Вештачки јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија

Вештачки јазик — спротивност на природниот. Тој не настанува по природен пат, за некој временски интервал. Тој најчесто е измислен[1] од еден човек. Потребен е за полесна комуникација на луѓе од различни заедници. Уште може да се нарече и експериментален јазик. Такви се есперанто и интерлингва. Исто така, вештачки јазици се и техничките јазици. Со нив се означуваат системи од знаци на определени науки, на пример математика, логика итн.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ishtar for Belgium to Belgrade“. European Broadcasting Union. Посетено на 19 May 2013.