Литературен јазик
Изглед
(Пренасочено од Стандарден јазик)
Литературниот (стандарден) јазик е официјалното средство за комуникација на една нација. Во македонскиот јазик термините стандарден и литературен се употребуваат со исто значење.
Стандарден (литературен) јазик е:
- јазикот што официјално се употребува во уметничката и научната литература, во администрацијата, во училиштата, во медиумите итн.;
- јазикот што има пропишана норма за употреба;
- што го знаат сите припадници на една нација и тој ги обединува;
- што е изграден врз основа на еден дијалект или група дијалекти и претставува наддијалектна форма.
Од дијалектниот се создава стандардниот (литературниот) јазик, но тој постојано се збогатува и обновува од дијалектниот. Затоа, тие се во постојан заемен однос.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |