Димитар Мирчев: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Брзо додавање категорија Амбасадори на Македонија во Словенија (со користење на [[WP:
Нема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
'''Димитар Мирчев''' (роден во [[1942]] година) е македонски универзитетски професор, политиколог и поранешен амбасадор. Дипломирал на Правниот факултет во [[1966]] година на Универзитетот во [[Белград]] (политичко-управна насока), магистрирал на политички науки во [[1971]] год. на [[УКИМ|Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”]], Скопје, а со титулата доктор од политички науки се здобива на [[Универзитетот во Љубљана]] во [[1977]] год. Специјализација: Методологија на општествени истражувања на Универзитетот во Брадфорд, ВБ, [[1969]]-[[1971]] г. Пост-докторска специјализација: Јавна политика и меѓународни односи, Универзитет во [[Питсбург]], [[САД]], [[2003]]-[[2004]] година.
'''Димитар Мирчев''' (роден во [[1942]] година) е македонски универзитетски професор, политиколог и поранешен амбасадор. Дипломирал на Правниот факултет во [[1966]] година на [[Универзитетот во Белград]] (политичко-управна насока), магистрирал на политички науки во [[1971]] год. на [[УКИМ|Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”]], Скопје, а со титулата доктор од политички науки се здобива на [[Универзитетот во Љубљана]] во [[1977]] год. Специјализација: Методологија на општествени истражувања на Универзитетот во Брадфорд, ВБ, [[1969]]-[[1971]] г. Пост-докторска специјализација: Јавна политика и меѓународни односи, Универзитет во [[Питсбург]], [[САД]], [[2003]]-[[2004]] година.


Димитар Мирчев бил редовен професор по политичка социологија и политички систем на [[Филозофскиот факултет во Скопје]] и проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје ([[1992]]-[[1993]]). Од 1993-1999 г. е вонреден и ополномоштен [[амбасадор на Република Македонија]] во [[Ватикан]] и [[Словенија]]. Актуелно е декан на Факултетот за политички науки на [[ФОН Универзитет]]от и раководител на последипломските студии на ФОН Универзитетот.
Димитар Мирчев бил редовен професор по политичка социологија и политички систем на [[Филозофскиот факултет во Скопје]] и проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје ([[1992]]-[[1993]]). Од 1993-1999 г. е вонреден и ополномоштен [[амбасадор на Република Македонија]] во [[Ватикан]] и [[Словенија]]. Актуелно е декан на Факултетот за политички науки на [[ФОН Универзитет]]от и раководител на последипломските студии на ФОН Универзитетот.

Преработка од 23:16, 9 септември 2011

Димитар Мирчев (роден во 1942 година) е македонски универзитетски професор, политиколог и поранешен амбасадор. Дипломирал на Правниот факултет во 1966 година на Универзитетот во Белград (политичко-управна насока), магистрирал на политички науки во 1971 год. на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Скопје, а со титулата доктор од политички науки се здобива на Универзитетот во Љубљана во 1977 год. Специјализација: Методологија на општествени истражувања на Универзитетот во Брадфорд, ВБ, 1969-1971 г. Пост-докторска специјализација: Јавна политика и меѓународни односи, Универзитет во Питсбург, САД, 2003-2004 година.

Димитар Мирчев бил редовен професор по политичка социологија и политички систем на Филозофскиот факултет во Скопје и проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје (1992-1993). Од 1993-1999 г. е вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Ватикан и Словенија. Актуелно е декан на Факултетот за политички науки на ФОН Универзитетот и раководител на последипломските студии на ФОН Универзитетот.

Димитар Мирчев е основач и Претседател на Европското движење во Република Македонија, Амбасадор на мирот на Универзалната светска федерација за мир и член на Глобалниот светски совет за мир. За особени заслуги во дипломатијата и меѓународното разбирање, во 1998 год. папата Јован Павле II го прогласил за Витез на редот на Свети Грегориј Велики. Димитар Мирчев е член на Комитетот на правни специјалисти на IPSA, Меѓународната асоцијација за политички науки и редовен член на Меѓународната академија на природни и хуманитарни науки „Кнезови Шчербатови“, Москва.

Публикации

Димитар Мирчев остварил обемен опус во повеќе општествени области (науката, образованието, политиката и јавноста). Неговите постигања се препознати и признати во Македонија и во странство. Објавил над 180 написи, книги, статии и монографии од областа на политологијата, политичката социологија и надворешната политика. Во текот на својата научно-истражувачка, образовно-воспитна дејност бил ментор на повеќе од 40 магистерски и 22 доктори на науки во областа на политичките и социолошките науки и евро-интеграциите.[1] Голем број од овие магистри и доктори денес се наставници или истражувачи на универзитететите во Скопје, Битола, на ЈИЕ во Тетово, на ФОН, некои од нив работат во македонската дипломатија, новинарството, јавната администрација и култура. Преку Европското движење во Македонија чиј основач и претседател е, тој има организирано и одржано стотина трибини, натпревари во европски знаења, семинари и школи на кои земаат учество многу средношколци и студенти.

  • „Политолошки компендиум“. 2003. Универзитет ФОН, Скопје
  • "Macedonian Foreign Policy 1991-2006". 2006. University FON. Skopje.
  • „Модерната политологија. Темелите на проучувањето на политичкиот живот“ (заедно со Др. Лидија Христова). 2008г. Култура, Скопје и Универзитет ФОН.[2]

Наводи