Раџа Наинголан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Раџа Наинголан
Лични податоци
Роден на 4 мај 1988(1988-05-04)(35 г.)
Роден во Антверпен[1], Белгија
Држава Белгија Белгија
Висина &100000000000001750000001,75 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Каљари Каљари
Број 4
Младинска кариера
Биршот Биршот
Пјаченца Пјаченца
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006-2010 Пјаченца Пјаченца 71 (4)
2010-2014 Каљари Каљари 131 (7)
2014-2018 Рома Рома 135 (26)
2018- Интер Интер 29 (6)
2018-Каљари Каљари 18 (5)
Репрезентација
2004 Белгија Белгија 16 1 (0)
2007 Белгија Белгија 19 2 (0)
2008-2009 Белгија Белгија 20 2 (0)
2007-2010 Белгија Белгија 21 13 (1)
2009- Белгија Белгија 30 (6)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Раџа Наинголан (роден во Антверпен на 4 мај 1988 година) — белгиски фудбалер, играч од средниот ред на Каљари на заем од Интер и на белгиската репрезентација.

Неговиот прекар е Нинџа.

Животопис[уреди | уреди извор]

Раџа Наинголан е роден во Антверпен, на 4 мај 1988, син на Лизи Богертс, на белгијка католик по етничка група фламанка[2][3] и Маријанус Наинголан индонезијец протестант по етничка група Батак, луѓе од Индонезија кој живеат на запад каде поголемиот дел се христијани сконцентрирани најчесто во Северна Суматра.[4] Татко му ја напуштил неговата мајка и неговите браќа оставајќи ги во несигурна ситуација кога Раџа уште бил дете.[5] Израснал како верник-католик, покренат од страна на неговата мајка, која починала во 2010 година: по нејзината смрт, во спомен и чест на неа, тој имал истетовирано две големи крила на грбот, со датумите на раѓање и смрт на мајка му.[6] Раџа зборува пет јазици : фламански, холандски, англиски, италијански и го разбира францускиот.

Тој се оженил со сопругата Клаудија на 3 мај 2011, со која тој имал ќерка, Ајша, родена на 30 јануари 2012.

Во јуни 2013 тој за првпат ја посетил Индонезија, каде што бил примен од страна на министерот за млади и спорт.

Тој има сестра близначка која се вика Риана, исто така фудбалер, која играл за женскиот тим на Ројал Антверпен.

Технички одлики[уреди | уреди извор]

Како играч од средниот ред, има точни и прецизни подавања, а исто така плени со својата борбеност. За време на периодот кога настапувал за Каљари бил користен и како плејмејкер зад двајцата напаѓачи.[7]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетоците и пристигнувањето во Пјаченца[уреди | уреди извор]

Раџа како дете растел играјќи фудбал во младинските категории на Жерминал Биршот (белгиската прва лига) до 2005 година кога бил забележан од страна на скаутот Алесандро Белтрами, и се преселил во италијанската Пјаченца, која во таа сезона се натпреварувала во Серија Б. Токму Пјаченца ќе биде градот каде ја започнал својата професионална кариера, правејќи го своето деби за првиот тим во сезоната 2005-06, на 28 мај 2006 во натпреварот Пјаченца - Арецо (2-3). Тој останал во младинскиот состав на клубот од Емилија, дури и во следната година, така што повторно имал само еден настап за првиот тим, пред да стане редовен играч во првиот тим на Пјаченца следната сезона, каде што тој играл на 10 натпревари.[1]

Во сезоната 2008-09 сезона, Наинголан бил стандарден првотимец за Пјаченца, играјќи на 38 натпревари од вкупно 42 и постигнал три гола,[1] со кои придонел за опстанокот на клубот во лигата. Исто така бил стандарден и во следната полусезона, играјќи во сите натпревари од првиот круг на сезоната во Серија Б (21 натпревар)[1] и бил стрелец на еден гол.[1] За црвено-белите Наинголан има вкупно 71 првенствен настап и 4 постигнати гола.[1]

Каљари[уреди | уреди извор]

На 27 јануари 2010 заминал во Каљари на заем со право на откуп[8] (за возврат, Сардинијците во Емилија го испратиле Михаил Сиваков). Тој го направил своето деби во Серија А на 7 февруари 2010 во поразот од Интер со 3-0.[1] По седум настапи за клубот во 21 јуни 2010, Каљари објавува дека откупиле половина од неговиот договор. Во првиот дел од сезоната 2010-11 играл како стартер во изборот на тренерот Пјерпаоло Бисоли во отсуство на капитенот Даниеле Конти, играјќи против Палермо и Рома дал позитивни придобивки кои го одржуваат во улогата на стартер, дури и кога Бисоли бил заменет со Роберто Донадони. На 31 октомври 2010 , во деветтото коло од првенство, го забележал својот прв гол во Серија А против Болоња со волеј-удар со десната нога.

На 31 јануари 2011 на крајот на зимскиот трансферен прозорец, Каљари ја откупил и втората половина од неговиот договор. Три дена подоцна тој го постигнал својот втор гол за клубот, откако ја погодил мрежата на Сампдорија со удар од далечина по соло акција.

За сезоната 2011-12, перформансите сега веќе на белгискиот репрезентативец, го привлекле интересот на клубови како што се Јувентус[9][10] и Манчестер Сити. Сепак, играчот останал во Каљари и се натпреварувал во 37 натпревари во лигата и создавајќи во кој постигнал само еден гол на 21 септември 2011 во поразот (3-2) од Палермо.[11]

За време на сезоната 2012-13 постигнал 2 гола во 34 настапи, првиот против Болоња со шут надвор од шеснаесетникот, а вториот против Рома на Олимпико. На 5 октомври 2013 го обновил договорот со клунот од Сардинија до 2016.

Рома[уреди | уреди извор]

На 7 јануари 2014 дошол на заем во Рома за 3 милиони евра, а договорот исто така обезбедува и опција за перманентен трансфер, Рома ќе може да купи 50% од сопственоста на играчот за 6.000.000 евра.[12] Два дена по неговото комплетирање на трансферот со Рома играл во италијанскиот куп против Сампдорија, во натпревар кој Рома го добила со 1-0. Дебито за новиот клуб во Серија А го направил на 12 јануари против Џенова (4-0).

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Тој бил дел од репрезентацијата на Белгија под 21 година во периодот 2007-2010, за која одиграл 13 натпревари и постигнал еден гол.

Тој го направил своето деби за сениорска селекција на 29 мај 2009 во натпревар против Чиле во Кирин купот, што завршил со резултатот 1-1.[13] Во ноември 2011, тој буквално го имал вториот настап во пријателски натпревар против Романија.

Хронологија на репрезентативни настапи и голови[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Белгија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
29-5-2009 Чиба Белгија Белгија 1 – 1 Чиле Чиле Кирин Куп -
11-11-2011 Лиеж Белгија Белгија 2 – 1 Романија Романија Пријателска -
29-2-2012 Ираклион Грција Грција 1 – 1 Белгија Белгија Пријателска -
6-2-2013 Брухе Белгија Белгија 2 – 1 Словачка Словачка Пријателска -
Вкупно Настапи 4 Голови 0

Статистика на кариерата[уреди | уреди извор]

Статистика е ажурирана на 14 февруари 2014.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентални купови Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Куп Наст Гол Куп Наст Гол Куп Наст Гол Наст Гол
2005-2006 Италија Пјаченца Б 1 0 КИ 0 0 - - - - 1 0
2006-2007 Б 1 0 КИ 0 0 - - - - 1 0
2007-2008 Б 10 0 КИ 1 0 - - - - 11 0
2008-2009 Б 38 3 КИ 1 0 - - - - 39 3
2009-јан. 2010 Б 21 1 КИ 1 0 - - - - 22 1
Вкупно Пјаченца 71 4 3 0 - - - - 74 4
јан.-јун. 2010 Италија Каљари А 7 0 КИ - - - - - - 7 0
2010-2011 А 36 2 КИ 2 0 - - - - 38 2
2011-2012 А 37 1 КИ 2 0 - - - - 39 1
2012-2013 А 34 2 КИ 1 0 - - - - 35 2
2013-јан. 2014 А 17 2 КИ 1 0 - - - - 18 2
Вкупно Каљари 131 7 6 0 - - - - 137 7
јан.-јун. 2014 Италија Рома А 3 0 КИ 3 0 - - - - - - 6 0
Вкупно во кариерата 205 11 12 0 - - - - 217 11

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 legaseriea.it (уред.). „Наинголан Раџа“. Архивирано од изворникот на 2014-01-13. Посетено на 1-2-2011. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  2. www.tempo.co (уред.). „Раџа Наинголан цел на Тотенхем“ (индонезиски). Архивирано од изворникот на 2014-10-06. Посетено на 11 јануари 2014.
  3. ganlob.com (уред.). „Radja Nainggolan Diincar Klub Besar Eropa“ (индонезиски). Архивирано од изворникот на 2014-01-08. Посетено на 11 јануари 2014.
  4. mahasiswabatak.com (уред.). „Radja Nainggolan Bangga Bermarga Batak“ (индонезиски). Архивирано од изворникот на 2014-01-08. Посетено на 11 јануари 2014.
  5. „Наинголан: "Татко ми не остави во неволја, спасени сме од нашата мајка и фудбалот“. La Gazzetta dello Sport. Посетено на 11 јануари 2014.
  6. „За GdS Наинголан рече: растел без татко, мајката го спаси“. La Gazzetta dello Sport. Архивирано од изворникот на 2014-01-08. Посетено на 11 јануари 2014.
  7. „Плејмејкерот Наинголан зад тандемот Сау-Ибарбо“. La Gazzetta dello Sport. 19 јануари 2013. Посетено на 23 јануари 2013.
  8. piacenzacalcio.it, уред. (27 јануари 2010). „Comunicato stampa - Nainggolan“. Посетено на 1 февруари 2011.
  9. „Марота: «Тони во Ал Наср. Го сакаме Наинголан»“. Tuttosport. 28 јануари 2012. Архивирано од изворникот на 2012-05-03. Посетено на 14 јануари 2013.
  10. „Јувентус во последен обид за Наингоолан“. Juventus.mk. 1 септември 2013. Архивирано од изворникот на 2013-10-17. Посетено на 14 февруари 2014.
  11. „Палермо, доме сладок доме. Каљари се пробуди доцна“. La Repubblica. 21 септември 2011. Посетено на 14 јануари 2013.
  12. „Рома го ангажираше Наинголан“. 24fudbal.com.mk. 8 јануари 2014. Посетено на 14 февруари 2014.
  13. cagliaricalcio.net, уред. (25-02-2011). „Nainggolan protagonista in Indonesia“. Архивирано од изворникот на 2014-01-06. Посетено на 18 септември 2013. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]