Постструктурализам
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Постструктурализмот е метод на текстуална и културна анализа која потекнува од Франција некаде во 1960 година како критика на структурализмот. Оние кое работат на овој метод се автори како Мишел Фуко, Жак Дерида и Јулија Крстева. Постструктурализмот е претходник на постмодернизмот и деконструктурализмот.
Тврдењето на структурализмот во однос на културното независно значење е во директен контраст со постструктуралистичките погледи на културата како интегрален дел на секој текст. Есенцијалните елементи на овој културен контекст го вклучуваат: авторот, локацијата, форматот, публиката како и многу други социјални и економски фактори. Типичната постструктуралистичка позиција држи страна дека секое дело самото е културен феномен.
Историја
[уреди | уреди извор]Поструктурализмот се појавува во Франција 1960 година како критичко движење кое е противречност на структурализмот. Тој период кога се појавува постструктурализмот е обележан со голема политичка нетрпеливост, студентите и работниците се бунтуваат против државата и во мај 1968 речиси ја туркаат француската влада. Појавата на влијанието на ткн. “потчинето знаење” (како што Фуко подоцна ќе го детерминира) го вклучи и феминизмот, и ги распрска интересите во критичките погледи на доминантната западна филозофија и култура. Постструктурализмот понуди значења и оправдувања на овие критики со изложување на основните претпоставки на многу западни норми.
Двете клучни фигури во раното постструктуралистичко движење се : Роланд Бартес и Жак Дерида. Во 1966 година во предавањето на Жак Дерида насловено како lecture "Structure, Sign and Play in the Discourse of the Human Science" тој изложува теза за јасен прелом на интелектуалноста. Дерида го толкува овој настан како “децентрализација” на поранешниот интелектуален космос. Наместо прогрес или дивергенциска форма на индентификуваниот центар, Дерида овој “настан” го опишува како “игра”
Иако оригинално е структуралист, работата на Бартес во 1960 година расте до постструктуралистички погледи. Во 1968година Бартес ја објавува работата насловена како “Смртта на Авторот” каде што опишува метафоричен настан: смртта на авторот е автентичен извор на значење за дадениот текст. Бартес расправа дека значењето на било кој литературен текст е мултипликација и авторот не е примарен извор на семантичката содржина на делото.
Теорија
[уреди | уреди извор]Генерална практика
[уреди | уреди извор]Постструктуралистичките практики генерално делуваат врз неколку основни претпоставки: Постструктуралистите го држат концептот на “себе” како еднина и кохерентниот ентитет е измислен конструкт. Наместо тоа поединецот е сочинет од конфликтни тензии и образовни тврдења (во однос на полот, класата, професијата итн) Оттаму, за да правилно се проучи еден текст читателот мора да разбере како тоа дело е поврзано со неговиот концепт на себе. Оваа себе-перцепција игра критична улога во таа интерпретација на значењето.
Секогаш значењето кое авторот е второстепено за читателот и неговата моќ на забележување. Постструктурализмот ја одбива идејата дека еден литературен текст може да има една намена, едно значење и едно единствено постоење. Постструктуралистичката критика мора да биде во можност да искористи многу перспективи за да создава многу различни (дури и конфликтни) интерпретации на еден текст. Многу е важно да се анализира како значењето на еден текст се менува во релација со некои променливи (најчесто во однос на идентитетот на читателот)
Дестабилизирано значење
[уреди | уреди извор]Во постструктуралистичкиот приод кон текстуална анализа, читателот го заменува авторот со примарен субјект на испитување. Ова преместување е често познато како “дестабилизирање” или ”децентрирање” на авторот, и при тоа има огромен ефект на самиот текст. Без централна фиксација на авторот и невнимателно есенцијалистичко читање на содржината постструктуралистите истражуваат и некои други извори на значење (читател, културни норми, други литератури итн) Овие алтернативни извори никогаш не се авторитативни и не ветуваат доследност.
Во својот есеј “Означување и Чувство” Емануел Левинас обележува едно ново поле на семантичко истражување: ...јазикот се однесува на позицијата на слушателот и оној кој говори, тоа е случајност на нивната приказна. Да се зграпчи сета залиха на сите нконтексти во јазикот и сите можни позиции на соговорници е бесмислена задача. Секоја вербална сигнификација лежи на ко-влијание на безбројни семантички реки. Искуството, како и јазикот, не е повеќе направено од изолирани елементи подредени во зборови... (Емануел Левинас)
Деконструкција
[уреди | уреди извор]Оваа теорија тврди дека има одредени теориски и концептуални опозити, често подредени во хиерархија која претставува структура на одреден текст. Тие бинарни парови може да вклучуваат: машко/женско, говор/пишување, рационално/емоционално. Постструктурализмот категорично ја одбива забелешката дека постои доследна структура на текстот, посебно во теоријата на бинарната опозиција. Наместо тоа, постструктуралистите ја застапуваат премисата која што тврди дека значењето на текстовите и концептите константно се менуваат во релација со мнозинство променливи. Единствениот начин да се разберат овие значења е да се деконструираат претпоставките и системите на знаење кои продуцираат илузија дека постои единствено значење.
Структурализам наспроти Постструктурализам
[уреди | уреди извор]Поструктурализмот е опишан како бунтување против Структурализмот. Можеби е многу попрецизно разбран како критички и поразбирлив одговор на основните претпоставки на Структурализмот. Структурализмот се смета за студија на основни структури кои се неразделни од културните производи (какви што се текстовите) користејќи аналитични концепти од лингвистика, психологија, антропологија и други полиња. Исто така ова движење вметнува и критички истражувања во овие структури, постои непогрешливо потенцирање на логиката и научните резултати. Многу Структуралисти бараат интеграција на нивната работа во пред-постоечки тела на знаење. Ова беше опсервирано во делото на Фердинанд де Сосир во лингвистиката, Клод Леви-Строс во антропологијата и кај многу психолози во 20-сетиот век.
Главните претпоставки на постструктурализмот произлегуваат од појавата на воведот од критиката на структуралистите. Постструктурализмот својствено се држи дека студијата на основните структури самата е културен производ и притоа субјект на многубројни предрасуди и недоразбирања. Да се разбере дека објектот (едно од многуте значења на текстот) неопходно е да се научи самиот објект и системот на знаење кој е координиран за да се продуцира објектот. На овој начин постструктурализмот се позиционира како студија на тоа како знаењето е продуцирано.
Историски наспроти дескриптивен пристап
[уреди | уреди извор]Постструктуралистите генерално тврди дека постструктурализмот е историски а структурализмот дескриптивен. Оваа терминологија е поврзана со Фердинанд де Сосир и неговата дистинкција помеѓу историскиот (дијахрониски) пристап и дескриптивниот (синхрониски) пристап. Од оваа основна дистинкција, постструктуралистите често ја нагласуваат историјата за да се анализираат дескриптивните концепти. На пример, делото на Mишел Фуко „Лудило и цивилизација“ содржи и историја како и проверка на културното однесување на лудилото. Темата на историјата во модерното време се поврзува со влијанијата на Фридрих Ниче.
Главните дела и концепти
[уреди | уреди извор]Бартес и потребата од метајазик
Иако многумина почувствувале потреба да со оди понатаму од структурализмот дефинитивно не постои концензус како да се направи тоа. Многу студии на постструктурализмот се засноваат на вообичаените критики на структурализмот. Роланд Бартес игра огромна улога во постструктурализмот. Во неговото дело “Елементи на Семиологијата” (1967) тој го концептуализира метајазикот кој е јазик од повисок ред, па неопходно е да се објасни првиот или јазикот од понизок ред. Бартес изложува дека структуралистичкиот систем е регресивен и самата деконструкција е во опасност да стане метајазик при што сите јазици ќе бидат изложени на остро набљудување.
|