Меѓународно графичко триенале Битола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Меѓународно графичко триенале Битола - ИГТ Битола
Основан1991
МестоБитола, Македонија Македонија
ТипСовремено светско графичко творештво
ДиректорВладо Ѓорески
Мреж. местоhttps://archive.today/20130124203312/http://www.graphicmk.com/index.php
Податотека:6 Меѓународно графичко триенале.jpg
‘ Меѓународно графичко триенале Битола

Меѓународно графичко триенале Битола - ИГТ Битола — меѓународна ликовна манифестација, која има за цел да го популаризира и афирмира современото графичко ликовно творештво.

Формирано е во 1991 година во Битола, Република Македонија, оттогаш е најголема графичка ликовна манифестација во Македонија. По иницијатива на Владо Ѓорески и Љубен Пауноски а оддобрено и поткрепено од претседателот на Р Македонија, Министерството за култура на Р Македонија - Скопје и Оптина битола.Во досегашниот период свое учество имале бројни уметници од светот[1][2].

Забележано е како една од позначајните ликовно-графички манифестации во Македонија и пошироко[3][4][5][6][7].

Покрај самата манифестација, која се случува на секоја трета година, обележано со отворање на поопсежни изложби, Меѓународното графичко триенале, организира и меѓународни проекти, во соработка со други графички центри во светот: на „ 9-тото Триенале на светските оригинални гравури и печат во Шамолиер“ ("9 la Triennale Mondiale de l’Estampe et de la Gravure Originale -Chamalières“), Франција, беше афирмативно претставено и презентирано во нивниот каталог[8]. Во Италија, ја организира меѓународната изложба: „Огледало - Лице в лице Изложба на македонски и италијански автори“ Винченца, Италија, (MIRROR – Face to Face: Italian and Macedonian Artists Exposition 2016 to Vicenza“)[9]. Во Битола го организирал проектот - „Современите полски графичари“[10] и бројни други.

Меѓународното графичко триенале Битола, објавува обемни каталози за секоја манифестација пооделно[11][12].

Меѓународното графичко триенале Битола, е ликовно случување со културолошко, уметничко, образовно значење.

Нејзин раководител е Владо Ѓорески

Историја[уреди | уреди извор]

Година Број на учесници Број на држави кои учествувале Каталог
1994 - Прво меѓународно графичко триенале Битола 407 54 број на страници: 416; формат: 210 Х 230 мм; печат црно бел; предговор Борис Петковски, ликовно решение на каталогот и плакатот Константин Танчев - Динка[13][14]
1997 - Второ меѓународно графичко триенале Битола 628 73 број на страници: 195; формат: 210 Х 290 мм; печат колор; предговор Лилјана Христова, ликовно решение на каталогот и плакатот Константин Танчев - Динка[14]
2000 - Трето меѓународно графичко триенале Битола 426 62 број на страници: 240; формат: 220 Х 200 мм; печат колор; предговор Владо Ѓорески, ликовно решение на каталогот и плакатот Владо Ѓорески, Христо Бојаџиев [14][15][16].
2003 - Четврто меѓународно графичко триенале Битола 546 70 број на страници: 252; формат: 220 Х 200 мм; печат колор; предговор Владо Ѓорески, ликовно решение на каталогот и плакатот Владо Ѓорески, Христо Бојаџиев [14][15][17].
2006 - Петто меѓународно графичко триенале Битола 572 62 број на страници: 228; формат: 220 Х 200 мм; печат колор; предговор Владо Ѓорески, ликовно решение на каталогот и плакатот Владо Ѓорески, Христо Бојаџиев [14][18][19].
2009 - Шесто меѓународно графичко триенале Битола 750 49 број на страници: 358; формат: 220 Х 200 мм; печат колор; предговор Владо Ѓорески, ликовно решение на каталогот и плакатот Владо Ѓорески[20][21][22].
2012 - Седмо меѓународно графичко триенале Битола 750 64 број на страници: 349; формат: 220 Х 200 мм; печат колор; предговор Владо Ѓорески, ликовно решение на каталогот и плакатот Владо Ѓорески[20][21][23].
2015 - Осмо меѓународно графичко триенале Битола 910 92 број на страници: 472; формат: 220 Х 200 мм; печат колор; предговор Владо Ѓорески, ликовно решение на каталогот и плакатот Тодор Ѓорески[20][24][25].
2018 - Деветто меѓународно графичко триенале Битола 1200 156 број на страници: 1001; формат: 220 Х 200 мм; печат колор; предговор Владо Ѓорески, ликовно решение на каталогот и плакатот Тодор Ѓорески[26][27][28].

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Битолското графичко триенале стигна до Венециското биенале
  2. Меѓународно графичко триенале Битола
  3. EUROPE
  4. ТРИЕНАЛЕ[мртва врска]
  5. The information resource for printmakers
  6. Графичка уметност[мртва врска]
  7. museedupetitformat
  8. „mondialestampe“. Архивирано од изворникот на 2019-03-30. Посетено на 2019-03-30.
  9. MIRROR – Face to Face
  10. Современите полски графичари [мртва врска]
  11. 9th International Triennial of Graphic Art Bitola
  12. Catalogue for 8th International Triennial of Graphic Art, Bitola
  13. Меѓународното графичко триенале се одржува од 1994
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 14,4 CIP - Каталогизација и публикација, Матична и универзитетска библиотека „Климент Охридски“, Битола, 76.036(100)060.64)/ CIP
  15. 15,0 15,1 ISBN 9989- 9896-1-3
  16. 4. Меѓународно графичко триенале Битола[мртва врска]
  17. 4. Меѓународно графичко триенале Битола[мртва врска]
  18. ISBN 9989- 242-5-3
  19. 5 Меѓународно графичко триенале Битола[мртва врска]
  20. 20,0 20,1 20,2 CIP - Каталогизација и публикација, Национална и универзитетска библиотека „Климент Охридски“, Скопје, 76.037/038(060.64)/ CIP
  21. 21,0 21,1 ISBN 978- 608-4522-16-4
  22. 6 Меѓународно графичко триенале Битола[мртва врска]
  23. 7 Меѓународно графичко триенале Битола[мртва врска]
  24. ISBN 978- 608-4754-03-9
  25. 8 Меѓународно графичко триенале Битола[мртва врска]
  26. CIP - Каталогизација и публикација, Национална и универзитетска библиотека „Климент Охридски“, Скопје, 76.037/038 (100) (060.64)/ CIP
  27. ISBN 978- 608-245-279-1
  28. 9 Меѓународно графичко триенале Битола