Питер Џексон

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Peter Jackson)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Питер Џексон

Питер Џексон (англиски јазик: Peter Jackson) (31 октомври 1961) - филмски режисер од Нов Зеланд, добитник на наградите „Оскар“ и „Златен глобус“.

Биографија[уреди | уреди извор]

Творештво[уреди | уреди извор]

На почетокот на кариерата, Џексон се прославил со крвави тинејџерски хорори и комедии. Неговиот филм „Жив мртовец“ (Dead Alive) бил прогласен за најгнасен филм на сите времиња. Меѓутоа, во 1994 година го променил стилот и станал славен со филмот „Небесни суштества“ (Heavenly Creatures). Филмот ја добил наградата „Сребрен лав“ на Венецискиот филмски фестивал и бил номинираб за „Оскар“ за оригинално сценарио. Овој филм бил клучен за кариерата на актерката Кејт Винслет. Неговиот животен пат потполно се променил кога одлучил да режира серија филмови според книжевните класици: „Дружината на прстенот“, „Двете кули“ и „Враќањето на кралот“ од трилогијата „Господарот на прстените“ на Џ.Р.Р. Толкин. Филмовите постигнале голем комерцијален успех, а Џексон станал еден од најплатените режисери на денешницата.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Најзначајни награди[уреди | уреди извор]

Оскар

  • 2003 - Најдобар филм (Господарот на прстените: Враќањето на кралот)
  • 2003 - Најдобро адаптирано сценарио (Господарот на прстените: Враќањето на кралот)
  • 2003 - Најдобра режија (Господарот на прстените: Враќањето на кралот)

БАФТА

  • 2001 - Најдобар филм (Господарот на прстените: Дружината на прстенот)
  • 2001 - Најдобра режија (Господарот на прстените: Дружината на прстенот)
  • 2003 - Најдобар филм (Господарот на прстените: Враќањето на кралот)

Златен глобус

  • 2003 - Најдобра режија (Господарот на прстените: Враќањето на кралот)

Венецијански филмски фестивал

  • 1994 - Сребрен лав (Небесни Суштества)