Прејди на содржината

Хидробиолошки институт - Охрид

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хидробилошки институт
Податоци за органот
Основан 1935
Седиште Охрид, Македонија Македонија
Мрежно место
Службено мрежно место


Хидробиолошкиот институт е образовно-научен институт во Македонија. Седиштето на институтот е во Охрид и истиот е основан во 1935 година. Главна цел на институтот е лимнологијата на езерата и реките во Македонија. Покрај научната дејност, институтот располага и со мрестилиште за пастрмски видови со капацитет од 20 милиони зрна икра, младици или подмладок на ендемските видови пастрмки од Охридското Езеро.

Научно-образовни цели

[уреди | уреди извор]

Инситутот, уште од своето основање во 1935 година, имал за цел истражување на природните и вештачките езера во Македонија, како и речните текови во државата. Посебно внимание институтот обрнува на Охридското Езеро.

Институтот е поделен на следните одделенија, односно интересни сфери:[1]

  • физичко-хемиско одделение
  • микробиолошко одделение
  • фитопланктонско одделение, (алги и примарна продукција),
  • зоопланктонско одделение
  • макрозообентосно одделение
  • макрофитска вегетација,
  • ципринидни риби, применето рибарство и аквакултура,
  • паразитологија на риби,
  • еко-токсикологија, и
  • молекуларна биологија.

Опременост

[уреди | уреди извор]

Покрај мрестилиштето, институтот е опремен со високософистицирана теренска и лабораториска опрема за потребите на истражување и Програмата за мониторинг на Охридското и Преспанското Езеро, како и за изведување лимнолошки истражувања на други природни и вештачки езера.

Покрај тоа, институтот поседува и брод за теренска работа на Охридското Езеро, опремен со кран и чекрк, радар и ехо-сондер со ГПС, профајлер (темепература, пХ, спроводливост, О2), ПАР (фотоактивно зрачење), опрема за семплирање седименти, опрема за семплирање проби на води, планктонски мрежи итн.

Издаваштво

[уреди | уреди извор]

Институтот имал објавено повеќе од 800 трудови кои се публицирани и презентирани.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]