Прејди на содржината

Шарлот Бронте

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шарлот Бронте
ПсевдонимЛорд Чарлс Алберт Флориан Велсли
Кјурер Бел
Занимањегувернанта, романописец, поет
НационалностАнгличанка
ЖанрПроза, Поезија
Значајни делаЏејн Ер, Villette

Шарлот Бронте (англиски: Charlotte Brontë; 21 април 181631 март 1855) — англиски романописец и поетеса, најстара од трите сестри Бронте чии романи претставуваат стандарди во англиската книжевност. Таа е писателката која ја напиша Џејн Ер под псевдонимот Карер Бел (Currer Bell).

Животопис

[уреди | уреди извор]

Шарлот е родена во Торнтон (Thornton), Јоркшир (Yorkshire), во 1816 година, како трето од шестте деца на Марија (родена Бранвел) и нејзиниот маж Патрик Бронте (претходно „Патрик Бранти“), ирски англикански свештеник. Во 1820 година, семејството се преселува неколку километри подалеку во Хаворт, каде Патрик е назначен за Perpetual Curate (вечен помошник на парохискиот свештеник). Госпоѓа Бронте умира од рак на 15 септември 1821 година, оставајќи ги петте ќерки и синот на грижа на нејзината сестра Елизабет Бранвел. Во август 1824 година, Шарлот, заедно со три нејзини сестри, Емили, Марија и Елизабет ја испраќаат во Училиштето на црковните ќерки (Clergy Daughters' School), во Кован Бриџ (Cowan Bridge) во Ланкашир (кое подоцна ќе го опише како Училиште Лоувуд (Lowood School) во Џејн Ер . Лошите услови во училиштето, кои Шарлот успеала да ги издржи, трајно влијаеле врз нејзиното здравје и физичкиот развој, и ја забрзале смртта на нејзините две постари сестри Марија (родена во 1814 година) и Елизабет (родена во 1815 година), кои умреле од туберколоза во јуни 1825 година, по нивното сместување во училиштето на први јуни од страна на татко им.[1]

Дома на имотот во Хаворт (Haworth Parsonage), Шарлот и другите преживеани деца, Бранвел, Емили и Ана, започнале да ги опишуваат животите и борбите на жителите на нивните замислени кралства. Шарлот и Бранвел ги пишуваат Бајронските приказни за нивната земја - Ангриа, а Емили и Ана пишуваат статии и песни за нивната - Гондал. Сагите разработени и срочени (сè уште постојат во одделни ракописи), им ги исполнувале детството и адолесценцијата со опсесивен интерес, кој ги подготвил за нивните идни литературни професии.

Шарлот го продолжува нејзиното образование во Роу Хед (Roe Head) Мирфилд (Mirfield), од 1831 до 1832 година, каде што ги запознава нејзините доживотни пријатели и дописници Елен Насеј (Ellen Nussey) и Мери Тејлор (Mary Taylor).[1] За време на овој период таа ја пишува нејзината новела Зеленото џуџе (1833) под псевдонимот Велсли (Wellesley). Шарлот се враќа за да работи како учителка од 1835 до 1838 година. Во 1839 година ја презема првата од многуте позиции како гувернанта во повеќе семејства во Јоркшир, кариера што ја одржува сè до 1841та година.

Ториевец по политичка определба, Шарлот проповеда толеранција, а не револуција. Негува високи морални принципи, и покрај нејзината срамежливост кога се наоѓа во друштво, секогаш е подготвена да ги брани своите убедувања.[2][3]

Во 1842 година таа и Емили патуваат за Брисел за да се запишат во интернат воден од Константин Хегер (Constantin Heger) (1809-1896) и неговата сопруга Клер Зое родена Хегер (Claire Zoé Parent Heger ) (1804-1887). Во замена за престој во интернатот и школарина, Шарлот предава англиски, а Емили музичко. Нивниот престој во интернатот е прекинат по кратко време заради смртта на Елизабет Бранвел во октомври 1842 година, нивната тетка која по смртта на нејзината мајка му се придружува на семејството за да се грижи за децата. Шарлот се враќа сама во Брисел во јануари 1843 година, за да предава во интернатот. Нејзиниот втор престој во интернатот не е среќен, се чувствува осамено, носталгично и длабоко поврзана со Константин Хегер. Конечно се враќа во Хаворт во јануари 1844 година. Подоцна го користи нејзиното време поминато во интернатот како инспирација за дел од Професор и Villette.

Во мај 1864 година, Шарлот, Емили, и Ана објавуваат заедничка збирка поезија под псевдонимите Кјурер (Currer), Елис (Ellis) и Ектон Бел (Acton Bell). Иако продадени се само две копии, сестрите продолжуваат да пишуваат дела за издавање и ги почнуваат нивните први романи. Во врска со ова, Шарлот подоцна ќе напише:

Со одбивност кон личниот публицитет ние ги криевме нашите имиња под оние на Кјурер, Елис и Ектон Бел, двосмислениот избор е диктиран од некој вид на совесна скрупула, преземајќи машки христијански имиња, и не сакајќи да се декларираме како жени, без да се посомневаме во тоа време дека нашиот начин на пишување и мислење не беше баш „женски“, затоа што имавме нејасна претстава дека на писателките се гледа со предрасуди. Имавме забележано како критичарите понекогаш за нивно казнување го користат оружјето на навреда на личноста, а за нивна награда ласкањето што не претставува вистинска награда.“[4]

Вистина е дека нејзините романи се сметани за груби од страна на критичарите.[5] Постојат и шпекулации во врска со идентитетот на Кјурер Бел и во врска со тоа дали Бел е маж или жена.

Насловна страна на првото издание на Џејн Ер

Братот на Шарлот, Бранвел, единствениот син во семејството, умира од хроничен бронхитис и неисхранетост, влошени од прекумерно пиење во септември 1848 година, иако Шарлот верувала дека неговата смрт е предизвикана од туберколоза. Имало и сомнеж дека Бранвел бил „уживател на опиум“, (т.е. зависник од опиум). Емили и Ана умираат од белодробна туберколоза во декември 1848, односно мај 1849 година.

Шарлот и нејзиниот татко сега се оставени сами. Со оглед на огромниот успех на Џејн Ер нејзиниот издавач ја убедувал да го посетува Лондон од време на време. Таму го открива нејзиниот вистински идентитет и почнува да се движи во повисоки општествени кругови, каде што се спријателува со Хериет Мартино (Harriet Martineau), Елизабет Гаскел (Elizabeth Gaskell), Вилијам Мејкпис Такереј (William Makepeace Thackeray) и Г. Х. Ливис (G. H. Lewes). Нејзината книга го поттикнува феминизмот во литературата. Главниот лик во нејзиниот роман „Џејн Ер“, Џејн Ер, е паралела на самата неа, жена што е силна. Меѓутоа, таа никогаш не го напушта Хаворт повеќе од неколку недели затоа што не сака да го остава сам нејзиниот стар татко.

Ќерката на Такереј, писателката Ана Изабела Такереј Ричи (Anne Isabella Thackeray Ritchie), се сеќава на една посета на нејзиниот татко од страна на Шарлот Бронте:

...влегоа два господина водејќи слаба, нежна, сериозна, мала дама, со светла права коса и мирни очи. Можеби има малку повеќе од триесет години, облечена е во мал barège фустан со шара на блед зелен мов. Влегува со ракавици на раце, со тишина, со сериозност. Нашите срца чукаат со дива возбуда. Значи ова е писателката, непознатата моќ, чии книги направија Лондон да зборува, чита, шпекулира. Некои луѓе дури велат дека нашиот татко ги напишал книгите, тие прекрасни книги...Моментот е толку восхитувачки што вечерата доаѓа како оттргање од сериозноста на пригодата, и сите се насмевнуваме додека мојот татко се наведнува нудејќи ја неговата рака. Тој гениј, за каков што се сметаше таа, едвај му достигнуваше до лактот. Мој личен впечаток е дека таа е некако сериозна и строга особено кон мали девојчиња кои сакаат да брборат. Сите го чекаа брилијантниот разговор кој никогаш не започна. Госпоѓица Бронте се повлече на каучот во работната соба, и од време на време ќе промрмореше нешто тивко со нашата љубезна гувернанта... разговорот стануваше се понејасен и понејасен, дамите седеа околу, сè уште во исчекување, татко ми беше премногу вознемирен од мрачното расположение и тишината за да може да учествува во сето тоа... откако замина госпоѓица Бронте, се изненадив кога го видов мојот татко како ја отвора влезната врата со шапката на глава. Ги стави прстите на уста, излезе надвор во мракот и тивко ја затвори вратата зад него... долго потоа... госпоѓица Проктер ме праша што се случи... Тоа беше една од најздодевните вечери што ги поминала во нејзиниот живот... дамите кои дојдоа толку многу очекувајќи прекрасен разговор, мрачното расположение, резервираноста, и на крајот начинот на кој татко ми совладан од ситуацијата ја напушти тивко собата, излезе од дома и отиде во неговиот клуб“.[6]

Во јуни 1854 година, Шарлот се мажи за Артур Бел Николс (Arthur Bell Nicholls), намесник на нејзиниот татко, и набргу потоа забременува. Нејзиното здравје драстично опаѓа во овој период, и според Гаскел (Gaskell), нејзиниот прв биограф, добивала напади на „чувство на постојана мачнина и несвестица што постојано се повторувала“.[7] Шарлот умира заедно со нејзиното неродено дете на 31 март 1855 година, на возраст од само 38 години. Како причина за смртта во нејзината посмртница е наведена туберколозата (phthisis), но многу биографи претпоставуваат дека умрела од дехидратација и неисхранетост, предизвикани од претерано повраќање од тешка утринска мачнина или hyperemesis gravidarum. Исто така постои доказ со кој се претпоставува дека Шарлот умрела од тифус што го добила најверојатно од Табита Екројд (Tabitha Ackroyd), најстарата слугинка во домаќинството Бронте која умрела малку време пред неа. Шарлот е погребана во семејната гробница во Црквата на Св. Мајкл и сите ангели (The Church of St. Michael and All Angels), Хаворт, Западен Јоркшир, Англија.

Животот на Шарлот Бронте , посмртната биографија на Шарлот Бронте од Гаскел, е првата од многуте објавени биографии на Шарлот. Иако верен кога станува збор за местата, Гаскел ги потиснува во втор план деталите за љубовта на Шарлот за Хегер, оженет човек, како преголема навреда за современиот морал, и како можен извор на болка за нејзините сè уште живи пријатели, татко и сопруг.[8] Гаскел исто така дава сомнителни и неточни информации за Патрик Бронте, тврдејќи на пр. дека не им дозволувал на своите деца да јадат месо. Ова е побиено преку еден од дневниците на Емили Бронте, во кој го опишува подготвувањето на месо и компири за вечера на нивниот имот, како што истакнува Џулиет Баркер (Juliet Barker) во нејзината неодамнешна биографија „Бронтеви“.

Првонапишаниот роман е објавен посмртно во 1857 година, фрагмент на кој Шарлот работи во последните години од нејзиниот живот (1860), двапати довршуван од понови автори, најпознатата негова верзија е „Ема Браун: Роман од недовршениот ракопис на Шарлот Бронте“ од Клер Бојлан 2003 ( Emma Brown: A Manuscript by Charlotte Brontë Novel from the Unfinished by Clare Boylan, 2003). Објавен е и поголем дел од Ангриа (Angria) во децениите што следуваат.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  • The Spell
  • The Secret
  • The Foundling
  • The Green Dwarf
  • My Angria and the Angrians
  • Albion and Marina

The Green Dwarf, A Tale of the Perfect Tense was written in 1833 under the pseudonym Lord Charles Albert Florian Wellesley. It shows the influence of Walter Scott, and Brontë's modifications to her earlier gothic style have led Christine Alexander to comment that, in the work, "it is clear that Brontë was becoming tired of the gothic mode per se".[9]

  • Tales of Angria, written 1838-1839
    • A collection of childhood and young adult writings including the short novels
      • Mina Laury
      • Stancliffe's Hotel
      • The Duke of Zamorna
      • Henry Hastings
      • Caroline Vernon
  • Tales of the Islanders
  • Jane Eyre, published 1847
  • Shirley, published 1849
  • Villette, published 1853
  • The Professor, written before Jane Eyre, submitted at first along with Wuthering Heights and Agnes Grey, then separately, and rejected in either form by many publishing houses, published posthumously in 1857
  • Emma, unfinished; Charlotte Brontë wrote only 20 pages of the manuscript, published posthumously in 1860. In recent decades, at least two continuations of this fragment have appeared:
  1. 1,0 1,1 Fraser, Rebecca (2008). Charlotte Brontë: A Writer's Life (2. изд.). New York, NY: Pegasus Books LLC. стр. 261. ISBN 978-1-933648-88-0.
  2. „Michele Roberts on Charlotte Bronte, the gourmet“. New Statesman. 5 May 2003. Архивирано од изворникот на 2008-12-04. Посетено на 13 January 2011.
  3. „Charlotte Brontë“. Brontë.org.uk. Посетено на 13 January 2011.
  4. "Biographical Notice of Ellis And Acton Bell", from the preface to the 1910 edition of Wuthering Heights.
  5. Fraser, Rebecca. Charlotte Bronte: A Writer's Life. New York: Pegasus, 2008, p. 24.
  6. Anne Isabella Thackeray Ritchie. Chapters from Some Memoirs. cited in Sutherland, James (ed.) The Oxford Book of Literary Ancedotes. OUP, 1975. ISBN 0198121393.
  7. Real life plot twists of famous authors, CNN, 25 September 2007
  8. Lane (1853), стр. 178–83 Отсутно или празно |title= (help)
  9. Christine Alexander, "That Kingdom of Gloo": Charlotte Brontë, the Annuals and the Gothic, Nineteenth Century Literature, 47 (1993), pp. 430-432.
  10. The Independent, 13 September 2003, review by Charlotte Cory of Emma Brown
  11. Constance Savery, Life and Works; see for example Publishers of Savery's Adult Novels Архивирано на 29 октомври 2011 г..
  • Margaret Lane (1953) The Brontë Story: a reconsideration of Mrs. Gaskell's Life of Charlotte Brontë.

Додатна библиографија

[уреди | уреди извор]
  • The Letters of Charlotte Brontë, 3 volumes edited by Margaret Smith
  • The Life of Charlotte Brontë, Elizabeth Gaskell
  • Charlotte Brontë, Winifred Gérin
  • Charlotte Brontë: a passionate life, Lyndal Gordon
  • The Literary Protégées of the Lake Poets, Dennis Low (Chapter 1 contains a revisionist contextualization of Robert Southey's infamous letter to Charlotte Brontë)
  • Charlotte Brontë: Unquiet Soul, Margot Peters
  • In the Footsteps of the Brontës, Ellis Chadwick
  • Charlotte Brontë, Rebecca Fraser
  • The Brontës, Juliet Barker
  • Charlotte Brontë and her Dearest Nell, Barbara Whitehead
  • The Brontë Myth, Lucasta Miller
  • A Life in Letters, selected by Juliet Barker
  • Charlotte Brontë and her Family, Rebecca Fraser
  • The Oxford Reader's Companion to the Brontës, Christine Alexander & Margaret Smith
  • A Brontë Family Chronology, Edward Chitham
  • The Crimes of Charlotte Bronte, James Tilly, 1999
  • I Love Charlotte Bronte, Michelle Daly 2009

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Предлошка:Jane Eyre Предлошка:Bronte