Лујџи Менегело

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лујџи Менегело
Luigi Meneghello
Роден/афевруари 16, 1922(1922-02-16)
Мало, Италија
Починат/ајуни 26, 2007(2007-06-26) (возр. 85)
Тјене, Италија
Занимањероманописец, есеист, академик
НационалностИталијанец
Период1963 до 2004
Предметнеодамнешната италијанска историја, италијанскиот отпор, учење

Лујџи Менегело (италијански: Luigi Meneghello), (16 февруари 1922, Мало26 јуни 2007, Тјене) — италијански современ писател и научник[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Лујџи Менегело е роден во Мало, мал град во близина на Виченца, на 16 февруари 1922 година. Неговиот татко бил занаетчија, а неговата мајка била учителка. Сдудирал филозофија на Универзитетот во Падова. Во раните четириесетти години, тој ги имал првите контакти со антифашизмот, а подоцна станал член на движење на отпорот од 1943 година.

Во 1945 година дипломирал со тезата за филозофијата на Бенедето Кроче.

Во 1947 година се преселил во Редингски университет, Англија каде што предавал за италијанската ренесансна литература.

Во 1948 година се оженил со Катја Блеер, преживеана од Аушвиц.

Во 1963 година ја издал својата прва книга, со автобиографски карактер „ Ослободете нè од злото“ за малото но витално милје на неговиот роден град, Мало. Една година подоцна тој го објави романот „ Малите господари“ (буквално, „Малите учители“). Оваа книга се вбројува помеѓу „главните книги посветена на италијанскиот отпор“. Филмска верзија со истиот наслов била снимена и во режија на Даниеле Лучети во 1998 година[2].

Во 1980 година, Менегело се повлкол од Универзитетот и се посветил целосно на пишувањето. Жвеел во Лондон, а подоцна и во Тиена (во близина на Виченца), каде што се преселил трајно по смртта на неговата сопруга во 2004 година[3].

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Ослободете нè од злото (1963)[4].
  • Малите господари (1964)
  • Помо Перо (1974)
  • Италијански цвеќиња (1976)
  • Водата на Мало (1986)
  • Тремао - белешки за интеракцијата помеѓу јазикот и дијалектот во литературните списи “ (1986)
  • Јура (1987)
  • Бау-Сèте! (1988)
  • Леда и шиопа (1989)
  • Риварота (1989)
  • Што правиш тој млад човек? (1990)
  • Maredè, Maredè (1991)
  • Дисперцијата (1993)
  • Потсетник (1994)
  • Турбо и светлината (1996)
  • Прашање за читање (1997)
  • Картички. Том I: Шеесеттите години "(1999)
  • Картички. Том II: Седумдесеттите години (2000)
  • Картички. Том III: Осумдесеттите години "(2001)
  • Долу тука во биосферата. Три есеи за поетскиот квас на стиховите “(2004)
  • Прашање за читање и други наоди (2005)

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]