Мешан јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Мешан јазик или измешан јазик е јазик кој настанал преку мешање на два изворни јазика, најчесто преку двојазичноста, па како резултат на тоа не постои можност новата јазична форма да се класифицира како дел од едниот или другиот јазик или јазични семејства. Иако овој често се земал предвид во историската лингвистика уште од 20 век, чисти случаи на јазична мешавина, која не е исто со јазична замена или јазично позајмување, се многу ретки. Мешањето на јазиците најчесто се сретнува во средини или случаи со мешани етнички групи. Јазично мешање на повеќе од два јазика не е забележано.

Дефиниција[уреди | уреди извор]

Според јазичарот Гилад Цукерман, „секој јазик е измешан до одреден степен“[1] но само неколку јазици се мешано во вистинската смисла на зборот.

Мешан јазик се разликува од пиџин по тоа што во случаи каде има јазично мешање говорниците кои го создаваат јазикот ги зборуваат изворните јазици скоро како мајчини. Од другата страна пак, кога се создава пиџин, говорниците имаат слабо познавање на јазиците кои дошле во контакт. Пиџинот се создава поради потреба за комуникација и луѓето ги комбинираат елементите од двата изворни јазика само за да се разберат во одредени случаи, но не и да ги научат соодветно.

Кај мешаните јазици не е лесно да се одделат изворните јазици. Мешаните јазици се разликуваат од креолските јазици во тоа што не можат да се разграничат јазиците и немаат еден „јазичен родител“. Креолските јазици тежнеат да создадат попроста граматика базирана на изворниот јазик, но мешаните јазици ги зачувуваат граматичките елементи од изворните јазици.

Примери[уреди | уреди извор]

Како мешани јазици се сметаат:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Zuckermann (2009) p. 48, where he also cites Hjelmslev (1938) and Schuchardt (1884).
  2. Long, Daniel and Hashimoto, Naoyuki. Talking Dictionary of the Bonin Islands Language

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • Bakker, Peter (1997). A Language of Our Own: The Genesis of Michif, the Mixed Cree-French Language of the Canadian Metis. Oxford: Oxford University Press. ISBN 0-19-509712-2.
  • Bakker, P., and M. Mous, eds. (1994). Mixed languages: 15 case studies in language intertwining. Amsterdam: IFOTT.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  • Matras, Yaron and Peter Bakker, eds. (2003). The Mixed Language Debate: Theoretical and Empirical Advances. Berlin: Walter de Gruyter. ISBN 3-11-017776-5.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  • Mous, Maarten. 2003. The making of a mixed language: The case of Ma'a/Mbugu. Creole language library (No. 26). Amsterdam: J. Benjamins Pub. Co.
  • Sebba, Mark (1997). Contact Languages: Pidgins and Creoles. MacMillan. ISBN 0-333-63024-6.
  • Thomason, Sarah and Terrence Kaufman (1988). Language Contact, Creolization, and Genetic Linguistics. University of California Press. ISBN 0-520-07893-4.
  • Zuckermann, Ghil'ad (2009). "Hybridity versus Revivability: Multiple Causation, Forms and Patterns." Journal of Language Contact, Varia 2:40-67.