Работен јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија

Работен јазик или процедурален е јазикот кому му е доделен единствен правен статус како примарен начин на комуникација во големите компании, организации, државни и други тела. Тоа е јазик на секојдневна коресподенција и разговор на одредена организација покрај останатите службени јазици.

Многу меѓународни организации имаат работни јазици за своите тела. По дефиниција, работниот јазик не треба да се поистоветува со поимот службен јазик.