Ваут Фас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ваут Фас
Лични податоци
Полно име Ваут Феликс Лина Фас[1]
Роден на 3 април 1998(1998-04-03)(26 г.)
Роден во Мол, Белгија
Држава Белгија Белгија
Висина &100000000000001870000001,87 м[2]
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Лестер Сити Лестер Сити
Број 3
Младинска кариера
Лирс Лирс
Андерлехт Андерлехт
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2016-2018 Андерлехт Андерлехт 0 (0)
2017Херенфен Херенфен 7 (0)
2017-2018Екселсиор Екселсиор 19 (0)
2018-2020 Остенде Остенде 63 (1)
2020-2022 Ремс Ремс 73 (5)
2022- Лестер Сити Лестер Сити 66 (3)
Репрезентација
2013 Белгија Белгија 15 4 (1)
2013-2015 Белгија Белгија 17 27 (0)
2016-2017 Белгија Белгија 19 9 (1)
2017-2020 Белгија Белгија 21 21 (0)
2022- Белгија Белгија 13 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 15 февруари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 15 февруари 2012

Ваут Феликс Лина Фас (роден на 3 април 1998 во Мол) — белгиски фудбалер, играч од одбраната на Лестер Сити и на белгиската репрезентацијата.[3]

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Централен дефанзивец, способен да игра и како бек или дефанизвен играч од средниот ред. Меѓу неговите најголеми квалитети се одземањето на топката и солидната брзина која ја поседува и покрај неговата висина и физичките предиспозиции; тој многу потсетува на бразилскиот фудбалер, поранешен играч на Челси, Париз Сен-Жермен и Арсенал, Давид Луис.[4]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Откако израснал во младинските сектори на Лирс и Андерлехт, од вториот на 31 јануари 2017 година, бил позајмен на Херенфен до крајот на сезоната 2016-2017.[5] Откако заемот во клубот од Фризија му завршил, на 12 јули тој се преселил, повторно на привремена основа, во Екселсиор.[6]

На 21 јуни 2018, тој се преселил во Остенде, со кого потпишал тригодишен договор.[7] Под водството на неговиот поранешен тренер од младата белгиска репрезентација под 19 години, Герт Верхејен,[8] кој исто така инсистирал на неговото доаѓање во клубот,[9] Фас бил редовен стартер во центарот на одбраната во текот на целата сезона забележувајќи 40 настапи и 2 гола. На 24 август 2018, го постигнал својот прв гол во кариерата во победата со 3-1 на домашен терен над Зулте Варегем.

На 31 јануари 2020 година, тој бил купен од францускиот клуб Ремс, со кого се врзал до 2024 година, но останал на позајмица во Остенде до крајот на сезоната.[10] Откако официјално му се приклучил на Ремс на почетокот на сезоната 2020–2021, Фас го направил своето деби во Лига 1 на 23 август 2020 година, во ремито 2–2 на гостувањето кај Монако, во кое го одиграл целиот натпревар.[11] На 1 ноември, тој го постигнал својот прв гол за клубот во победата на домашен терен со 2–1 над Стразбур, со моќен удар со глава од корнер изведен од Валон Бериша.[12]

Откако во дресот на Ремс одиграл две сезони во кои забележал 77 настапи и 5 гола, на 1 септември 2022 година, Фас се преселил во англиската Премиер лига каде потпишал со Лестер Сити во трансфер вреден 15 милиони евра.[13] Седумнаесет дена подоцна, тој го направил своето деби во Премиер лигата во поразот со 6-2 од Тотенхем.[14]

И покрај негативниот резултат остварен на неговото деби, тој бил пофален за неговото влијание врз одбраната на клубот и во следните седум натпревари од првенството, од натпреварот против Тотенхем до оној против Манчестер Сити на 9 ноември, помогнал клубот да забележи пет суви мрежи.[15] На 30 декември 2022 година, тој имал негативен настап во поразот на лисиците од Ливерпул со 2-1, постигнувајќи два автогола со што станал четвртиот играч на кој му се случило тоа во историјата на Премиер лигата.[16] На 28 мај 2023, Фас го постигнал својот прв гол за Лестер во победата над Вест Хем Јунајтед со 2–1 во последното коло, која сепак се покажала како пирова за лисиците бидејќи тие и покрај успехот испаднале во Чемпионшип затоа што нивниот главен конкурент во борбата за опстанок, Евертон, исто така победил.[17]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Фас ја претставувал својата земја во различни младински нивоа како: под 15, под 17, под 19 и под 21 година. За последната играл на Европското првенство 2019, каде забележал два настапи во елиминацијата на Белгија во групната фаза.

Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 8 јуни 2022, влегувајќи како замена во 84-тата минута во убедливата победа со 6-1 над Полска во УЕФА Лигата на нации. Кон крајот на истата година, Фас заедно со соиграчите од Лестер Сити, Тимоти Кастањ и Јури Тилеманс, бил повикан во составот на Белгија за Светското првенство 2022.

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Белгија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
8-6-2022 Брисел Белгија Белгија 6 – 1 Полска Полска УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза - влегол во игра 84'
24-3-2023 Солна Шведска Шведска 0 – 3 Белгија Белгија Квал. за СП 2024 -
28-3-2023 Келн Германија Германија 2 – 3 Белгија Белгија Пријателска -
17-6-2023 Брисел Белгија Белгија 1 – 1 Австрија Австрија Квал. за Евро 2024 -
20-6-2023 Талин Естонија Естонија 0 – 3 Белгија Белгија Квал. за Евро 2024 -
9-9-2023 Баку Азербејџан Азербејџан 0 – 1 Белгија Белгија Квал. за Евро 2024 -
12-9-2023 Брисел Белгија Белгија 5 – 0 Естонија Естонија Квал. за Евро 2024 -
13-10-2023 Виена Австрија Австрија 2 – 3 Белгија Белгија Квал. за Евро 2024 -
16-10-2023 Брисел Белгија Белгија 1 – 1 Шведска Шведска Квал. за Евро 2024 -
15-11-2023 Левен Белгија Белгија 1 – 0 Србија Србија Пријателска - влегол во игра 46'
19-11-2023 Брисел Белгија Белгија 5 – 0 Азербејџан Азербејџан Квал. за Евро 2024 -
23-3-2024 Даблин Ирска Ирска 0 – 0 Белгија Белгија Пријателска -
26-3-2024 Лондон Англија Англија 2 – 2 Белгија Белгија Пријателска - влегол во игра 82'
Вкупно Настапи 13 Голови 0

Статистика[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 21 април 2024.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2016-јан. 2017 Белгија Андерлехт ПЛ 0 0 КБ 0 0 ЛШ+ЛЕ 0 0 - - - 0 0
јан.-јун. 2017 Холандија Херенфен Е 7+1[18] 0 КХ - - - - - - - - 8 0
2017-2018 Холандија Екселсиор Е 19 0 КХ 1 0 - - - - - - 20 0
2018-2019 Белгија Остенде ПЛ 35 1 КБ 5 1 - - - - - - 40 1
2019-2020 ПЛ 28 0 КБ 2 0 - - - - - - 30 0
Вкупно Остенде 63 1 7 1 - - - - 70 2
2020-2021 Франција Ремс Л1 33 1 КФ 0 0 ЛЕ 2[19] 0 - - - 35 1
2021-2022 Л1 37 4 КФ 2 0 - - - - - - 39 4
јул.-авг. 2022 Л1 3 0 КФ - - - - - - - - 3 0
Вкупно Ремс 73 5 2 0 2 0 - - 77 5
2022-2023 Англија Лестер Сити ПЛ 31 1 ФАКуп+ЛК 2+3 0+0 - - - - - - 36 1
2023-2024 ФЛЧ 35 2 ФАКуп+ЛК 1+2 0+0 - - - - - - 38 2
Вкупно Лестер Сити 66 3 8 0 - - - - 74 3
Вкупно во кариерата 208 8 17 1 2 0 - - 227 9

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „FIFA U-17 World Cup Chile 2015: List of Players: Belgium“ (PDF). FIFA. 28 October 2015. стр. 3. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 November 2019.
  2. „Wout Faes“. Leicester City F.C. Посетено на 1 November 2022.
  3. „Belgium - W. Faes - Profile with news, career statistics and history - Soccerway“. us.soccerway.com. Посетено на 10 April 2017.
  4. Un talento al giorno, Wout Faes: il leader del Belgio del futuro tuttomercatoweb.com
  5. „sc Heerenveen versterkt zich met verdediger Wout Faes“ (холандски). 31 јануари 2017. Посетено на 31 декември 2022.
  6. „Wout Faes op huurbasis naar Excelsior“ (холандски). 12 јули 2017. Посетено на 31 декември 2022.
  7. „WOUT FAES TREKT NAAR KV OOSTENDE“ (холандски). 21 јуни 2018. Посетено на 31 декември 2022.
  8. „Anderlecht laat Wout Faes vertrekken naar KV Oostende, Doumbia (Essevee) naar Rusland“. De Krant van West-Vlaanderen (Dutch). 21 June 2018. Посетено на 31 January 2021.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  9. Taecke, Tomas (25 June 2018). „Faes blij met overstap naar KVO: "Nooit een kans gehad bij Anderlecht". Het Laatste Nieuws (Dutch). Посетено на 31 January 2021.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  10. „Wout Faes : un leader défensif belge au SDR!“ (француски). 31 јануари 2020. Посетено на 31 декември 2022.
  11. „AS Monaco - Stade Reims 2:2 (Ligue 1 2020/2021, 1. Round)“. worldfootball.net (англиски). Посетено на 28 May 2021.
  12. Durand, Joachim (1 November 2020). „Le premier but de Wout Faes avec le Stade de Reims“. Walfoot.be (француски).
  13. „Leicester City Sign Wout Faes From Reims“ (англиски). 1 септември 2022. Посетено на 31 декември 2022.
  14. „Tottenham 6-2 Leicester City: Premier League – as it happened“ (англиски). 17 септември 2022. Посетено на 31 декември 2022.
  15. 'Made for me' - How Leicester City summer signing Wout Faes has made instant impact“ (англиски). 9 ноември 2022. Посетено на 31 декември 2022.
  16. „Faes scores two own goals against Liverpool“ (англиски). 30 декември 2022. Посетено на 31 декември 2022.
  17. Hafez, Shamoon (28 May 2023). „Leicester relegated despite win over West Ham“. BBC Sport.
  18. Плејоф.
  19. Во квалификациските рунди.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]