Џејсон Момоа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џејсон Момоа
Момоа во 2017 година
Роден(а)Џозеф Џејсон
Намакаеха Момоа

1 август 1979 (1979-08-01) (40 г.)
Хонолулу, Хаваи, САД
Занимање
  • Глумец
  • модел
  • продуцент
Активен период1999–сè уште
СопружникЛиза Боне (в. 2017)
Деца2

Џозеф Џејсон Намакаеха Момоа (роден на 1 август 1979 г.) — американски глумец, модел и продуцент. Тој е познат по неговите телевизиски улоги како Ронон Декс во серијата Ѕвездена порта: Атлантида (2004–2009), Кал Дрого во серијата Игра на тронови (2011–2012), и како Деклан Харп во серијата Граница (2016–сè уште).

Момоа ја играл главната улога во филмот Конан Варваринот (2011). Толкувајќи го ликот на суперхеројот Аквамен, тој имал кратко појавување во филмот Бетмен против Супермен: Зора на правдата (2016), играл главна улога во филмот Лига на правдата (2017) и ќе игра главна улога во истоимениот филм Аквамен (2018).[1]

Во 2014 година тој бил режисер, сценарист и продуцент на филмот Пaт за Паломa, во кој исто така игра главна улога.[2]

Ран живот[уреди | уреди извор]

Момоа е роден во 1979 година во Хонолулу, Хаваи, како единствено дете во семејството на Кони, фотографка, и Џозеф Момоа, сликар.[3] Тој израснал во Норвок, Ајова, каде живеел со својата мајка.[4] Неговиот татко e хавајец, додека неговата мајка има германско, ирско и индијанско потекло.[5] По завршувањето на средното образование, Момоа се запишал на колеџ во Ајова студирајќи морска биoлогија. Тој се префрлил на Универзитетот Колорадо, каде започнал да студира билогија на животинскиот свет. Пред да дипломира, тој се вратил на Хаваите за да помине време со својот татко.[6]

Како млад човек, Момоа постојано патувал, сликал со пастелни бои во Париз, и слушал будистички предавања во Тибет.[7]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Во 2005 година Момоа се запознал со глумицата Лиза Боне откако заеднички пријатели ги споиле, и тие започнале врска.[8]

На 23 јули 2007 година, Боне го родила нивното прво дете, ќерка именувана Лола Иолани Момоа.[8] Иако се верувало дека Момоа и Боне се венчале во ноември 2007 година, парот законски не се венчал се до октомври 2017 година.[9] Од бракот со Боне, Момоа станал очув за Зои Кравиц.[10]

На 15 декември 2008 година, Боне го родила нивното второ дете, син на кого му било дадено името Накоа-Волф Манакауапо Намакаеха Момоа. Мајката на Момоа го објавила раѓањето, кажувајќи дека Накоа значи „воини“ а Мана означува „сила/дух“, додека Кауа („дожд“) и По („темнина“) се однесуваат на околностите при неговото раѓање (тој бил роден на невообичајна дождлива ноќ во Лос Анџелес). Тој го дели своето име, Намакаеха, со неговиот татко.[11]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. McMillian, Graeme (October 20, 2014). „Jason Momoa Talks 'Aquaman' Plans, Confirms 'Justice League' Appearance“. The Hollywood Reporter. конс. September 22, 2014. 
  2. „Jason Momoa Talks CONAN; Reveals He’s Writing and Directing Road To Paloma“. Collider.com. конс. August 14, 2013. 
  3. Sophia Ahmad (February 19, 2010). „Interview with Norwalk’s ‘Conan’ star Jason Momoa | Des Moines Register Staff Blogs“. Blogs.desmoinesregister.com. Архивирано од изворникот на April 8, 2013. конс. August 11, 2014.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  4. Jason Momoa Biography on TVguide
  5. Staff (19 јули 2004). "Momoa Makes Hawaii Hot". Extra. Warner Bros.
  6. "Game of Thrones" Star Jason Momoa – Katie Couric“. Katiecouric.com. Архивирано од изворникот на September 4, 2014. конс. August 11, 2014.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  7. „Jason Momoa Biography - Yahoo Movies Canada“. Ca.movies.yahoo.com. Архивирано од изворникот на March 4, 2014. конс. August 11, 2014.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  8. 8,0 8,1 Jason Momoa of 'Conan the Barbarian' talks about his horse fears, August 20, 2011, Olivia Allin, OnTheRedCarpet.com
  9. Jason Momoa, Lisa Bonet Officially Marry in Secret Wedding“, „Us Weekly“, 2 ноември 2017. (на англиски)
  10. Live, Emily Tess Katz HuffPost (July 9, 2014). „Jason Momoa Gushing About Wife Lisa Bonet Couldn't Be More Adorable“. The Huffington Post. конс. June 30, 2016. 
  11. „Lisa Bonet's New Baby's Name Is a Mouthful – Newborn Boy's Name Is Nakoa-Wolf Manakauapo Namakaeha Momoa“. Access Hollywood (via MSNBC). January 9, 2009. конс. August 18, 2011. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]