Хидробиолошки институт - Охрид
Хидробилошки институт | |
---|---|
Податоци за органот | |
Основан | 1935 |
Седиште | Охрид, Македонија |
Мрежно место | |
Службено мрежно место |
Хидробиолошкиот институт е образовно-научен институт во Македонија. Седиштето на институтот е во Охрид и истиот е основан во 1935 година. Главна цел на институтот е лимнологијата
на езерата и реките во Македонија. Покрај научната дејност, институтот располага и со мрестилиште за пастрмски видови со капацитет од 20 милиони зрна икра, младици или подмладок на ендемските видови пастрмки од Охридското Езеро.
Научно-образовни цели
[уреди | уреди извор]Инситутот, уште од своето основање во 1935 година, имал за цел истражување на природните и вештачките езера во Македонија, како и речните текови во државата. Посебно внимание институтот обрнува на Охридското Езеро.
Институтот е поделен на следните одделенија, односно интересни сфери:[1]
- физичко-хемиско одделение
- микробиолошко одделение
- фитопланктонско одделение, (алги и примарна продукција),
- зоопланктонско одделение
- макрозообентосно одделение
- макрофитска вегетација,
- ципринидни риби, применето рибарство и аквакултура,
- паразитологија на риби,
- еко-токсикологија, и
- молекуларна биологија.
Опременост
[уреди | уреди извор]Покрај мрестилиштето, институтот е опремен со високософистицирана теренска и лабораториска опрема за потребите на истражување и Програмата за мониторинг на Охридското и Преспанското Езеро, како и за изведување лимнолошки истражувања на други природни и вештачки езера.
Покрај тоа, институтот поседува и брод за теренска работа на Охридското Езеро, опремен со кран и чекрк, радар и ехо-сондер со ГПС, профајлер (темепература, пХ, спроводливост, О2), ПАР (фотоактивно зрачење), опрема за семплирање седименти, опрема за семплирање проби на води, планктонски мрежи итн.
Издаваштво
[уреди | уреди извор]Институтот имал објавено повеќе од 800 трудови кои се публицирани и презентирани.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|