Тиквеник: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: два пати → двапати
с ==Поврзани теми== *Тикварник
Ред 25: Ред 25:

Постапката се повторува за сите кори. Корите се редат во тепсија и врз ролатите се ставаат 4-5 лажици од преливот. Се пече во загреана рерна на температура од 200 степени околу 25-30 минути. По печењето се оставаат малку да оладат, се сечат на помали парчиња и се наросуваат со шеќер во прав.

==Поврзани теми==
*[[Тикварник]]

==Наводи==
==Наводи==

Преработка од 22:39, 7 декември 2020

Тиквеник
Парче тиквеник
Дел од оброкотдесерт или закуска
Место на потеклоМакедонија, Бугарија, Србија
Температура на послужувањетопло и ладно
Главни состојкибрашно, вода, тиква

Тиквеникпита, баница со тиква.[1] Понекогаш може да се додаде канела, морско оревче или слични зачини, како и суво грозје, рендана кора од лимон или кршени ореви. Баницата обично се посолува со шеќер во прав, а може да се сервира топло или ладно.

Рецепт[2]

Се замесува тесто од 600 гр брашно, 2 лажички сол, 300 мл млака вода, 50 мл масло и се дели на 4 дела. Четирите топчиња се премесуваат двапати, се валаат во брашно, се ставаат во кеса и се покриваат со крпа. Тестото се остава да одмора 1 час.

Во меѓувреме се ренда свежа тиква, 600 гр и се меша со 3 лажички канела. Се подготвува прелив од 200 гр путер и 200 мл путер, така што истите се загреваат сè додека путерот не се растопи и убаво да се врзат.

Топчињата тесто се сукало се развлекуваат во кори на кои се нанесуваат 2-3 лажици прелив и потоа се тегнат (што потенко). Повторно се напрскува со 3-4 лажици прелив и двата долги краја се преклопуваат до средината на кората, па повторно се напрскува со 2-3 лажици прелив. Другите два краја се преклопуваат да се добие убав правоаголен облик. На средината на кората се наросува околу 60 гр шеќер, една четвртина од ренданата тиква со канела. Врз филот се наросуваат 2 лажички гриз.

Постапката се повторува за сите кори. Корите се редат во тепсија и врз ролатите се ставаат 4-5 лажици од преливот. Се пече во загреана рерна на температура од 200 степени околу 25-30 минути. По печењето се оставаат малку да оладат, се сечат на помали парчиња и се наросуваат со шеќер во прав.

Поврзани теми

Наводи