Еден Азар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Еден Хазард
Eden Hazard 2011.jpg
Лични податоци
Полно име Еден Азар
Роден на 7 јануари 1991 (1991-01-07) (23 г.)
Роден во Ла Лувиер, Белгија
Висина 1.70[1]
Положба напад
Клупски податоци
Сегашен клуб Челзи Челзи
Број 17
Младинска кариера
1995–2003 Ројал Стејт Брана
2003–2005 АФК Тубиз
2005–2007 ФК Лил
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2007–2012 ФК Лил 147 (36)
2012– ФК Челзи 69 (23)
Репрезентација
2006 Белгија U15 5 (1)
2006 Белгија U16 4 (2)
2006–2008 Белгија U17 17 (2)
2007–2009 Белгија U19 11 (6)
2008– Белгија 36 (2)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 21
26, 29 септемвери 2012 (UTC).

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 23:25, 11 септемвери 2012 (UTC)

Еден Азар (роден на 7 јануари 1991 година) е белгиски фудбалер кој моментално игра за екипата на Челси во Премиер лигата, и за репрезентацијата на Белгија. Неговата позиција во тимот е офанзивен играч од средниот ред, најчесто како крило. Азар е познат по неговата креативност, брзина, техничка способност и е исто така познат како „бестрашен, експлозивно офанзивен играч од средниот ред, кој може да ја промени играта со промена на темпото или дриблинг. Тој, исто така е познат како "ноќна мора за дефанзивците" и доби позитивни критики за неговиот стил на игра, со што ги поттикна медиумите, тренерите и играчите да го споредуваат со добитниците на наградата “Најдобар фудбалер на годината” на ФИФА, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Азар е син на поранешните белгиски фудбалер и фудбалерка, Карин и Тиери Азар и ја започнал својата фудбалска кариера во Белгија играјќи за локалните клубови Ројал Стад Брајон и Тубиз. Во 2005 година, тој го прифати предизвикот од Франција преминувајќи во прволигашот Лил. Азар поминал две години во младинската Академија на тимот, и на возраст од 16 години дебитираше во првиот тим во ноември 2007. Во неговата прва целосна сезона како стартер, ја доби наградата Најдобар млад играч на годината од фудбалската унија на професионални фудбалери во Франција (УНФП), со тоа станувајќи првиот не-француски играч кој ја има добиено оваа награда. Во сезоната 2009-2010, Хазард повторно ја освои наградата, и со тоа стана првиот играч кој ја освоил оваа награда двапати. Тој исто така беше именуван во најдобриот тим на годината во лигата. Откако дебитираше во тимот во 2007, Хазард стана составен дел од тимот под раководство на менаџерот Руди Гарсија забележувајќи над 160 настапи. Во сезоната 2010-2011, тој беше дел од тимот на Лил кој ја освои двојната круна во Франција, Првенството и Купот, и како резултат на неговите настапи тој беше прогласен за најдобар играч во првенството од Унијата на професионални фудбалери (УНФП) и со тоа стана најмладиот играч кој ја освоил оваа награда.

Хазард е белгиски репрезентативец, и има настапувано за младите репрезентации на Белгија до 17 и 19 години. Пред да настапува во сениорскиот тим, тој играше за тимот до 17 години кој се квалификуваше на Европското првенство за играчи до 17 години во 2007 и за Светското првенство за играчи до 17 години истата 2007 година. Хазард дебитираше за сениорскиот тим на Белгија во Ноември 2008 година, на возраст од 17 години и 316 дена, на пријателски натпревар со Луксембург. Речиси три години по своето деби, Хазард го постигна својот прв гол за репрезентацијата против Казахстан во Октомври 2011 година.

Приватен живот[уреди]

Хазард е роден во градот Ла Лувиер, но израснал во Бреин ле Комт, мал град во регионот Валонија. Тој израснал во семејство каде што доминирал фудбалот. Неговата мајка Карин и неговиот татко Тиери ( да не се помеша со францускиот пејач и текстописец со истото име) обајцата беа фудбалери во Белгија. Неговиот татко најголем дел од неговата кариера помина во белгиската Втора Лига во Р.А.А Лувиероз, додека неговата мајка играше како напаѓач во белгиската Прва Лига за жени. Хазард е највозрасниот од четирите деца. Тој има три помлади браќа, од кои сите играат фудбал. Торган, 18 години, во моментов игра за најомразениот ривал на Лил, Ленс. Останатите помлади браќа на Хазард, Калиан 16 години и Итан 7 години, остануваат во Белгија играјќи во младинската академија на поранешниот клуб на Хазард, А.Ф.Ц Тубице. Во Март 2011, беше објавено дека е постигнат договор, со кои Калиан треба да му се приклучи на Лил во Август 2011 кога ќе наполни 16 години. Хазард и неговите тројца браќа, израснале во удобна средина во која нивните родители им обезбедиле се што им било потребно за да успеат. Семeјството живее на не повеќе од “три метри” до теренот за тренинг и браќата често одеа до таму преку мал отвор со цел да ги усовршат и развијат нивните вештини. Во моментов Хазард е во врска со неговата девојка Наташа. На 19-ти Декември, белгиските и француските медиуми објавија дека таа родила машко дете.

Клупска кариера[уреди]

Почетокот на кариерата[уреди]

Хазард ја започна својата фудбалска кариера на четири годишна возраст играјќи во клубот од родниот град, Ројал Стад Брајон. Во текот на неговиот престој во клубот, еден од неговите тренери во младинските категории го опиша како “надарен” играч кој „знае се. Не требаше ништо да го учам”. Хазард помина осум години во клубот пред да се пресели во Тубице. Додека играше за Тубице, тој бил забележан од скаут на Лил, додека играл за клубот на локален турнир. Понатамошниот извештај на скаутот за играчот, ги предизвика претставниците на клубот да се сретнат со таткото на Хазард и да му понудат договор на младиот играч да игра за младиот тим на Лил. Родителите на Хазард ја прифатија понудата со надеж дека условите за тренинг во Франција ќе бидат подобри. Таткото на Хазард подоцна призна дека одлуката да им дозволи на Еден, а потоа и на Торган да преминат во клубовите од северна Франција била најдобрата одлука, изјавувајќи : Тие останаа блиску до дома, а истовремено станаа дел од структури каде што можат да созреат, бидејќи во Белгија, за жал, тренирањето со млади е на пониско ниво.

Лил[уреди]

Хазард се приклучи на Лил во 2005 година и помина две години да се развива во локалното спортско училиште на клубот, поради тоа што Младинската академија во Лучин во тоа време не беше во функција. На 28-ми Мај 2007, тој го потпиша својот прв професионален договор обврзувајќи се на тригодишен договор со Лил. На почетокот на сезоната 2007-2008, на возраст од 16 години, Хазард беше одбран во резервниот состав на клубот во аматерската лига четврто ниво на Франција, иако тој сеуште играше за тимот на Лил до 18 години во нивната младинска лига во купот Гамбардела. Хазард го направи своето аматерско деби влегувајќи во игра во второто полувреме како замена, на 1-ви Септември на Лига натпревар против Расинг Клуб д’ Франс во поразот од 3-1. Тој за првпат настапи како стартер една недела подоцна, во поразот на неговиот тим од Лескуин со 1-0.

Откако го помина поголемиот дел од Октомври и почетокот на Ноември играјќи за тимот до 18 години, поради тоа што неколку играчи имаа репрезентативни обврски, на 14-ти Ноември Хазард беше повикан во сениорскиот тим од менаџерот Клод Пуел да настапи на пријателски натпревар против белгискиот клуб Бриж на 16-ти Ноември. Тој настапи како резерва на натпреварот и како резултат на неговата изведба, беше вклучен во 18 члениот тим, кој се соочи со Нанси во првенствен натпревар на 24-ти Ноември. Хазард, потоа го направи своето професионално деби на следниот натпревар како резерва во 78-та минута. Хазард се врати во резервниот тим на клубот и играше за тимот во Декември. По зимската пауза, Хазард се врати во првиот тим во Јануари и настапи како резерва на три првенствени натпревари против: Мец, Сошо и Париз Сен Жермен. Потоа, тој повторно беше префрлен на аматерско ниво, каде што истовремено настапуваше за резервниот тим во четвртата лига и за тимот до 18 години во купот Гамбардела. На 17-ти Мај 2008 година, тој го постигна својот прв аматерски гол во победата од 3-2 над Витре. Хазард ја заврши аматерската кариера со 11 настапи и еден гол, со што му помогна на резервниот тим да го освои петтото место, кој што беше прв помеѓу резервните тимови на професионалните клубови кои играат во тоа натпреварување.

Сезона 2008-2009[уреди]

Во сезоната 2008-09, Хазард го носеше дресот со број 26 и беше прекомандуван во сениорскиот тим од новиот менаџер Руди Гарсија. Во почетокот, тој настапи неколкупати како резерва, официјално дебитирајќи на натпреварот против Сошо, како резерва, во ремито од 1-1 на 14-ти Септември 2008. На еден од неговите настапи како резерва тој се покажа како доста корисен, против Оксер на 20-ти Септември. Лил губеше со 2-1 во последните минути од натпреварот, и по изведувањето на корнерот на Лил и краткото исфрлање на топката од играчите на Оксер, Хазард упати удар со десната нога надвор од шеснаесетникот. Тој го совлада голманот и го израмни резултатот на 2-2 во 88-та минута. Со голема самодоверба, Лил го доби натпреварот во судиското надополнување со 3-2 со голот на Тулио де Мело. Со првиот гол во кариерата, тој стана најмладиот играч кој постигнал гол во историјата на клубот. Четири дена откако го постигна својот прв гол во кариерата, Хазард за првпат дебитираше како стартер во Купот на Франција, во поразот од 4-2 на пенали од Монпеље. Откако на следните пет натпревари во првенството тој беше резерва, на 15-ти Ноември Хазард за првпат дебитираше како стартер во првенството против Сент Етјен. Тој го одбележа настапот постигнувајќи го првиот гол во победата од 3-0 на неговиот тим. Лил му понуди продолжување на договорот на три години, како резултат на неговите добри настапи за тимот, на што тој се согласи на 18-ти Ноември 2008 обврзувајќи се со клубот до 2012 година.

Откако настапуваше како резерва во Декември, Хазард се врати во почетната постава на тимот во Јануари. На 23-ти Јануари, тој го постигна вториот гол во победата од 3-0 на натпреварот против аматерскиот тим на Денкерк во 1/16 финалето на Купот на Франција. Две недели подоцна, тој го постигна победоносниот погодок против Сошо во првенството, а на 22-ри Февруари асистираше во победоносниот погодок против Монако. Во осминафиналето во Купот на Франција, Хазард постигна гол во победата од 3-2 над бранителот на трофејот во Купот на Франција Лион. На 26-ти Април, тој го постигна првиот гол против Марсеј, иако Лил го загуби натпреварот со 2-1. На последните десет натпревари од сезоната, Хазард настапи осумпати како стартер и придонесе во пласманот на тимот на 5-то место, место кое го одведе Лил во новоформираната Лига Европа на УЕФА. По крајот на сезоната, тој беше прогласен за Најдобар млад играч на годината од Унијата на професионални фудбалери УНФП, со што стана првиот странски фудбалер кој го добил ова признание.

Сезона 2009 - 2010[уреди]

По сезоната 2008-09, во голем број на земји постојано се појавуваа медиумски шпекулации околу достапноста на Хазард на трансфер пазарот. И покрај тоа што претседателот на Лил, Мишел Сејду објави дека играчот не е на продажба, а Хазард изјави дека сака да остане во клубот најмалку уште една година, неколку клубови пројавија интерес за играчот. Значајни клубови како што се: англиските Арсенал и Манчестер Јунајтед, италијанскиот Интер и шпанските клубови Барселона и Реал Мадрид. Француската фудбалска легенда, Зинедин Зидан лично го препорача играчот на Реал Мадрид. Хазард ја започна сезоната 2008-09 во силно темпо, постигнувајќи гол во првиот официјален натпревар на Лил во сезоната. Голот го постигна во победата од 2-0 против српскиот клуб ФК Севојно, на првиот натпревар во третото квалификациско коло во Лигата на Европа. На 27-ми Август, тој го постигна вториот гол во кариерата во европските купови против белгискиот Генк во реваншот од плејофот. Тоа беше четвртиот гол за Лил во победата од 4-2. Со вкупен резултат од 6-3, клубот обезбеди пласман во групната фаза на Лигата на Европа. На 22-ри Октомври, тој постигна гол во 84-та минута, во важната победа на Лил над италијанскиот клуб Џенова, откако влезе во игра како резерва 10 минути порано. Откако прими топка по левата крилна позиција, Хазард брзо ја претрча средината поминувајќи шестмина дефанзивци пред да постигне гол од 18 јарди. Еден месец подоцна, Хазард беше клучен во демолирањето на чешкиот клуб Славија Прага со 5-1, и беше делумно заслужен за првиот гол откако ја помина одбраната и испрати центаршут до дирекот, со кој го принуди играчот на Славија, Марек Сучи, да си постигне автогол.

На 20-ти Декември, тој го постигна првиот првенствен гол во сезоната, во победата над Ле Ман со 3-0. Хазард исто така асистираше во постигнувањето на другите два погодока. На 30-ти Јануари, Хазард го постигна единствениот погодок на “дербито на северот” за Лил против ривалот Ленс. Победата му помогна на клубот да обезбеди стабилност во лигата, одржувајќи ги на позиции на табелата кои водат во Лигата на Шампионите, и исто така ја прекина катастрофалната недела во која Лил претрпе елиминација во двата француски купа. Пет дена подоцна, Хазард и Лил постигнаа договор за продолжување на договорот, со кои играчот ќе остане во клубот до 2014 година. На 11-ти Март, Хазард од слободен удар во 83-та минута го постигна единствениот гол во победата над англискиот клуб Ливерпул во првото коло во Лигата на Европа. Три недели подоцна, Хазард беше асистент на два гола во победата од 4-1 над нивниот конкурент за титулата Монпеље. Со двете асистенции, тој стигна до бројката седум во лигата, пласирајќи се на втората позиција. За неговите импресивни игри во месец Март, Хазард ја доби наградата Играч на месецот.

На 29-ти Април, Хазард беше номиниран за наградата Играч на годината. Исто така, тој втора сезона по ред беше номиниран за наградата Млад играч на годината. На 9-ти Мај, Хазард втора последователна сезона ја доби наградата Млад играч на годината. Тој е првиот играч кој ја добил наградата двапати од нејзиното воведување во 1994. Хазард загуби во трката за наградата Играч на годината, која му беше доделена на напаѓачот на Лион, Лисандро Лопез.

Сезона 2010 - 2011[уреди]

Хазард ја започна сезоната 2010-11 како стартер во првите шест натпревари во лигата за Лил, како и во натпреварите од Лигата на Европа. На 29-ти Август, тој го постигна својот прв сезонски гол во ремито од 1-1 со Ница. Кон крајот на Септември, Хазард се мачеше со непостојаноста во формата и беше повлечен на клупата од Гарсија го повелече на клупата во обид да му овозможи на Хазард да се соземе и да научи дека неговите настапи биле недоволни. Хазард потоа влезе во игра како резерва, во поразот на неговиот тим од португалскиот клуб Спортинг со 2-1 во Лигата на Европа и исто така како резерва на следните три првенствени натпревари против Тулуз, Монпеље и Лион. Хазард подоцна призна дека неговиот прв период на непостојаност влијаел на него, изјавувајќи “ Првите два месеци беа тешки. Не би рекол дека почнав да се сомневам во моите способности, но дефинитивно поминав низ навистина тежок период. “

На 7-ми Октомври, селекторот на белгиската репрезентација, Жорж Ликенс, во врска со префрлувањето на Хазард на клупата на Лил, рече дека играчот мора да работи поинтензивно, и физички и психички, за да ја врати формата од минатата година. Помошниот-тренер на репрезентацијата, Марк Вилмоц, исто така изјави дека Хазард бил често пати мрзелив на тренинзите со репрезентацијата. Гарсија следниот ден одговори на коментарите на Ликенс, нагласувајќи дека смета дека тие биле престроги, е дека “Еден има само 19 години “ и сеуште може да напредува повеќе во сите области. По натпреварот Белгија-Казахстан, на кој Хазард не беше во почетниот состав, па дури не беше ни на клупата за резервни играчи, Ликенс одговори на коментарите на Гарсија, изјавувајќи дека тој ќе остане на неговите претходни коментари и дека играчите мораат да мислат и за тимот, а не само за себе. Хазард подоцна самиот се осврна на коментарите на Ликенс и Гарсија во Февруари, изјавувајќи “ Научив многу за време на тие неколку недели, искрено кажано. И од тогаш, работите се подобрија. Националниот состав има голем допринес за тоа - Добив многу со тоа што сум дел од него.

По паузата за репрезентативни обврски, Хазард повторно ја врати голгетерската форма постигнувајќи го последниот гол за Лил во победата од 4-1 над Кан во Лига Купот на Франција на 27-ми Октомври. Десет дена подоцна, тој го постигна својот втор гол во сезоната во победата од 3-1 против лидерот на табелата Брест. На 21-ви Ноември, Хазард беше асистент на двата погодока на Лил во победата од 2-1 над Монако. Победата ја продолжи непобедливата серија во домашното првенство, која го искачи Лил на врвот на табелата по убедливата победа од 6-3 над Лориен на 5-ти Декември. Хазард новата година ја започна со гол против аматерскиот клуб Форбах во Купот на Франција во првиот натпревар на неговата екипа во новата година. Лил победи со 3-1. Во следниот натпревар на тимот, тој беше асистент на головите на Муса Соу и Жервињо во победата од 2-0 на првенствениот натпревар со Ница. На 19-ти Јануари, Хазард го постигна вториот гол во победата од 3-0 над Нанси. На 4-ти Март, официјалните лица на Лил потврдија дека Хазард го продолжил договорот за уште една година. Новиот договор го обврзува на верност со клубот до 2015 година. Во првиот натпревар по потпишувањето на новиот догвор, Хазард го постигна првиот гол во победата на Лил од 2-1 на гостувањето кај конкурентот за титулата Марсеј. Голот го постигна со удар со левата нога од речиси 35 метри(38 јарди) оддалеченост од голот и беше упатен со брзина од 95 километри на час(59 милји).

На 2-ри Април, Хазард го одбележа 100-от натпревар во лигата за Лил, постигнувајќи го вториот во победата од 3-1 над Каен. Со голот го израмни својот рекорд на постигнати голови во една сезона и исто така го одведе Лил на врвот на табелата со осум бодови предност пред конкурентите. За неговите настапи во месец Март, Хазард по вторпат беше прогласен за Играч на месецот. На 19-ти Април, откако влезе во игра во првото полувреме како замена, тој го постигна првиот гол на натпреварот во победата на Лил од 2-0 над Ница во полуфиналето на Купот на Франција. Победата го одведе клубот во финалето на Купот на Франција, прв настап за клубот во финалето на ова натпреварување од 1955 година. На 7-ми Мај, Хазард постигна гол од слободен удар за победа од 1-0 над Нанси. Три дена подоцна, втора сезона по ред беше номиниран за наградата Играч на годината. Во финалето на Купот на Франција, Хазард играше до 89-та минута, во кое Лил со 1-0 го победи Париз Сен Жермен на Стад д’ Франс. Една недела подоцна, Лил ја обезбеди титулата во првенството(“Лига 1”), со ремито од 2-2 на гости против Париз Сен Жермен, освојувајќи ја првата титула во првенството по сезоната 1953-54, и исто така првата двојна титула по сезоната 1945-46. Домашниот куп и титулата во првенството беа првите два трофеја во кариерата на Хазард. Една недела откако Лил го освои првенството, Хазард беше прогласен за Играч на годината во првенството и со тоа стана најмладиот играч кој ја добил наградата. Тој, исто така, втора сезона по ред беше награден со место во Најдобриот тим на годината.

Сезона 2011 - 2012[уреди]

Пред сезоната 2011-12, Хазард го смени бројот на неговиот дрес во 10-ка. Во првиот официјален натпревар на Лил, во новата сезона против Олимпик Марсеј, во Суперкупот на Франција, Хазард постигна гол за 2-0 во тој момент. Марсеј потоа направи пресврт и победи со 5-4. На 20-ти Август, во третиот натпревар во првенството, Хазард му асистираше на Беноа Педрети во првиот гол за Лил во победата од 2-1 над Каен. Еден месец подоцна, на 10-ти Септември, тој даде два гола во победата од 3-1 на гости против Сент Етјен. Четири дена подоцна, Хазард дебитираше во Лигата на Шампиони, во ремито од 2-2 во групната фаза со рускиот тим ЦСКА Москва. Во следниот натпревар во првенството откако дебитираше во Лигата на Шампионите, тој постигна гол од пенал во ремито од 2-2 против Сошо. Три дена подоцна, Хазард го постигна израмнувачкиот погодок во ремито 1-1 против Бордо. Во неговиот втор настап во Лигата на Шампиони, тој му асистираше на Муса Соу, во единствениот гол на Лил во ремито од 1-1 против турската екипа Трабзонспор. Откако поминаа над два месеца без да постигне гол, на 3-ти Декември Хазард влезе во игра како резерва и го постигна победоносниот гол против Ајачио од пенал, пенал кој беше изведен во стилот на Антони Паненка. Два дена подоцна, Хазард беше меѓу неколкуте играчи номинирани за Тимот на годината на УЕФА, за календарската 2011 година. Потоа тој се пресели во екипата на Челзи за сума од 35 милиони фунти каде што беше најавено како најскапо засилување во Англија и најдобар трансфер на Челзи истата година. Тој засега има постигнато вкупно 13 гола и 11 асистенции за Челзи досега, што е импресивно за толку кратко време но не и импресивно за него бидејќи има многу натпревари до крајот на сезоната каде што Хазард може да ја покаже својата фудбалска вештина.

Репрезентативна кариера[уреди]

Младински репрезентации[уреди]

Хазард има играно за различни млади репрезентации на Белгија, како селекциите до 17 години и до 19 години. Со репрезентацијата до 17 години, Хазард беше стандарден во тимот и забележа 17 настапи и постигна четири гола. Тој играше со репрезентацијата на Тото Купот, годишен младински репрезентативен турнир кои се одржа во Австрија, и исто така играше на Европското првенство за играчи до 17 години, чиј што домаќин беше Белгија во 2007 година. На првенството, Хазард го постигна својот прв погодок од пенал во ремито од 2-2 против Холандија во првиот натпревар на првенството. Во текот на првенството, Хазард ги импресионираше медиумите и тренерите, со што поттикна многу во Белгија да го споредуваат со белгиската фудбалска легенда Енцо Скифо. Белгија загуби од Шпанија со 7-6 на пенали и беше елиминирана во полуфиналето на првенството. Белгија беше на неколку минути до победа, благодарение на автоголот на Давид Рокела за кои Хазард бепе делумно заслужен, но, сепак напаѓачот на Барселона, Бојан Кркиќ, го израмни резултатот и го одведе натпреварот во продолженија. Бидејќи се пласираа на третото место на првенството, Белгија се пласираше на Светското првенство за играчи до 17 години кое се одржа во Јужна Кореја. Хазард беше избран во тимот и играше на сите три натпревари во групата, во која Белгија беше елиминирана. Хазард го надмина со години тимот на Белгија до 18 години, и почна да добива повици за настап од тимот до 19 години во Октомври 2007 година. Тој за првпат настапи како резерва на натпреварот против Романија во победата од 4-0 во квалификациите за Европското првенство за играчи до 19 години во 2008 година. Тој потоа играше на следните два натпревари во групата против Исланд и Англија. Белгија ги загуби двата натпревара. Негативните резултати ја елиминираа репрезентацијата од натпреварувањето. Заради тоа што беше малолетен играч претходната година, Хазард имаше право на настап во тимот до 19 години за сезоната 2008-09. Заради се почестите настапи во првиот тим на Лил, на Хазард од неговиот клуб му беше дозволено да учествува единствено во квалификациите за Европското првенство за играчи до 19 години во 2009, и како резултат на тоа, тој го пропушти Милк Купот во 2008 година, кој се одржа за време на подготовките на Лил за новата сезона. На 7-ми Октомври, тој го постигна својот прв гол за репрезентацијата до 19 години, во победата од 5-0 над Естонија. Три дена подоцна, тој беше двоен стрелец во ремито од 2-2 против Хрватска. Во втората квалификациска рунда, Хазард беше предводник на тимот со три погодоци. На првиот натпревар во квалификациите против Република Ирска, тој го постигна единствениот гол. На следниот натпревар, Хазард беше клучен во демолирањето на Шведска со 5-0, постигнувајќи гол и асистирајќи на уште два гола. Во последниот натпревар тие се соочија со Швајцарија. На Белгија и беше потребна победа за сигурен пласман на Европското првенство за играчи до 19 години, но сепак тие беа елиминирани во квалификациите по нерешениот резултат 1-1 против Швајцарија, и покрај тоа што Хазард го отвори резултатот во 21-та минута за Белгија.

Сениорска репрезентација[уреди]

Иако Хазард сеуште може да ја претставува Белгија на младинско ниво, на 18-ти Ноември 2008 година, тој беше повикан за првпат во сениорскиот тим на Белгија од селекторот Рене Вандерејкен за натпреварот против Луксембург. Тој го направи долго очекуваното деби, откако влезе во игра како замена за Весли Сонк во 67-та минута. Со своето деби, Хазард стана осмиот најмлад играч во историјата на белгискиот фудбал, кој со 17 години и 316 дена играл за националниот состав. На 12-ти Август 2009 година, по три последователни настапи како резерва за репрезентацијата, тој за првпат беше во почетниот состав под водство на селекторот Франки Веркаутерен во поразот од 3-1 на пријателскиот натпревар со Чешка. По оставката на Веркаутерен, тој беше заменет од Дик Адвокат. Под водство на Адвокат, Хазард стана првотимец со составот и на 14-ти Ноември 2009 одигра цел натпревар за првпат во неговата репрезентативна кариера. Во натпреварот кој се одигра против Унгарија, Хазард асистираше на двата погодока во победата од 3-0.

Адвокат беше заменет на селекторската функција со Жорж Ликенс на 10-ти Мај 2010 година. Откако беше стартер на првите три натпревари под водство на Ликенс, Хазард почна да настапува како резерва за Белгија во текот на сезоната 2010-11. Ликенс го оправда префрлувањето на клупата на Хазард посочувајќи ги настапите на играчот во првенството, кои беа разочарувачки во тој период, а исто така призна дека Хазард покажува недостаток на желба на тренинзите со репрезентацијата и често ги запоставува дефанзивните задолженија за време на репрезентативните натпревари. Откако настапи како резерва на два натпревари по ред, Хазард се врати во почетниот состав на пријателскиот натпревар против Русија во Ноември 2010. На натпреварот кој го доби Белгија со 2-0, Хазард беше асистент на првиот погодок на Ромел Лукаку. Откако настапи како стартер на натпреварот со Финска во Февруари 2011 кој заврши нерешено 1-1, Хазард беше префрлен повторно на клупата за важните квалификациски натпревари во Март за Европското првенство 2012, бидејќи Ликенс се одлучи за Насер Чадли и Муса Дембеле на крилните позиции. На квалификацискиот натпревар против Азербејџан на 29-ти Март, тој настапи како замена во второто полувреме и беше асистент на последниот гол за тимот во победата од 4-1. По натпреварите, француските медиуми започнаа да прашуваат зошто Хазард се бори да биде ценет во неговата родна земја, додека во исто време е возвишуван во Франција. Марк Вилмоц, помошник-тренерот во националниот тим одговори на извештаите во медиумите, за кои што наведува: “ Некои луѓе ги гледаат само квалитетите на Еден” и дека “ францускиот печат понекогаш е заслепен од неговите моменти на магија.

Во следниот натпревар за Белгија против Турција на 3-ти Јуни 2011, Хазард го започна натпреварот, но беше заменет по 60 минути. Разочаран од својот настап и замената, играчот од средниот ред замина во соблекувалната и подоцна беше забележан на телевизија надвор од стадионот со своето семејство како јаде хамбургер, додека натпреварот сеуште беше во тек. По настанот, кој стана познат како “ Бургергејт “ во Белгија, Хазард се извини за дезертерството, додека Ликенс ја препиша одговорноста за заменувањето на клупа на Хазард со “ грешката која ја направил младиот играч “. На 4-ти Август, Ликенс најави дека против Хазард ќе биде покрената дисциплинска постапка за неговото однесување за време на натпреварот со Турција, и како резултат на тоа ќе го пропушти пријателскиот натпревар против Словенија на 10-ти Август, како и возвратниот квалификациски натпревар против Азербејџан на 2-ри Септември и пријателската средба против САД четири дена подоцна. На 9-ти Август, менаџерската групација која го застапува Хазард издаде соопштение за белгиските медиуми. Одбраната детално ги објасни постапките на Хазард за време на натпреварот со Турција, и ја критикуваше суспензијата од три натпревари, а исто така изрази сомнеж за постојаните критики на Ликенс кон Хазард. На 25-ти Август, беше објавено дека Ликенс ја укинал суспензијата на Хазард, и подоцна играчот од средниот ред беше повикан да игра во тимот за натпреварите во Септември. Ликенс одлучи да ја укине суспензијата, откако имаше средба со Хазард, која беше организирана од менаџерот на играчот.

На 7-ми Октомври, речиси три години по своето деби, Хазард го постигна својот прв гол во репрезентацијата против Казахстан, во победата од 4-1. Победата ја одведе Белгија на втората позиција во групата, во квалификациите за Европското првенство 2012, во која на Белгија и беше потребна победа против Германија на 11-ти Октомври за да обезбеди место во баражот. На натпреварот против Германија, Хазард го одигра целиот натпревар, а Белгија не успеа да обезбеди пласман на Европското првенство, откако загуби со 3-1 во Диселдорф.

Стил на игра[уреди]

Хазард првенствено игра или како офанзивен играч од средниот ред или како крило и е посочен како веројатно најголемиот талент во Европа во моментов. Под водство на тренерот на Лил, Руди Гарсија, Хазард често игра во второ споменатата улога, во формацијата 4-3-3 на тимот, и постојано ги менува крилните позиции заради неговата способност успешно да ги користи двете нозе. Две од највпечатливите карактеристики на Хазард се неговата брзина и техничката способност, кои се опишани како “ неверојатни “, односно “ застрашувачки “. Капитенот на тимот, Рио Мавуба, го опиша Хазард како одличен играч, со огромен талент. Тој, всушност, не е толку голем, но е многу брз. Тој е исто така тежок за чување, а неговата завршница е врвна. Брзината на Хазард комбинирана со неговата завршница и немоќта лесно да се задржи, го наведе неговиот поранешен тренер, Клод Пуел, да го нарече „ малиот Меси “ во споредбата со ѕвездата на Барселона. Мислењата на Пуел, подоцна беа повторени од Роланд Курбис, поранешниот тренер на Марсеј и медиумска личност, кој искоментира: “ На моменти ми изгледа како Лионел Меси на десната страна “. Талентот и вештината во стилот на игра на Хазард, беа опишани како слични со оние на ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, споредба која подоцна ја повтори поранешниот француски репрезентативец, Криштоф Дугари. Неговата визија во играта, опишана како карактеристика која тој најмногу ја има подобрено, му овозможи да се развие во ефикасен асистент, карактеристика со која надоместува за релативно малиот број на постигнати погодоци.

Во Белгија, талентот на Хазард и сличното возвишување во фудбалската хиерархија во земјата, доведе до споредба со поранешниот белгиски репрезентативец, Енцо Скифо. Двајцата играчи се од ист роден град, а Скифо помина период со Хазард додека тој беше во Тубице, признавајќи : “ Како што знаете, му бев тренер во Тубице. Во текот на неделата, водев грижа за младите играчи барем еднаш, и во тие денови веднаш забележав дека тој има сигурна иднина”. Сепак, и покрај позитивните мислења, Хазард претрпе и критики од некои. Неговиот поранешен селектор во репрезентацијата и ментор, Дик Адвокат, се согласи со мнозинството дека Хазард поседува се што треба за да биде играч од светска класа, но Адвокат сепак призна дека напаѓачот немал харизма и наведе “ Му реков да биде по харизматичен. Тој е талентиран, но неможе да се потпира на тоа засекогаш “. Во 2010 година, актуелниот селектор на репрезентацијата, Жорж Ликенс, се посомнева во залагањето на теренот на Хазард. Директорот на младинската академија на Лил, Жан-Мишел Вандам, се спротистави на критиките на селекторите, тврдејќи дека Хазард едноставно поседува интелектуална искреност што е надвор од вообичаеното и неочекувано за денешните фудбалери, изјавувајќи: “ Тој е вистински натпреварувач, не е измамник ниту плачко, затоа што нема да го слушнете како се жали кога ќе биде фаулиран”. Смиреноста на Хазард и сталоженото однесување на теренот, се посочени како едни од неговите најдобри атрибути. Досега во својата кариера како професионалец, во која има забележано над 160 настапи, Хазард има добиено само 11 жолти картони.

Статистика во кариерата[уреди]

Клупска статистика[уреди]

Клуб Сезона Првенство Куп[nb 1] Европа Друго[nb 2] {| class="wikitable" style="text-align:center;"
Club Season League Cup[nb 3] Europe Вкупно[nb 4] Total
Настапи Голови Асистенции Настапи Голови Асистенции Настапи Голови Асистенции Настапи Голови Асистенции Настапи Голови Асистенции
Lille 2007–08 4 0 0 0 0 0 4 0 0
2008–09 30 4 1 5 2 2 35 6 3
2009–10 37 5 8 3 1 0 12 4 1 52 10 9
2010–11 38 7 10 7 5 0 7 0 0 52 12 10
2011–12 19 7 5 1 1 0 6 0 1 1 1 0 27 9 6
Total 128 23 24 17 10 2 25 4 2 1 1 0 170 37 28
Career total 128 23 24 17 10 2 25 4 2 1 1 0 170 37 28

Репрезентативно ниво[уреди]

Репрезентација Сезона Настапи Голови Асистенции
Belgium 2008–09 4 0 1
2009–10 8 0 3
2010–11 8 0 3
2011–12 5 1 0
Total 25 1 7

Голови за репрезентација[уреди]

# Датум Стадион Противник Резултат Резултат Натпреварување
1 7 October 2011 King Baudouin Stadium, Brussels, Belgium  Казахстан
2–0
4–1
UEFA Euro 2012 qualifying
Correct as of 7 October 2011

Награди[уреди]

Клуб[уреди]

  • Титула во Лига 1 (1): 2010–11
  • Куп на Франција (1): 2010–11

Поединечни[уреди]

  • Играч на годината во Лига 1 (1): 2010–11
  • Млад играч во Лига 1 (2): 2008–09, 2009–10
  • Тимот на годината во Лига 1 (2): 2009–10, 2010–11
  • Играч на месецот (2): Март 2010,[155] Март 2011

Белешки[уреди]

  1. Includes Coupe de France and Coupe de la Ligue matches
  2. Includes FIFA Club World Cup, UEFA Super Cup, and Trophée des champions matches
  3. Includes Coupe de France and Coupe de la Ligue matches
  4. Includes FIFA Club World Cup, UEFA Super Cup, and Trophée des champions matches

Наводи[уреди]

  1. „Eden Hazard Chelsea profile“ (на French). Chelsea F.C.. 20 август 2012. http://www.chelseafc.com/first-team/player/42710. конс. 28 јули 2011. 

Надворешни врски[уреди]