Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола
Вид | државен |
---|---|
Основан | 25 април 1979 |
Ректор | проф. д-р Игор Неделковски |
Студенти | 13.000 [1] |
Место | Битола, Република Македонија |
https://uklo.edu.mk/ |
Универзитет „Св. Климент Охридски“ — високошколска установа во Битола, вториот универзитет во современа Македонија, основан на 25 април 1979 г.
Со основањето на универзитетот била остварена историската цел за обединување на постојните високообразовни и научно-истражувачки установи од југозападниот регион на Македонија, односно Битола, Прилеп и Охрид, како придонес за порамномерен развој на Македонија.
На 8 декември 1994, на денот на Св. Климент Охридски, универзитетот го добил своето денешно име. Универзитетот ја прославил својата 35-годишнина на 25 април 2009.[2]
Универзитетот членува во разни меѓународни образовни здруженија, вклучувајќи ги EUA и BUA, а носител е и на Повелбата Еразмус+.
Научни полиња и области
Природни науки
- Компјутерски и информатички науки
Техничко – технолошки науки
- Транспортно инженерство
- Електроенергетика, електроника, електротехника
- Електроенергетски и комуникациски системи
- Применето инженерство (заштита на животната и работната средина)
- Машинство
- Мехатроника
- Графичко инженерство
Медицински науки и здравство
- Сестринство
- Нутриционизам (гастрономија)
- Диететика
- Здравствена грижа (акушерство, физиотерапија, радиологија, медицинска лабораторија)
- Форензички науки
Биотехнички науки
- Прехранбена технологија и биотехнологија
- Преработка на анимални производи
- Агрономија, растително производство и заштита на растенија
- Ветерина
Општествени науки
- Економски науки (финансии, менаџмент, банкарство, сметководтсво, ревизија, маркетинг, осигурување)
- Образование
- Правни науки
- Туризам и угостителство
- Безбедност
- Политички науки
- Организациски науки и управување
Хуманистички науки
- Наука за јазикот
Наука за книжевност
Образовни установи
[уреди | уреди извор]Денес универзитетот вклучува 12 високообразовни институции (10 факултети, 1 висока школа, 1 научен институт) и 4 придружни членки:
- Технички факултет
- Економски факултет
- Факултет за туризам и угостителство
- Педагошки факултет
- Факултет за биотехнички науки
- Факултет за администрација и менаџмент на информациски системи
- Висока медицинска школа
- Факултет за безбедност
- Правен факултет
- Технолошко-технички факултет
- Ветеринарен факултет
- Факултет за информатички и комуникациски технологии
- Научен институт за тутун
- Хидробиолошки завод
- Институт за старословенска култура
Придружни членки
[уреди | уреди извор]- НУУБ „Св. Климент Охридски“
- Студентски дом „Кочо Рацин“
- Хидробиолошки завод - Охрид
- Институт за старословенска култура - Прилеп
Меѓународно научно списание - Хоризонти
[уреди | уреди извор]Хоризонти е меѓународно научно списание на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола, коешто се објавува во две серии според посебни групи научни подрачја: Серија А од подрачјето на општествените и хуманистичките науки и Серија Б од подрачјето на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и медицинските науки.
Научното списание Хоризонти е класифицирано во базата EBSCO.
Хоризонти е современо научно списание во кое се почитуваат принципите на научна непристрасност и издавачка принципиелност што се поттик, посебно за младите научници и истражувачи.
Студии и наставници
[уреди | уреди извор]Универзитетот реализира наставно-образовен процес од 50 додипломски студиски програми, 49 студиски програми за последипломски студии и 10 студиски програми за докторски студии. На високообразовните установи на универзитетот студираат повеќе од 13.000 студенти, а наставнообразовниот процес го реализираат 219 наставнички, 93 соработнички и 215 административно-технички кадар. Дејноста на научно-истражувачката дејност ја остваруваат 54 научни работници.
Извори
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално мрежно место на Универзитетот „Св. Климент Охридски“
- Мрежно место на матичната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски.“ Архивирано на 3 јануари 2011 г.
- Општина Битола Архивирано на 5 март 2016 г. - Прославена 35-годишнината на УКЛО
Оваа статија поврзана со Битола е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
|