Миши Батшуаји

Од Википедија — слободната енциклопедија
Миши Батшуаји
Лични податоци
Полно име Миши Батшуаји-Атунга[1]
Роден на 2 октомври 1993(1993-10-02)(30 г.)
Роден во Брисел, Белгија
Држава Белгија Белгија
Висина 1.85 m
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Фенербахче Фенербахче
Број 23
Младинска кариера
2003–2005 ФК Евере
2005–2006 РУСА Шхарбек
2006–2007 Брисел
2007–2008 Андерлехт Андерлехт
2008–2009 Брисел
2008–2011 Стандард Стандард
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2011-2014 Стандард Стандард 97 (39)
2014-2016 Марсеј Олимпик Марсеј 62 (26)
2016-2022 Челси Челси 48 (8)
2018Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд 10 (7)
2018-2019Валенсија Валенсија 15 (1)
2019Кристал Палас Кристал Палас 11 (5)
2020-2021Кристал Палас Кристал Палас 18 (2)
2021-2022Бешикташ Бешикташ 33 (14)
2022- Фенербахче Фенербахче 41 (22)
Репрезентација
2012–2014 Белгија Белгија 21 13 (7)
2015– Белгија Белгија 55 (27)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 20 January 2018
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 7 October 2017

Миши Батшуаји-Атунга (роден на 2 октомври 1993 година) — белгиски фудбалер, напаѓач на Фенербахче, и на белгиската репрезентација.

Својата професионална кариера ја започнал во Стандард Лиjеж во 2011 година, постигнувајќи 44 гола во 120 натпревари во сите натпреварувања. Со 21 гол во сезоната 2013-2014 во белгиската Про лига бил втор најдобар стрелец во првенството, и ја добил наградата за најдобар фудбалер од африканско потекло, што секоја година се доделува во Белгија. Во 2014 година ја продолжил својата кариера во странство потпишувајќи за францускиот Олимпик Марсеј во трансфер вреден 4,5 милиони евра, помагајќи им да стигнат до финалето на Купот на Франција во 2016 година. Во јули 2016 година, бил купен од страна на Челси за 33 милиони евра, и постигнал гол со кој неговиот клуб математички ја осигурал титулата во Премиер лигата во својата деби сезона.

Батшуаји постигнал гол на неговото деби за белгиската репрезентација против Кипар во март 2015 година и оттогаш редовно добивал повик во националниот тим. Својата земја ја претставувал на две Светски првенства во 2018 и 2022 и две Европски во 2016 и 2020.

Титули[уреди | уреди извор]

Челси
2016-2017

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Squads for 2017/18 Premier League confirmed“. Premier League. 1 September 2017. Посетено на 9 September 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]