Борис Петковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Борис Петковски
Роден 19 ноември 1931
Бајмок,  Кралство Југославија
Починал 30 јануари 2005
Скопје,  Македонија
Националност Македонец
Занимање историчар на уметноста, ликовен критичар, професор

Борис Петковски (19 ноември 1931, Бајмок, Србија30 јануари 2005, Скопје, Македонија) — македонски историчар на уметноста, ликовен критичар, професор[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Дипломирал историја на уметноста на Филозофскиот факултет во Скопје (1956), докторирал на Филозофскиот факултет во Белград (1975) на тема „Творештвото на Никола Мартиноски 1903 - 1973 година“.

Од 1964 до 1976 бил основач и прв директор на Музеј на современата уметност (Скопје) во Скопје[2].

Под негово раководство, Музејот на современа уметност се здобил со богата колекција експонати од огромна важност ( меѓу кои и дело на Пабло Пикасо, била изградена новата музејска зграда, а реализирани биле и над 250 меѓународни изложби).

Имал суштинско влијание во развојот на ликовната критика, науката и теоријата за современата уметност во Македонија и во афирмацијата на македонската ликовна уметност и култура во светот.

Творечка кариера[уреди | уреди извор]

Деновите што следат сè повеќе ќе убедуваат дека Борис Петковски бил еден од оние творци и дејци што му дале свој белег на македонскиот XX век, творец-репер, деец- патоказ. Трагата што ја оставил зад себе е длабока и оддалеку видлива. Допрва претстои да се истражи и констатира зрачењето што се шири од неговото дело и сите правци на дејствување што ги предизвикувала неговата активност

Како професор на Филозофскиот факултет, Петковски го пренел еланот од работата во Музејот. Тој создал бројни генерации на историчари на уметноста, кои од него биле подготвувани да ја разбираат и да ја сакаат модерната уметност. Тој им помагл да се откријат себеси, им укажувал како да ги искористат своите способности на најдобар можен начин. Благодарение на неговата педагошка дејност денес постојат цел круг млади луѓе кои одат по патот што тој им го покажал, користејќи ги неговите искуства и давајќи свој придонес кон проучувањето на модерното ликовно творештво во Македонија.

Особени заслуги Борис Петковски имал за афирмацијата на творештвото на македонските ликовни уметници надвор од границата на Македонија.

И како ликовен критичар, и како директор на Музејот, и како претседател на Комисијата за културни врски со странство, тој бил предаден на таа цел со многу ентузијазам – низ еден навистина импресивен број на изложби што ги подготвувал со своите соработници, со огромен број текстови наменети на странската публика, тој ги отворал вратите на Европа за нашите уметници, и тоа го правел не од протоколарни причини, туку од убеденост дека македонската ликовна уметност навистина заслужува да влезе во европскиот и светскиот список на вредности. Со авторитетот што го имал во меѓународните кругови, со угледот што го уживал, тој направил извонредно многу, навистина вредните дела на нашите уметници да го најдат патот кон нивното светско оценување и признавање.[3].

Организирал изложби, предавања и курсеви - Биенале во Венеција, 1978; Париз, Рим, Неапол, Хале, Торино, Белград, Софија[4]. Севкупното негово познавање на теоријата, историјата на уметноста и современата музеологија е вградено во формирањето и дејствувањето на Музејот на современата уметност во Скопје[5].

Објавил неколку стотини научни и стручни текстови, во реномирани научни списанија, како и 18 книги - студии, есеи и критики за македонската и светската уметност. Раководел и бил член во многубројни научно истражувачки проекти.[6].

Од 1976 до 1996 Петковски се посветил на кариерата како универзитетски професор, а продолжил да се занимава со академски активности и по пензионирањето во 1996 година.

Често гостувал како визитинг-професор на бројни европски универзитети.

Бил член на следниве редакции и списанија[уреди | уреди извор]

Разгледи

Македонија (списание)

Ликовна уметност

Ѓурѓа

• Арте ин - Италија

Членувал во бројни комисии[уреди | уреди извор]

• Генерална Комисија на македонското движење за Европа;

• Societe Europeenne de Culture (Европско здружение за култура) - Венеција;

Претседател во разни институции и асоцијации:

• Комисија за културни врски со странство на Република Македонија;

• Федерален југословенски фонд за фигуративна уметност Моша Пијаде;

• Комитет за културно богатство на југословенската комисија при УНЕСКО;

• Меѓународна асоцијација на критичари на уметноста (AICA) - југословенски и македонски оддел;

• Македонска асоцијација на историчари на уметноста;

• Центар за современа уметност – Прилеп;

• Италијански културен центар во Република Македонија;

• Центар за културно богатство и македонска уметност;

• Македонска асоцијација на критичари на уметноста (почесно).

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Награда „13 Ноември“ од Општина Скопје (1977);

Награда „11 Октомври“ (1983);

• Медал за работни заслуги со златна круна од СФРЈ (1989);

• Медал од Министерот за култура на Франција (1984);

• Златна плакета од Филозофскиот факултет во Скопје (1996);

Книги, монографии и други значајни изданија[уреди | уреди извор]

• „Откритија“, 1977;[7].

• „Творештвото на Нико Този“

• „Современо македонско сликарство“, објавена на македонски јазик во 1982 година („Македонска ревија“ - Скопје) а во 1984 година на англиски јазик

• „Никола Мартиноски, 1982;

• „Македонски цртеж“, 1984/1985;

• „Македонското монументално сликарство на теми од НОВ и револуцијата“ (Македонска книга – Скопје и Филозофски факултет – Скопје, Скопје 1984)

• „За македонската уметност“, 1989;

• „Монографија за ликовното творештво на Димче Коцо“ (Македонска книга, Скопје, 1995)

• „Монографија за Василије Поповиќ – Цицо“ (Македонска книга, Скопје, 1996)

• „Музеј на современа уметност – Скопје, 1964 – 1976“, 2001

• „Архитектурата и монументалната уметност во Скопје меѓу двете светски војни“ (соавтор со академик Крум Томовски) (Музеј на Град Скопје, Скопје, 2003).

• „Студии за современата македонска уметност“ (Македонска цивилизација, Скопје, 2001)[8].

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]