Разговор со корисник:Ehrlich91/Архива 2

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија


Наградени сте!

Награда за неуморност
Еве една награда од мене до Вас за вашата неуморна и забележителна работа на Википедија! Бојан имаш за кажување? 22:29, 4 јануари 2012 (CET)[одговори]
Фала многу за наградата. Ehrlich91 (разговор) 22:40, 4 јануари 2012 (CET)[одговори]

Преместување

Здраво. Би сакал да те известам дека статиите од топонимијата на Германија кои започнуваат на See- ги преместив од Зе- во Зее-, бидејќи во македонскиот јазик мислам дека се предаваат според нивниот правилен изговор во германскиот јазик. Поздрав и пријатна работа.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:11, 12 јануари 2012 (CET)[одговори]

P.S. Ги вратив преместувањата, па сè додека не провериме во Правопис или не се решиме како да ги именуваме нека останат како што се. Ова навистина ме заинтересира, со оглед на фактот дека обично македонската транскрипција на германскиот јазик го следи правилниот изговор на зборовите. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:20, 12 јануари 2012 (CET)[одговори]

Не сум го прчитал тоа во Правописот, а мојата двојба најмногу беше поради транскрипцијата на германската топонимија во рускиот јазик. Таму на пример, Зефелд (Seefeld) се транскрибира како Зеефелд. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 02:28, 13 јануари 2012 (CET)[одговори]
Благодарам.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:41, 13 јануари 2012 (CET)[одговори]

Наградени сте!

Награда за трудољубивост
Не можам да издржам без да доделам награда за огромната посветеност во работата.:) Kiril Simeonovski (разговор) 00:14, 20 јануари 2012 (CET)[одговори]

Јубилејна статија

Здраво. Потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и овој пат ќе избереме статија со занимлива содржина. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:05, 31 јануари 2012 (CET)[одговори]

Избрани статии

Здраво. Мислам дека статиите се добри и јас би гласал да бидат избрани. Единствено нешто кое треба да се прошири е делот за климата во статијата за Хановер, па ќе се нафатам да го преведам овој дел од Википедија на германски. Друга работа е што ако обете статии бидат избрани, голема ќе биде временската разлика меѓу нивното објавување, бидејќи подробно се однесуваат на иста тема. Слободно може да ги предложиш статиите за избрани.:) Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:55, 8 февруари 2012 (CET)[одговори]

Хановер

Статијата Хановер, која Вие ја создадовте, проширивте и предложивте, го доби статусот „избрана статија“. Ве повикувам да напишете некоја друга статија, а доколку знаете веќе некоја постоечка која ги задоволува критериумите, слободно предложете ја.

Секоја чест за целокупниот вложен труд во врска со статијата.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:16, 15 февруари 2012 (CET)[одговори]

Покана за Вики средба

На 2 март 2012 година (петок), со почеток во 20.00 часот, во кафулето EveryDay во Скопје, ќе се одржи Вики средба на која уредувачите на википедија на македонски јазик и нејзините корисници ќе имаат прилика да се дружат и разговараат за теми од заеднички интерес. Се радуваме што во изминатиот период уредувавте на википедија и со задоволство ве покануваме на средбата. Повеќе информации за средбата може да најдете тука, односно за локацијата на кафулето - http://g.co/maps/qq7q5. Поздрав. Brest-bot (разговор) 17:59, 1 март 2012 (CET)[одговори]

Јубилејна статија (55.000)

Здраво. Потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и за овој јубилеен број ќе избереме статија со занимлива содржина.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:19, 20 март 2012 (CET)[одговори]

ВикиПроект Одржување (ВП:ОД)

(ова е известување за сите администратори и поактивни корисници)

Здраво! Јас ја собрав работата која што треба рутински да се врши за одржување на Википедија и ја поделив во 1)секојдневни, 2)неделни и 3)долгорочни задачи. На ВП:ОД има детален алгоритам којшто секој може да го следи ако сака да се приклучи во работата. Целта ми беше да воведам систематски начин на одржување кој ќе ни помогне правилно да ја фокусираме работата. Овде има врски до страници кои помагаат во одржувањето, плус некои корисни шаблони.

Исто така, за поискусните корисници, го создадов овој многу корисен шаблон: {{Вики-Одржување}} кој ги има собрано сите задачи, врски и шаблони на кратко. Тој шаблон можеш да го ставиш на твојата корисничка страница или некаде во корисничкиот простор за редовно да имаш пристап до овие задачи (види ја документацијата на шаблонот за параметрите).

Поздрав, и се надевам дека ова ќе ни користи и дека ќе ја олесни работата. --Brainmachine (разговор) 16:16, 1 април 2012 (CEST)[одговори]

Германија

Статијата Германија, која Вие ја проширивте и предложивте, го доби статусот „избрана статија“. Ве повикувам да напишете некоја друга статија, а доколку знаете веќе некоја постоечка која ги задоволува критериумите, слободно предложете ја.

Секоја чест за проширувањето на статијата.:)--Kiril Simeonovski (разговор) 11:27, 4 мај 2012 (CEST)[одговори]

Имиња на велосипедски трки

Здраво. Забележав дека постојат разлики во именувањето на статиите за велосипедските трки. Така на пример, имаме оригинални имиња како „Џиро“, „Тур“, „Вуелта“ и „Волта“, а од друга страна, употреба на македнски зборови, како во случајот со трката околу Баскија. Сметаш ли дека е добро да постои вакво разгранилување или можеби подобро би било „Џиро д'Италија“ да биде „Трка околу Италија“, „Тур д'Франс“ да биде „Трка околу Франција“, итн. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:47, 27 мај 2012 (CEST)[одговори]

Значи и мене ми паднаа на ум, истиве овие прашања, кога ги создавав статиите за сите овие трки. Но, ако приметиш и на другите јазични изданија на Википедија, тоа е исто така присутно. Едни трки се со нивните изворни имиња, додека на други им се има извршено мали измени. Јас мислам дека е добро вака, бидејќи преводот на имињата на некои трки, особено на главните три трки, Вуелта, Џиро и Тур, би се изгубил нивниот бренд, бидејќи тие се така познати секаде. Додека за останатите трки, јас се водев најмногу да го употребам она име, кое е најмногу користено од другите јазични изданија. А, и еве да ги пренасочиме тие статии под новите имиња, некои други трки, едноставно не може да се преведат во целост. На пример, Тур Даун Андер, Флеш Валон и други.

Нордзаксен

Здраво. Мислам дека правилното име би требало да е „Нордзахсен“, единствено ако не станува збор за прифаќање на друго име како што е во случајот со „Саксонија“ (Sachsen). Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:38, 30 мај 2012 (CEST)[одговори]

Да, токму и затоа размислував. Ако станува збор за „chs“ (пр. sechs), во германскиот тоа се изговара како „кс“, но доколку следува некоја друга буква, тогаш најчесто се изговара како „х“. Сепак, македонската транскрипција на германскиот јазик е многу чудна, не само за ова, туку и за многу други работи коишто ги имам забележано, па она што го имаме е некое општо правило дека „ch“ се предава како „х“. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:18, 30 мај 2012 (CEST)[одговори]
P.S. Ова е интересна тема и за германскиот јазик воопшто. Никогаш не сум размислувал за тоа дека „ch“ пред „s“, „l“ или „r“ се изговара различно отколку пред „t“ или пред самогласките.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:24, 30 мај 2012 (CEST)[одговори]

56.000 статии

Здраво. Потсетување дека по обичај повторно избираме јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:07, 5 јуни 2012 (CEST)[одговори]

Џиро

Се извинувам за забелешката, немав претстава од кого е статијата. Верувај, имаме куп правописни и слични пропусти и немарности (до апсурден степен), а секако, кога некој ќе го види тоа, со право ќе не понижи (бидејќи сепак сме енциклопедија, а не блог). Нејсе, требав да бидам повнимателен. Во случајот на марки, тие најдобро треба да бидат во оригинал и не се транскрибираат. Кај настани и сл. кои се сепак обични називи, идејата е да се врши транскрипција по нормален терк (инаку, по таа логика, требаше да стои „Гиро д'Италија“, значи сосем верно. Затоа, кога прилагодуваме, треба да се оди до крај, што не е случај со марки, кои, како што реков, препорачливо е да се остават на латиница (освен во случај на арапски, кинески и сл. неразбирливи писма, кога мора да бидат предадени на кирилица). Уште еднаш, се извинувам за избрзувањето, а гласот го сменив во позитивен, со тоа што ќе мора сепак да се договориме за ова. --Б. Јанкулоски (разговор) 04:52, 6 јуни 2012 (CEST)[одговори]

А не би било подобро да се пишува во оригинал штом сакаме да се зачува автентичноста на поимот? Или да се преведе целосно на македонски „Тура низ Италија“?--Никола Стоіаноски 09:59, 6 јуни 2012 (CEST)[одговори]

Шаблони за Германија

Искрено ни јас не сум баш вичен за тие работи. Донекаде ги владеам шаблоните, ама знам дека ваквите проблеми не сум можел лесно да ги решам кога ми се наметнале. Што викаш да се прекопира и преведе одново се како што е моментално на англиската (и поврзаностите, ако ги има), па така да ни биде на готово. Или сепак во некое трето место е тертипот? Како мислиш? --Б. Јанкулоски (разговор) 05:22, 20 јуни 2012 (CEST)[одговори]

Јас го направив без проблем: {{Schlüsselconverter}}. Без разлика што сум администратор, би требало и мене да ме извести ако е на црн список. Не разбирам што се случило. Види сега дали ќе работи. --Б. Јанкулоски (разговор) 15:35, 20 јуни 2012 (CEST)[одговори]

Солидарност кон Википедија на руски јазик

Здраво. Википедија на руски јазик денес нее достапна, како знак на штрајк од страна на нејзините корисници кон сослушувањето во врска со предлог-измените во „Законот за информации на Русија“. По тој повод се собираат потписи во знак на подршка и солидарност со ставот на колегите од Википедија на руски јазик. Вашата солидарност може да ја искажете овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:00, 10 јули 2012 (CEST)[одговори]

Велосипедисти

Најпрвин, благодарам на консултацијата. Многу ценам кога се внимава и посветува доволно внимание. Вистина е дека Thomas Voeckler е германско име, но гледам дека се користи одомаќинето на француски, па така не треба да отстапуваме од тоа. Затоа, името треба да стои како Тома Веклер. Такви одомаќинети презимиња од германски има меѓу познатите француски дејци кои ги знаеме по Анри Бергсон, Клод Леви-Строс и сл. Тие се такви и во рускиот, но овој конкретен пример е чуден по својата произволност...сепак, русите многу ретко грешат транскрипции.

Во случајот на Steven Kruijswijk, групата uij е правописен архаизам и се чита „ау“ (а ij = „еј“), што значи името ќе му биде Стевен Краусвејк.

За да не те збуни во други холандски или фламански имиња, треба да напоменам дека кога ќе наидеш на ui, тоа најчесто е „еј“ или само „е“ (консултирај ме ако заглавиш), додека ij е посебна слеана буква во холандскиот за дифтонгот „еј“. Само кога ќе ги добиеш трите во комбинација како во имево, тогаш е „ау“.

Секако, прашувај ме за сè што не ти е сосем јасно или сигурно, стандардите мора да се запазат, посебно кај имињата, бидејќи нашиот јазик те става во ситуација да мораш правилно да транскрибираш (нема лабаво како во хрватскиот). Само така се пишува енциклопедија. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 00:40, 12 јули 2012 (CEST)[одговори]

Поправете.

Здраво Ехрлич91. Во статијата тур де франс 2012 етапа 11-20 сите етапи ви се на англиски. Ве молам поправете :)

Наградени сте!

Награда за трудољубивост
Браво за статиите ! M4r51n (разговор) 15:19, 14 јули 2012 (CEST)[одговори]
Благодарам --Ehrlich91 (разговор) 15:21, 14 јули 2012 (CEST)[одговори]

Француски и дански

Францускиот велосипедист е Брис Феји, а данското Ø е секогаш „е“ (еквивалентно на германското Ö). --Б. Јанкулоски (разговор) 03:57, 20 јули 2012 (CEST)[одговори]

Јубилејна статија

Здраво. Известување дека во тек е гласањето за избор на јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:04, 20 јули 2012 (CEST)[одговори]

Орхус/Архус

Здраво. Со цел да се одржи прегледност во дискусијата на едно место, веќе ти одговорив на мојата корисничка страница. Може да продолжиме со разговорот таму.:) Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:21, 24 јули 2012 (CEST)[одговори]

Олимписка награда

Олимписка награда
Оваа награда е во знак на благодарност за огромниот придонес во врска со сите статии и дополнувања за време на Олимписките игри. Kiril Simeonovski (разговор) 01:46, 13 август 2012 (CEST)[одговори]

Завршена е одлична работа. Статиите во врска со Олимписките игри беа меѓу најпосетуваните во изминатиот период, а мислам дека достојно ги задоволивме барањата на читателите. Се надевам дека истото ќе го сториме и за време на престојните големи спортски настани. Поздрав и пријатно уредување.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:45, 13 август 2012 (CEST)[одговори]

Васил Кириенка

Здраво. Малку ја надополнив статијата со дел за неговата биографија, којшто го преведов од Википедија на германски. Ќе можеш ли да провериш дали имињата на трките и тимовите ги имам напишано како што треба. Инаку, се извинувам ако ти се вмешав; сакав само да ја надополнам статијата за да може да ја предложиме за јубилејна. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:53, 28 август 2012 (CEST)[одговори]

Избор на јубилејна статија

Здраво. Само потсетување дека е во тек гласањето за избор за јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:03, 29 август 2012 (CEST)[одговори]

Деле Алпи

Пред некое време или еве точно на 3-ти мај 2012 бев предупреден за истото од еден корисник, ама тогаш се уфрли Кирил и ми кажа дека за нешто што се случило пред неколку години може да се користат такви изрази како играше, настапуваше итн. Затоа јас пишував така и друга работа од каде знаеш ти дека јас не сум бил директен сведок на дејството кога 20 години веќе го пратам и гледам Јувентус постојано.Carshalton (разговор) 00:24, 2 септември 2012 (CEST)[одговори]

Влези на мојата страна кај разговорите и ќе видиш како ми е кажано така работам Carshalton (разговор) 00:29, 2 септември 2012 (CEST)[одговори]

Нема врска

Се е во ред, можда си во право нека стои така јас само поправив нешто во врска со Олимписките игри пишуваше дека натпреварите се одржувале на стадионот, а не може натпревари на зимска олимпијада да се одржуваат на фудбалски стадион.Carshalton (разговор) 12:27, 2 септември 2012 (CEST)[одговори]

во ред ќе обрнам внимание на тоа и пријатна работаCarshalton (разговор) 13:22, 2 септември 2012 (CEST)[одговори]

Лајпциг

Статијата Лајпциг, којашто Вие ја проширивте, го доби статусот „избрана статија“. Ве повикувам да напишете некоја друга статија, а доколку знаете веќе некоја постоечка која ги задоволува критериумите, слободно предложете ја.

Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 13:49, 6 септември 2012 (CEST)[одговори]

Јубилејна статија

Здраво. Потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:59, 18 септември 2012 (CEST)[одговори]

Именување на германски заедници

Баш тоа го размислував вчера, особено во однос на окрузите. Разни имаат X-Крајс во нив, што е својствено за германскиот, но не и за нашиот јазик (бидејќи кај нас квалификаторот не може да стои во состав на името, како што Bodensee e Боденско Езеро. Мислам дека определницата дека се работи за општинските целини и окрузите (и што и да е друго) мора да стои до номиналното име во заграда (добро општо правило е да ги ѕиркаш руските наслови на статиите). Исклучоци од ова би биле окрузите што почнуваат со „Крајс...“ бидејќи во тој случај поимот е нераздвоив од насловот како таков. Има и посебни случаи, како Митлерер Ерцгебиргскрајс, каде, иако нема тире, сепак е име од два збора, со крајс придодадено на крајот. ОВа најпаметно е да се преведе сосема, како на руската варијанта - па да биде „Средна Рудна Планина (округ)“.

За крај би сакал да напоменам дека заедница на општини веројатно ќе треба да стои „општинска заедница“, бидејќи тоа ќе стои во заграда, а сето она што е во заграда треба да биде што пократко, а не несмасно и описно, а треба да биде превод на самиот назив на единицата, а не опис. Затоа, го предлагам форматот „Бад Емс“. Знам дека поимот општинска заедница не е најпрецизен (бидејќи може да се однесуваф на нешта во состав на општината, а и на општини во заедница), но така кај највеќето јазици. Нашата опсесивност за апсолутна прецизност во македонскиот е прилично чудна, искрено. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 22:56, 29 октомври 2012 (CET)[одговори]

Коментар  Примерот со Бургенландкрајс е одлилчен. Властите го исправиле бидејќи не соодветствувало на германската практика, што произлегува од самата конструкција и збороорбразба. Но фактот дека воопшто бил наречен така без „-крас“ оди во полза на она што го велам, дека нашиот начин мора да биде со заграда, а не во продолжение. Едноставно X-крајс не е ист случај како поимот „Род Ајленд“, кајшто не можеш да речеш дека не е дел од името. --Б. Јанкулоски (разговор) 23:25, 29 октомври 2012 (CET)[одговори]

Коментар  Јас нешто преработував во статија со „X Ланд“, но немав претстава дека тоа се повторува, т.е. дека се однесува на истата работа што ја кажавме погоре. Во тој случај, дефинитивно треба да биде како во руските. --Б. Јанкулоски (разговор) 23:35, 29 октомври 2012 (CET)[одговори]

Коментар  Да, сите тие варијанти се истоветни, и затоа нека се водат под истиот назив „општински заедници“. --Б. Јанкулоски (разговор) 21:03, 30 октомври 2012 (CET)[одговори]

Наградени сте!

Награда за обемни придонеси
Секоја чест за напишаните статии. Без сомнение си еден од најтрудољубивите уредници на македонската Википедија. Вик Ретлхед (разговор) 21:25, 12 ноември 2012 (CET)[одговори]

Проблеми со уредување

Да, тоа е проблем со кој сите се соочиваат. Да видам ако најдам што е работава.--Никола Стоіаноски 19:16, 20 ноември 2012 (CET)[одговори]

ДСЗ факт

ДСЗ Еден факт од статијата Мајнц, којашто Вие ја создадовте и проширивте, се најде во секцијата „Дали сте знаеле?“ на главната страница на 24 ноември 2012. Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 15:19, 24 ноември 2012 (CET)[одговори]

Џиро

Тоа што не ти беше сосем јасно е впрочем разликата помеѓу транскрипција и транслитерација. Во случајот (и највеќето други) ова е поим што се транскрибира, па затоа нека биде „Џиро д’Италија“. Навистина мораше да се исправи. Штом веќе толку опширно ја обработуваш темата, немаше да има никаква смисла да стои така. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 22:49, 8 декември 2012 (CET)[одговори]