Христо Бојаџиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Христо Бојаџиев
Роден 1948
Битола, НР Македонија, ФНРЈ
Националност Македонец
Занимање фотограф

Христо Бојаџиев (Битола, 1948) – македонски фотограф.[1]

Животопис и творештво[уреди | уреди извор]

Основното и средното образование го завршил во родниот град и низ целата своја кариера работел во Битолскиот народен театар како музички и уметнички илустратор.

Од 1970 година се занимава со уметничка фотографија и дизајн на театарски плакати.

Бојаџиев имал четири самостојни изложби а учествал на групни изложби во Македонија и во странство.

Тој е автор на фотографиите, а соавтор со Владо Ѓорески на плакатот и целокупниот дизајн на III и V Меѓународно графичко триенале во Битола, на целокупниот рекламен материјал за Охридско лето 97 и 98 исто така во соавторство со Владо Ѓорески.

Тој е автор на многу плакати за филмски фестивали и театарски претстави, за Мајските оперски вечери - Скопје, Битолско културно лето, филмскиот фестивал „Браќа Манаки “ – Битола исто така во соавторство со Владо Ѓорески[2].[3].

Добитник е на првата награда за дизајн на уметнички плакат и специјално признание на Меѓународната изложба на уметничка фотографија во Загреб, награда за плакат на претставата за „Калугерички тишини“, награда за плакат за претставата „Полковник птица “ – Народен театар – Прилеп исто така во соавторство со Владо Ѓорески, Награда за уметничка фотографија на конкурсот на Советот на Европа, награда „4 ноември “ на градот Битола за проектот „Од македонската ризница“, на Стерина наградата во Нови Сад, за музика на претставата „Подземна Република “, Народен театар Битола.

Неговиот фотографски опус е суптилен, поетичен со исклучително импресионистичко присуство на природата како и одредени апстрактни и рефлексивни експерименти. Целокупниот негов богат фотографски опус не е објавен ниту доволно проучен во рамките на македонското фотографско и уметничко творештво.

Наводи[уреди | уреди извор]