Led Zeppelin IV

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Led Zeppelin IV“
A drawing of a man in a field with a large bundle of sticks on his back
Студиски албум од Led Zeppelin
Издаден8 ноември 1971 (1971-11-08)
СнименDecember 1970 – March 1971 at various locations
ЖанрHard rock, heavy metal, folk rock
Траење42:25
ЈазикEnglish
Издавачка куќаAtlantic
ПродуцентJimmy Page
Led Zeppelin — Хронологија
Led Zeppelin III
(1970)
(Untitled)
(1971)
Houses of the Holy
(1973)
Издадени песни од (Untitled)
  1. "Black Dog"/"Misty Mountain Hop"
    Издадена: 2 декември 1971 (1971-12-02)
  2. "Rock and Roll"/"Four Sticks"
    Издадена: 21 февруари 1972 (1972-02-21)

Четвртиот албум на англиската рок група Лед Зепелин е издаден на 8 ноември 1971 година. Бидејќи нема име на опаковката, албумот е познат како Led Zeppelin 4, Four Symbols, The Fourth Album, Untitled, Runes, The Hermit and ZoSo , последното е извадено од симболот на Џими Пејџ кој се наоѓа на опаковката од албумот. Пејџ многу често излегува на сцената со овој симбол закачен некаде на неговата облека.

Лед Зепелин 4 содржи многу од добро познатите песни на групата: Black Dog, Rock and Roll, Going to California и најголемото ремек дело во историјата на рокенрол музиката и воедно нивниот заштитен знак - Stairway to Heaven. Албумот стана успех на комерцијален план како и кај критичарите и денес е еден од најпродаваните албуми на сите времиња во светот со продадени 32 милиони копии, 23 од кои во САД, што го прави третиот најпродаван албум во САД. Во 2003 година списанието Ролинг Стоун го стави на 69 место на листата на 500 најдобри албуми на сите времиња.

Снимање[уреди | уреди извор]

Албумот е завршен во новото студио на Ајленд Рекордс, Бејсинг Стрит Студиос, во исто време со легендарниот албум на групата Јетро Тул, Aqualung во декември 1970 година. Членовите на групата Флитвуд Мек им предложуваат да ја пробаат Hedley Grange, куќата од Викторијанско време во Источен Хемпшир, Англија за да го состават албумот. Тука го користат подвижното студио на Ролинг Стоунс и Џими се присетува: 'Ни требаше такво место каде што можеме да се напиеме чај, да се проврткаме наоколу и потоа да влеземе внатре и да си ја завршиме работата'. Таа опуштена атмосфера во куќата, според Дејв Луис, придонесува за: 'некои од песните на албумот да се состават и снимат на лице место'.

Штом основата на албумот била завршена, групата ги додава наснимките во Ајленд Студиос, и потоа завршените касето ги носат во Сансет Саунд во Лос Анџелес за да го завршат миксувањето. Бидејќи не се задоволни со тоа, се враќаат во Лондон да ги поправат миксовите и го одложуваат издавањето на албумот за неколку месеци.

Три песни од овие сесии не се вклучени во Led Zeppelin 4: Down By The Seaside, Night Flight и Boogie With Stu, но истите се ставени во двојниот албум Physical Graffiti, издаден четири години подоцна.

Наслов[уреди | уреди извор]

По измешаните реакции за Лед Зепелин 3, Џими Пејџ решава да не му даде наслов на новиот албум , туку наместо наслов да стави четири рачно нацртани симболи во внатрешниот дел на опаковката, по еден за секој член на групата. 'Решивме да не го ставаме името на групата на новиот албум и воопшто да нема никакви информации на опаковката бидејќи имињата, насловите и слично не значат ништо' објаснува Џими. Тој исто така изјавува дека новинарски агент го советувал да не го прави тоа бидејќи со тоа би извршил професинално самоубиство по едногодишно отсуство од сцената.

'Имавме огромна верба во она што го работевме. Не беше лесно. Издавачката куќа инсистираше да го ставиме името, некои гледаа кон небото бидејќи мислењето беше дека издавање албум без наслов е професионално самоубиство. Реално, имавме многу лоши критики за нашите албуми досега и критичарите неможеа да сфатат некои од работите кои се наоѓаа на нив, и не зборувам само за претходниот албум. Но нашите албуми претставуваат каде се наоѓаме како група во тој момент. Безимен албум ми се чинеше како одличен одговор на сите критики – затоа што знаевме дека нашата публика ќе не цени и покрај тоа.' Изјави Џими за Тајмс во 2010 година.

Со недостатокот на наслов, Атлантик Рекордс ги искористува симболите за новинарски статии и топ листи. Анти-комерцијалниот став на групата придонесе за големи контроверзии во Атлантик Рекордс и воопшто не им се допаѓа на извршните директори.

Со недостаток на име, албумот добива многу прекари како Led Zeppelin 4, Four Symbols, The Fourth Album, ZoSo, Untitled, The Hermit и Runes. Кога зборува за албумот, Џими го нарекува 'четвртиот албум' или 'Лед Зепелин 4', а Плент пак вели дека 'тоа е четвртиот албум и готово, тоа е се'. Не само што нема име, туку албумот не содржи никакви информации на опаковката од оригиналниот ЛП.

Симболи[уреди | уреди извор]

Четирите симболи на (од лево кон десно);
горе; Џими Пејџ, Џон Пол Џонс
доле; Џон Бонам, Роберт Плент

Идејата за симболите е на Џими Пејџ. Во интервју од 1977 година тој изјавува: 'После сите тие срања со критичарите, им предложив на момците дека би била добра идеја да издадеме нешто тотално анонимно. Отпочеток сакав да ставам само еден симбол, но кога веќе е нашиот четврти албум и ние сме четворица подобро би било да одбереме сите по еден симбол. Јас го дизајнирав мојот и сите други си имаа нивни причини за нивните симболи'.

Иако изјавува дека сам го дизајнира неговиот симбол, никогаш не открива што го инспирирало. Според некои, симболот се појавил во 1557 претставувајќи го богот Сатурн. Симболот е познат како ЗоСо, но Пејџ вели дека не сакал симболот да биде збор.

Џон Пол Џонс го одбира неговиот симбол од 'Книгата на Знаци' на Рудолф Коч и претставува еден круг испреплетен со трифекта, симболизирајќи личност која псоедува самодоверба и способност.

Џон Бонам одбира симбол кој претставува три испреплетени (Боромејски) прстени од истата книга. Секој прстен претставува мајка, татко и дете, а во исто време е и симболот за пивото Балентајн.

Роберт Плент сам го дизајнира симболот со пердув во круг инспириран од симбол од цивилизацијата Му.

Симболот на Сенди Дени, за него се знае само дека е стар симбол за Светото тројство во христијанството.

Постои и петти помал симбол од пејачката Сенди Дени, која гостува на албумот и симболот го претставува нејзиниот придонес за песната The Battle of Evermore. Симболот претставува три триаголници кои се допираат на врвовите.

Во текот на турнејата на Лед Зепелин низ Велика Британија во зимата 1971 година, кратко по издавањето на албумот, групата визуелно ги проектира симболите на нивната опрема на сцената. Симболот на Џими е ставен на еден од неговите засилувачи, симболот на Бонам на неговиот бас тапан, на Џон Пол Џонс на неговиот синтисајзер и на Роберт Плент на еден од звучниците. Само симболите на Пејџ и Бонам се појавуваат на идините концертни турнеи.

Опаковка[уреди | уреди извор]

Селската маслена слика од 19 век која се наоѓа на опаковката од Лед Зепелин 4 ја купил Роберт Плент од антикварница во Ридинг, Беркшир. Потоа сликата е обработена и поставена на тапациран ѕид за да биде фотографирана за албумот.

Пејџ објаснува дека сака да го истакне контрастот меѓу селска и градска средина кој првпат се појавил во Лед Зепелин 3: 'Ја претставува промената во рамнотежата која се случуваше. Имаше еден стар селанец и многу станови кои се рушеа. Само сакавме да кажеме дека треба да се грижиме за земјата а не да ја силуваме и грабаме'.

За значењето на сликата на опаковката тој изјавува: 'Насловната слика е всушност нешто што требаше да ги натера луѓето да размислуваат, а не јас да им објаснувам што сум сакал да кажам, тоаби било навистина разочарувачки за вашата лична авантура во музиката'.

Опаковката се наоѓа во десетте 'Класични опаковки за албуми' на поштенската компанија Ројал Мејл кои се одбрани за издание на поштенски маркици во јануари 2010 година.

Внатрешната илустрација, наречена The Hermit, е придонес на Берингтон Колби и е инспирирана од тарот картата со исто име. Џими Пејџ го претставува ликот во концертниот филм на групата The Song Remains The Same од 1976. Сликата од внатрешноста на опаковката е наречена View in Half or Varying Light e продадена на аукција во 1981 под истото име.

Има различни верзии на сликите кои се наоѓаат на опаковката од албумот. На некои од нив има долгокос и забраден молител кој се качува на подножјето на планина, додека на други отсуствува шестокраката ѕвезда на фенерот на мудрецот. Ако се постави вертикално пред огледало, внатрешноста на албумот открива лик на човек во во карпите под мудрецот. Постојат шпекулации дека тој лик е всушност на црно куче.

Фонтот на текстот за песната Stairway to Heaven испринтан на внатрешноста од опаковката е придонес на Џими Пејџ. Наводно го нашол во списание за уметност и занаетчиство наречено The Studio кое датира од крајот на 19от век. Му изгледало интересно и некој му направил цела азбука од истиот фонт.

Критики[уреди | уреди извор]

 Професионални оценки
Прегледни резултати
Извор Оценка
Allmusic 5/5 ѕвездички[1]
BBC Music Favourable[2]
Blender 5/5 ѕвездички[3]
Billboard Favourable[4]
Robert Christgau A[5]
Entertainment Weekly A+[6]
Q 5/5 ѕвездички[7]
Rolling Stone Favourable[8]
The Rolling Stone Album Guide 5/5 ѕвездички[9]
Spin Favourable[10]

Непосредно пред издавањето на албумот, голем број рекламни пораки содржејќи ги симболите на членовите на групата се објавуваат низ музичките весници.

Лед Зепелин 4 веднаш станува огромен хит и влегува на Британската топ листа на првото место и останува таму цели 62 недели. Во САД се појавува на втората позиција на топ листите но останува на неа подолго од неговите претходници и станува најпродаваниот албум во САД кој не бил на првата позиција (туку на втората). Најголемиот успех за групата, според критичарите како и комерцијално, е Лед Зепелин 4. Според други критичари албумот е ремек-дело.

Признанија и награди[уреди | уреди извор]

Читателите на списанието Кју во 1998 година го изгласаа Лед Зепелин 4 за 26тиот најдобар албум на сите времиња, а во 2000 година, списанието го стави на истата позиција на листата на 100те најдобри Британски. На листата на 500те најдобри албуми на сите времиња на списанието Ролинг Стоун, албумот се наоѓа на 66тото место. На Пичфорк Медиа (Американско интернет списание) го рангира на 7то место на својата листа од 100 најдобри албуми од 70тите години.

Во 2006 година Лед Зепелин 4 е ставен на првата позиција на 100те најдобри Британски албуми на сите времиња на списанието Класик Рок, како и на листата на 100те најдобри албуми според читателите на списанието Гитар Ворлд. Австралијанското ЕјБиСи Медиа го прогласува за 7ми на листата од 10те најдобри албуми.

Магазин Земја Признание Година Ранг
Mojo Обединето Кралство "The 100 Greatest Albums Ever Made"[11] 1996 24
Grammy Awards САД Grammy Hall of Fame Award[12] 1999 *
The Guitar САД "Album of the Millennium"[13] 1999 2
Classic Rock Обединето Кралство "100 Greatest Rock Albums Ever"[14] 2001 1
Rolling Stone САД "500 Greatest Albums Ever"[15] 2003 66
Pitchfork Media САД "Top 100 Albums of the 1970s"[16] 2004 7
Q Обединето Кралство "The Greatest Classic Rock Albums Ever"[17] 2004 *
Robert Dimery САД 1001 Albums You Must Hear Before You Die[18] 2005 *
Q Обединето Кралство "100 Best Albums Ever"[19] 2006 21
Classic Rock Обединето Кралство "100 Greatest British Rock Albums Ever"[20] 2006 1
Rock and Roll Hall of Fame САД "The Definitive 200: Top 200 Albums of All-Time"[21] 2007 4

(*) designates unordered lists.

Листа на песни[уреди | уреди извор]

Side one
Бр. НасловТекстописци Траење
1. Black Dog“  John Paul Jones, Jimmy Page, and Robert Plant 4:54
2. Rock and Roll“  John Bonham, Jones, Page, and Plant 3:40
3. The Battle of Evermore“  Page and Plant 5:51
4. Stairway to Heaven“  Page and Plant 8:02
Side two
Бр. НасловТекстописци Траење
5. Misty Mountain Hop“  Jones, Page, and Plant 4:38
6. Four Sticks“  Page and Plant 4:44
7. Going to California“  Page and Plant 3:31
8. When the Levee Breaks“  Bonham, Jones, Memphis Minnie, Page, and Plant 7:07

Положба на топ листите[уреди | уреди извор]

Album
Chart (1971–1972) Peak Position
Japanese Albums Chart[22] 2
Norwegian Albums Chart[23] 3
UK Albums Chart[24] 1
US Billboard 200[25] 2
German Albums Chart[26] 9
French Albums Chart[27] 2
US Cash Box Top 100 Albums Chart[28] 1
US Record World Top Pop Albums Chart[29] 1
Canadian RPM 100 Albums[30] 1
Spanish Albums Chart[31] 8
Australian Go-Set Top 20 Albums Chart[32] 2
Singles
Year Single Chart Position
1971 "Black Dog" US Billboard Hot 100[33] 15
1972 "Rock and Roll" Billboard Hot 100[34] 47

Екипа[уреди | уреди извор]

Led Zeppelin
Дополнителни музичари
Продукција

Исто така[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Thomas, Stephen (8 November 1971). „Allmusic Review“. Allmusic. Rovi Corporation. конс. 17 August 2011. 
  2. „BBC Review“. BBC Music. BBC. Архивирано од изворникот на 22 July 2012. конс. 17 August 2011. 
  3. Blender Review[мртва врска]
  4. „Billboard Review“. Superseventies.com. конс. 17 August 2011. 
  5. „Robert Christgau Review“. Robertchristgau.com. конс. 17 August 2011. 
  6. Reviewed by Tom Sinclair (20 June 2003). „Entertainment Weekly Review“. Ew.com. конс. 17 August 2011. 
  7. „Q Review“. Tower.com. 19 July 1994. конс. 17 August 2011. 
  8. „Rolling Stone Review“. Rolling Stone. 23 December 1971. конс. 20 May 2011. 
  9. „Led Zeppelin Album Guide“. Rolling Stone Album Guide. 10 December 2007. Архивирано од изворникот на 14 January 2011. конс. 17 August 2011. 
  10. Gross, Joe. Heavy Metal. „Spin“ (Vibe/Spin Ventures) том  21 (2): 89. http://books.google.com/books?id=LvowiBHKWgsC&pg=PA89#v=onepage&q&f=false. посет. 19 јуни 2012 г. 
  11. „The 100 Greatest Albums Ever Made — January 1996“. Mojo. конс. 10 February 2009. 
  12. „The Grammy Hall of Fame Award“. National Academy of Recording Arts and Sciences. конс. 18 August 2007. [мртва врска]
  13. „Album of the Millenium — December 1999“. The Guitar<nowiki />. конс. 10 February 2009. 
  14. „Classic Rock – 100 Greatest Rock Albums Ever December 2001“. Classic Rock. конс. 10 February 2009. 
  15. „500 Greatest Albums | Rolling Stone Music | Lists“. Rolling Stone. конс. 17 August 2011. 
  16. „Pitchfork — Top 100 Albums of the 1970s“. Pitchfork<nowiki />. конс. 10 February 2009. 
  17. „The Greatest Classic Rock Albums Ever October 2004“. Q. конс. 10 February 2009. 
  18. Dimery, Robert – 1001 Albums You Must Hear Before You Die; page 856
  19. „100 Greatest Albums Ever — February 2006“. Q<nowiki />. конс. 10 February 2009. 
  20. „Classic Rock – 100 Greatest British Rock Albums Ever — April 2006“. Classic Rock. конс. 10 February 2009. 
  21. „The Definitive 200: Top 200 Albums of All-Time“. Rock and Roll Hall of Fame (САД). конс. 10 February 2009. [мртва врска]
  22. „Top 100 Albums – 8 November 1971“. Oricon. конс. 19 January 2009. 
  23. „Top 20 Albums – 28 November 1971“. norwegiancharts.com. конс. 19 January 2009. 
  24. „Top 100 Albums – 4 December 1971“. chartstats.com. Архивирано од изворникот на 9 December 2012. конс. 19 January 2009. 
  25. „The Billboard 200 – 18 December 1971“. Billboard. конс. 19 January 2009. [мртва врска]
  26. „Top 100 Albums — December 1971“. charts-surfer.de. конс. 19 January 2009. [мртва врска]
  27. „Top 100 Albums – 1971“. infodisc.fr. конс. 19 January 2009. 
  28. „Top 100 Albums – 25 December 1971“. Cash Box. конс. 19 January 2009. [мртва врска]
  29. [http://www.geocities.com/muggy59/RWPOPLPS1970THRU1974.html[мртва врска] „Top Pop Albums – 25 December 1971“]. Record World. конс. 19 January 2009. [мртва врска]
  30. „RPM Albums Chart – 8 January 1972“. RPM. конс. 19 January 2009. 
  31. „Top 100 Albums – 5 February 1972“. PROMUSICAE. конс. 19 January 2009. 
  32. „Top 20 Albums – 11 March 1972“. Go Set. конс. 19 January 2009. 
  33. „Hot 100 Singles – 12 February 1972“. Billboard. конс. 17 January 2009. [мртва врска]
  34. „Hot 100 Singles – 15 April 1972“. Billboard. Архивирано од изворникот на 4 April 2009. конс. 17 January 2009. [мртва врска]

Надворешни линкови[уреди | уреди извор]

Претходник
Top of the Pops, Volume 20 by Various artists
UK Albums Chart number-one album
4–18 December 1971
Наследник
Electric Warrior by T. Rex