Сали Мугабе: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Bogorm (разговор | придонеси)
слика
Bogorm (разговор | придонеси)
→‎Смрт: везе
Ред 23: Ред 23:
== Смрт ==
== Смрт ==


Сали умира на [[27 јануари]], [[1992]] од бубрежно заболување. Погребана е на Државните гробишта на хероите во Хараре. Во [[2002]], по повод обележувањето на десетгодишнината од нејзината смрт, во Зимбабве се отпечатени 4 поштенски марки со нејзиниот лик.
Сали умира на [[27 јануари]], [[1992]] од [[Бубрег|бубрежно]] заболување. Погребана е на Државните гробишта на хероите во Хараре. Во [[2002]], по повод обележувањето на десетгодишнината од нејзината смрт, во Зимбабве се отпечатени 4 [[Поштенска марка|поштенски марки]] со нејзиниот лик.


[[Категорија:Зимбабве]]
[[Категорија:Зимбабве]]

Преработка од 19:44, 18 февруари 2011

Сали Мугабе во САД, 1983

Сали Франческа Хајфрон Мугабе (на анг. Sally Francesca (Hayfron) Mugabe), исто така позната и како Сали Мугабе, е првата сопруга на Роберт Мугабе (претседателот на Зимбабве) и е прва дама на Зимбабве од 1980, па сè до својата смрт во 1992 година. Во Зимбабве таа е позната како „Амаи“ (мајка).

Ран живот

Родена е во Гана во 1932; Сали и нејзината близначка Естир се одгледани во политичко семејство кое било дел од растечкото националослободително движење во колонијална Гана.

Сали Мугабе станува учителка, која за прв пат се изјаснува како независен политички активист во 1962, кога ги поттикнува и организира африканките да се спротистават на Уставот на Јужна Родезија, составен од страна на Јан Смит, поради што е обвинета и осудена на 5 години затвор.

Семејство

Хајфрон се омажува за Роберт Мугабе во Април, 1961 година во Хараре (тогаш нарекуван Солзбери). Во 1967, Сали емигрира во Лондон, каде ги поминува останатите 8 години, застапувајќи се за ослободувањето на политичките затвореници во Јужна Родезија (во кои припаѓа и нејзиниот сопруг, кој бил уапсен во 1964 и затворен за 10 години). Нивниот единствен син, Нхамодзеника, роден во 1963 за време на периодот на заточеништво, заболел од маларија и умира во Гана во 1966. Мугабе е спречен да присуствува на погребот на својот син, така што Сали е принудена сама да ги поднесе физичко-емоционалните тегоби од оваа загуба.

По излегувањето на Мугабе од затвор во 1975 и неговото бегство во Мозамбик заедно со Едгар Текере (неговиот соработник-револуционер и најдобар пријател), се засилува граѓанската војна. Сали Мугабе успева да се сретне со својот сопруг во Мапуто (главниот град на Мозамбик), каде ја презема улогата на мајка за илјадници прогонети Зимбабвејци револуционери, кои бегале од родезиското правно потчинеништво. Нејзините напори од овој период и го донесуваат називот Amai (мајка).

Крај на политичката кариера

Во 1978 е избрана на заменик-претседател на Лигата на жените при ZANU-PF. Во 1980 таа морала да се приспособи кон делото на првиот премиер на земјата од африканско потекло. Избрана е за генерален секретар на Лигата на жените при ZANU-PF на партиски конгрес одржан во 1989.

Таа исто така е основач на Зимбабвеанското движење за закрепнување на децата. Сали Мугабе го основа Здружението на зимбабвеанските жени во Британија во 1986 година и ја поддржува организацијата Akina Mama wa Africa со седиште во Лондон, која се занимава со женските прашања во Африка и Обединетото Кралство.

Смрт

Сали умира на 27 јануари, 1992 од бубрежно заболување. Погребана е на Државните гробишта на хероите во Хараре. Во 2002, по повод обележувањето на десетгодишнината од нејзината смрт, во Зимбабве се отпечатени 4 поштенски марки со нејзиниот лик.