Вардар: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 22: Ред 22:


80% од течението на Вардар се наоѓа Република Македонија, заради што територијата на денешна [[Македонија]] го носела името "Вардарска [[бановина]]" во времето на [[Кралство Југославија]].
80% од течението на Вардар се наоѓа Република Македонија, заради што територијата на денешна [[Македонија]] го носела името "Вардарска [[бановина]]" во времето на [[Кралство Југославија]].

[[Категорија:Реки во Македонија]]


[[sr:Вардар]]
[[sr:Вардар]]

Преработка од 12:57, 11 февруари 2006

Вардар е најголемата река во Република Македонија и македонскиот регион во југоисточна Европа. Таа е 388 км долга и покрива површина од приближно 25,000 km².

Податотека:Gostivar-Vardar.jpg
Вардар во Гостивар

Течение на реката Вардар

Податотека:49116551 ea29c2e119 m.jpg
Вардар во Скопје (со Камениот мост)

Вардар има навистина композитна речна долина поради редењето на клисури и котлини една по друга вдолж нејзиното течение. Реката извира во Вруток, неколку километри југозападно од Гостивар во северозападниот дел на Република Македонија, продолжува да тече низ градот Гостивар и котлината Полог каде има неколку притоки Лакавица, Маздрача, Пена. Потоа преку Дервенската клисура навлегува во Скопската котлина каде прима вода од Лепенец, Треска, Пчиња и минува низ Скопје. Преку Таорската Клисура навлегува во малата Велешка котлина и минува низ Велес. Овде се вливаат Кадина Река, Тополка и Бабуна. Пототоа преку Велешката клисура навлегува во Тиквешката котлина каде се вливаат двете нејзини најголеми притоки Црна Река од лева и Брегалница од десна страна. Навлегува во познатата Демиркаписка клисура, а преку нејзе во Гевгелиско-Валандовската котлина каде што ја преминува грчката граница и се влева во Егејското море во Централна Македонија западно од Солун во северна Грција.

Податотека:Veles01.jpg
Вардар во Велес

Некои податоци за Вардар

Должина: 301 km во Република Македонија(вкупно 388 km)

Површина на речен слив: 20 535 km²

Среден пад: 2,1%

Среден проток: 174 m3/sec

80% од течението на Вардар се наоѓа Република Македонија, заради што територијата на денешна Македонија го носела името "Вардарска бановина" во времето на Кралство Југославија.