • Треперење
  • Потење
  • Забрзано чукање на срцето и бледило

Ако не се лекува хипогликемијата, симтомите можат да се влошат и да доведат до:

  • Збунетост
  • Нејасен говор
  • Дремливост
  • Промени во однесувањето, како на пример, агресивност, раздразливост, плачење
  • Тетеравење како да сте пијани
  • Бесвест

Причини[уреди | уреди извор]

Можните причини кои може да доведат до јавувањето на хипогликемија се:

  • Премногу лекарства
  • Премногу вежбање или непланирано вежбање
  • Задоцнување со оброк или ужинка
  • Недоволно јадење на храна богата со јаглехидрати

Како да се спречи хипогликемија[уреди | уреди извор]

Во итен случаи ако се јави хипогликемија кај личност со шеќерна болест, веднаш мора да каснат малку шеќер или да се напијат сладок пијалак. После тоа, треба да се јаде храна која содржи јаглехидрати. При хипогликемија мора веднаш да се реагира инаку личноста може да се онесвести.

  • Секој ден треба да се зема одредената доза на инсулин или таблети.
  • Не смее да се пропуштаат оброците или ужинките.
  • Пред да се почне со некоја напорна работа, треба да се јади храна богата со јаглехидрати (енергија).
  • Ако се пие алкохол, треба да се јаде непосредно со тоа.

Извор[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори