Хисен Рамадани: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 23: Ред 23:


{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Рамадани}}
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Рамадани}}
[[Категорија:Родени во Тетовско]]
[[Категорија:Луѓе од Тетовско]]
[[Категорија:Пирок]]
[[Категорија:Пирок]]
[[Категорија:Македонски Албанци]]
[[Категорија:Македонски Албанци]]

Преработка од 11:59, 19 мај 2018

Хисен Рамадани
Роден 3 јануари 1933
Пирок, тетовско
Починал 4 јануари 2012
Скопје, Македонија Македонија
Занимање политичар и политиколог

Хисен Рамадани (алб.: Hisen Ramadani; Пирок, тетовско, 3 јануари 1933 - 4 јануари 2012 во Скопје) бил македонски политичар и политиколог.

Биографија

Рамадани е роден во тетовското село Пирок на 3 јануари 1933 година. Дипломирал на Високата школа за политички науки во Белград. Бил учител, наставник, директор на основно училиште и просветен советник во Околискиот завод за школство во Тетово, член на Околискиот комитет на СКМ во Тетово, член на Општинскиот комитет на СКМ и претседател на Општинскиот одбор на ССРНМ во селото Жеровјане. Подоцна бил член на ЦК на СКМ, раководител на Комисијата за идеолошко образование и член на Извршниот комитет на ЦК на СКМ, пратеник во Собранието на СРМ и на СФРЈ, член на Универзитетскиот совет, член на Редакцискиот совет на веснокот „Комунист“ и секретар и потпретседател на Републичката конференција на ССРНМ, како и потпретседател на Извршниот совет на СРМ. По осамостојувањето на Македонија бил член на Партијата на албанските интелектуалци и во два мандата пратеник во Собранието на Македонија[1].

Починал во Скопје на 4 јануари 2012 година.

Наводи