Јулија Крстева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јулија Крстева
'
Kristeva IMG 5888.jpg
Јулија Крстева во Париз, 2008
Изворно име '
Роден(а) Юлия Кръстева
24 јуни 1941 (1941-06-24) (воз. 76 г.)
Сливен, Бугарија
Седиште Франција
Националност Французинка / Бугарка
Установа Софиски универзитет
Сопруга Филип Солерс
Награди
  • Холбергова меѓународна награда
  • Хана Аренд награда за политичка мисла
  • VIZE 97 награда
Мреж. место kristeva.fr
Период Современа филозофија
Подрачје Западна филозофија
Школа
Претежна дејност
Значајни идеи
Природата на абјектот

Јулија Крстева (бугарски: Юлия Кръстева; родена на 24 јуни 1941) — бугарско-француски филозоф, книжевен критичар, психоаналитичар, феминист и од неодамна, романописец. Крстева живее и работи во Франција уште од 1960-ите. Во моментов е професорка на универзитетот Париз-Дидро. Крстева е истотака основач и управител на комитетот за доделување на наградата Симон де Бовоар.[2]

Крстева достигнува меѓународна слава по објавувањето на првата книга, Semeiotikè, во 1969. Нејзиното големо животно дело брои книги и есеи на темите како интертекстуалноста, семиотиката и идејата за абјектот, во полето на лингвистиката, книжевната теорија и критика, психоанализата, биографијата и автобиографијата, политичката и културната анализа, уметноста и историјата на уменоста.

Биографија[уреди | уреди извор]

Родена во Сливен, Бугарија во христијанско семејство, Крстева е ќерка на црковен сметководител. Крстева и сестра и како деца посетувале франкофонско училиште. Во раната младост, Крстева се запознава со делото на Михаил Бакхтин. Таа се запишува на Софискиот универзитет, а како пост-дипломец добива истражувачка стипендија која и дозволува да се пресели во Франција во декември, 1965, на само 24 години.[3] Продолжува да се образува на неколку француски универзитети, каде работи по менторство на неколку познати мислители, меѓу кои Ролан Барт и Лусијен Голдман.[4][5] На 2 август, 1967, Крстева се мажи за писателот Филип Солерс,[6] родено име Филип Жојо.

Крстева има предавано и во САД, на универзитетот Колумбија во раните 1970-ети, каде останува посетувачки професор.[7] Крстева има објавувано книги и под името Јулија Жојо.[8][9][10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Creech, James, "Julia Kristeva's Bataille: reading as triumph," Diacritics, 5(1), Spring 1975, pp. 62-68.
  2. Simone de Beauvoir Prize 2009 goes to the One Million Signatures Campaign in Iran, Change for Equality
  3. Siobhan Chapman, Christopher Routledge, Key thinkers in linguistics and the philosophy of language, Oxford University Press US, 2005, ISBN 0-19-518767-9, Google Print, p. 166
  4. Nilo Kauppi, Radicalism in French Culture: A Sociology of French Theory in the 1960s, Burlington, VT, 2010, p. 25.
  5. Schrift, Alan D. (2006). Twentieth-century French Philosophy: Key Themes and Thinkers. Blackwell Publishing. стр. 147. ISBN 1-4051-3217-5. 
  6. Benoît Peeters, Derrida: A Biography, Cambridge: Polity Press, 2013, pp. 176-77.
  7. Riding, Alan, Correcting Her Idea of Politically Correct. New York Times. 14 June 2001.
  8. Library of Congress authority record for Julia Kristeva, Library of Congress 
  9. BNF data page, Bibliothèque nationale de France 
  10. Hélène Volat, Julia Kristeva: A Bibliography  (bibliography page for Le Langage, cet inconnu (1969), published under the name Julia Joyaux).