Џејсон Момоа
Џејсон Момоа | |
---|---|
Момоа во 2017 година | |
Роден(а) | Џозеф Џејсон Намакаеха Момоа 1 август 1979 Хонолулу, Хаваи, САД |
Занимање |
|
Активен период | 1999–сè уште |
Сопружник | Лиза Боне (в. 2017) |
Деца | 2 |
Џозеф Џејсон Намакаеха Момоа (роден на 1 август 1979 г.) — американски глумец, модел и продуцент. Тој е познат по неговите телевизиски улоги како Ронон Декс во серијата Ѕвездена порта: Атлантида (2004–2009), Кал Дрого во серијата Игра на тронови (2011–2012), и како Деклан Харп во серијата Граница (2016–сè уште).
Момоа ја играл главната улога во филмот Конан Варваринот (2011). Толкувајќи го ликот на суперхеројот Аквамен, тој имал кратко појавување во филмот Бетмен против Супермен: Зора на правдата (2016), играл главна улога во филмот Лига на правдата (2017) и ќе игра главна улога во истоимениот филм Аквамен (2018).[1]
Во 2014 година тој бил режисер, сценарист и продуцент на филмот Пат за Паломa, во кој исто така игра главна улога.[2]
Ран живот
[уреди | уреди извор]Момоа е роден во 1979 година во Хонолулу, Хаваи, како единствено дете во семејството на Кони, фотографка, и Џозеф Момоа, сликар.[3] Тој израснал во Норвок, Ајова, каде живеел со својата мајка.[4] Неговиот татко e хавајец, додека неговата мајка има германско, ирско и индијанско потекло.[5] По завршувањето на средното образование, Момоа се запишал на колеџ во Ајова студирајќи морска биoлогија. Тој се префрлил на Универзитетот Колорадо, каде започнал да студира билогија на животинскиот свет. Пред да дипломира, тој се вратил на Хаваите за да помине време со својот татко.[6]
Како млад човек, Момоа постојано патувал, сликал со пастелни бои во Париз, и слушал будистички предавања во Тибет.[7]
Личен живот
[уреди | уреди извор]Во 2005 година Момоа се запознал со глумицата Лиза Боне откако заеднички пријатели ги споиле, и тие започнале врска.[8]
На 23 јули 2007 година, Боне го родила нивното прво дете, ќерка именувана Лола Иолани Момоа.[8] Иако се верувало дека Момоа и Боне се венчале во ноември 2007 година, парот законски не се венчал сè до октомври 2017 година.[9] Од бракот со Боне, Момоа станал очув за Зои Кравиц.[10]
На 15 декември 2008 година, Боне го родила нивното второ дете, син на кого му било дадено името Накоа-Волф Манакауапо Намакаеха Момоа. Мајката на Момоа го објавила раѓањето, кажувајќи дека Накоа значи „воини“ а Мана означува „сила/дух“, додека Кауа („дожд“) и По („темнина“) се однесуваат на околностите при неговото раѓање (тој е роден на невообичајна дождлива ноќ во Лос Анџелес). Тој го дели своето име, Намакаеха, со неговиот татко.[11]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ McMillian, Graeme (October 20, 2014). „Jason Momoa Talks 'Aquaman' Plans, Confirms 'Justice League' Appearance“. The Hollywood Reporter. Посетено на September 22, 2014.
- ↑ „Jason Momoa Talks CONAN; Reveals He's Writing and Directing Road To Paloma“. Collider.com. Посетено на August 14, 2013.
- ↑ Sophia Ahmad (19 февруари 2010). „Interview with Norwalk's 'Conan' star Jason Momoa | Des Moines Register Staff Blogs“. Blogs.desmoinesregister.com. Архивирано од изворникот на 8 април 2013. Посетено на 11 август 2014.
- ↑ Jason Momoa Biography on TVguide
- ↑ Staff (19 јули 2004). "Momoa Makes Hawaii Hot". Extra. Warner Bros.
- ↑ „"Game of Thrones" Star Jason Momoa – Katie Couric“. Katiecouric.com. Архивирано од изворникот на 4 септември 2014. Посетено на 11 август 2014.
- ↑ „Jason Momoa Biography - Yahoo Movies Canada“. Ca.movies.yahoo.com. Архивирано од изворникот на 4 март 2014. Посетено на 11 август 2014.
- ↑ 8,0 8,1 Jason Momoa of 'Conan the Barbarian' talks about his horse fears Архивирано на 17 јуни 2014 г., August 20, 2011, Olivia Allin, OnTheRedCarpet.com
- ↑ „Jason Momoa, Lisa Bonet Officially Marry in Secret Wedding“. Us Weekly (англиски). 2017-11-02. Посетено на 2017-11-02.
- ↑ Live, Emily Tess Katz HuffPost (July 9, 2014). „Jason Momoa Gushing About Wife Lisa Bonet Couldn't Be More Adorable“. The Huffington Post. Посетено на June 30, 2016.
- ↑ „Lisa Bonet's New Baby's Name Is a Mouthful – Newborn Boy's Name Is Nakoa-Wolf Manakauapo Namakaeha Momoa“. Access Hollywood]] (via MSNBC). January 9, 2009. Архивирано од изворникот на 2012-10-03. Посетено на August 18, 2011. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Џејсон Момоа“ на Ризницата ? |
- Џејсон Момоа на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
|