Прејди на содржината

Замок „Каштел“ во Ечки

Непроверена
Од Википедија — слободната енциклопедија
Замокот „Каштел“

Замокот „Каштел“ (замокот „Лазар“) во Ечка, еден од најпознатите замоци во Србија, се наоѓа во селото Ечка, АП Војводина, 60 километри северно од Белград и седум километри од Зрењанин. Изграден е во англиски стил во периодот од 1816 година до 1820 година.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

На лицитација во 1781 година ја купил напуштената Ечка благородникот Лукач Лазар години и таму изградил црква и основал населба за своите поданици. На почетокот на 19 век, замокот „Каштел“ го изградил синот на Лука, Агоштон Лазар, а тој е најзаслужен за неговото отворање во август 1820 година.[2] Франц Лист, тогаш деветгодишно момче, а подоцна и познат композитор, свирел на церемонијата на отворањето. На отворањето присуствувал и познатиот гроф Естерхази, најбогатиот и најистакнат земјопоседник во Унгарија.[1] Имотот и замокот биле купени од грофот Феликс Орнонкур во 1870 година, по што замокот бил повторно изграден и реновиран во 1898/99 година. Денешниот изглед муј бил даден кога семејството Орнонкур било на својот врв.[2] „Каштел“ низ годините бил собиралиште на многу љубители на ловот, а таму престојувале и австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд и југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. По Втората светска војна, сопствениците емигрирале, а замокот станал државна сопственост.[1]

Архитектура

[уреди | уреди извор]
Изгледот на замокот

Замокот е приземна зграда со комплексна основа со последователно продолжено крило во облик на латинската буква „L“. Оригиналната зграда била променета така што просторот на пространото поткровје бил приспособен за живеење. Во централниот дел на продолженото крило е изградена кула со пирамидален покрив, а во доградбата има приземен анекс со трем. Тремот се протега по целото јужно крило, а го носат двојни јонски столбови. Комплексот на замокот во Ечка е опкружен со мал парк, а порано бил амбиентална целина во која грофот Феликс Орнонкур поставил скулптура во паркот, фонтана и друг парковски мебел. Некогаш помошните објекти се оддалечени од замокот, а денес се наоѓаат надвор од комплексот. Иако е значително изменета и во внатрешноста и надворешноста, зградата на замокот во Ечка е со уникатна градба.[2]

Замокот е прогласен за споменик на културата во 2001 година. Од 2004 година е во приватна сопственост на фирмата „Универзал“ од Белград. Со согласност на Заводот за заштита на спомениците на културата во Зрењанин, зад старото било додадено ново крило, што овозможило подобро функционирање на хотелот. Фонтаната со скулптура во средината, сместена во паркот пред замокот, е обновена во 2007 година. Оригиналната теракотна скулптура била обновена и поставена во внатрешноста на замокот, а на нејзино место била поставена бронзена реплика.[3]

Замокот „Каштел“ денес

[уреди | уреди извор]

По темелно реновирање, замокот „Каштел“ во голема мера е обновен и претворен во хотел. Има 38 соби и 7 апартмани, како и голем парк кој ја опкружува целата зграда, а поранешната сала за бал е претворена во ресторан. Замокот е пример за успешно ревитализиран споменик на културата.[1]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  • Список на споменици на културата во Централниот Банатски округ

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]