Led Zeppelin III

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Led Zeppelin III“
A collage of butterflies, teeth, zeppelins, and assorted imagery on a white background
Студиски албум од Led Zeppelin
Издаден5 October 1970
СнименJanuary – August 1970 at various locations
ЖанрHard rock, heavy metal, folk rock
Траење43:04
ЈазикEnglish
Издавачка куќаAtlantic
ПродуцентJimmy Page
Led Zeppelin — Хронологија
Led Zeppelin II
(1969)
Led Zeppelin III
(1970)
(Untitled)
(1971)
Издадени песни од Led Zeppelin III
  1. "Immigrant Song"/"Hey Hey What Can I Do"
    Издадена: 5 October 1970

Лед Зепелин 3 (Led Zeppelin III) е третиот студиски албум на англиската рок група Лед Зепелин. Албумот е сниман од jануари до aвгуст 1970 година и издаден на 5 октомври истата година преку издавачката куќа Атлантик Рекордс. Поголемиот дел од албумот е компониран во една оддалечена колиба наречена Bron-Yr-Aur (златен рид) во Велс. Со овој албум покажуваат нова насока во нивната музика, насока која оди повеќе кон фолк музиката и акустичните звуци. Нормално, тоа изненади многу фанови и критичари и по издавањето албумот добива прилично рамнодушни критики.

Иако не е еден од нивните бестселери, Лен Зепелин 3 денес се смета за одличен албум кој претставува многу важно достигнување во нивната историја. Иако се појавуваат неколку акустични песни на нивните претходни албуми, со овој албум Лед Зепелин докажуваат дека не се само уште една обична рок група и дека можат да го прошират нивниот опсег во музиката.

Снимање[уреди | уреди извор]

колибата 'Златен Рид'

Голем број од песните од албумот се зачнати во 70тите во колибата Bron-Yr-Aur во Гвинид, Велс, која се наоѓа на рид над долината на реката Дови, 3 милји од гратчето Мачинлет. По исцрпувачката турнеја низ Северна Америка, Роберт Плент и Џими Пејџ поминуваат некое време таму да се соземат и да компнираат нови песни. Оддалеченоста од цивилизацијата како и недостатокот на струја и водовод ги инспирира музичарите да ја сменат насоката н нивната музика кон акустичниот звук. Според Пејџ:

'По исцрпувачката турнеја за првите два албуми на која работевме скоро 24 часа дневно, застанавме да се одмориме како што треба, два месеци а не две недели. Решивме да изнајмиме колиба зашто ни здосади од хотелски соби. Секако, тоа имаше големо влијание на материјалот што го создадовме таму...Спокојството на местото го издефинира песните кои ги напишавме таму. Нормално дека не ги киневме жиците на гитарите со засилувачи и звучници. Веќе имавме некои акустични песни и бевме заинтересирани за класичната гитара, и така оддалечени без струја, беше како да дојде времето за акустична гитара. По напнатоста на турнејата која ја отсликуваше мочта на вториот албум, ова беше едно сосема различно чувство'.

Плент исто така изјави дека:

'Kолибата беше едно фантастично оддалечено местенце без никакви електроники или цевки тоа беше еден одличен тест да дознаеме што можеме да направиме во таква средина. Дотогаш веќе бевме опседнати со промени и добрата работа беше што можевме да создадеме една многу помирна страна на Лед Цеп. Џими ги слушаше Дејви Грејам и Берт Јанш и експериментираше со различни наштимувања, а јас го обожавав Џон Фахи и тоа беше правата насока за нас.

По завршувањето на песните кои се појавуваат на албумот, Џон Бонам и Џон Пол Џонс им се придружуваат на Џими Пејџ и Роберт Плент во една застарена палата во Источен Хемпшир наречена Хедли Гранџ и заедно почнуваат со свирење. Со опуштената атмосфера и селското опкружување, Хедли Гранџ многу повеќе им се допадна на членовите на Лед Цепелин од снимањето во музичко студио.

Потоа албумот е снимен во неколку сесии во Мај и Јуни 1970 година во Хедли Гранџ и Олимпик Студиос во Лондон. Во студиото Бејсинг Стрит Студиос во Нотинг Хил беа додадени некои работи, а потоа албумот е миксуван во Ардент Студиос во Мемфис во август 1970 година во текот на 6тата турнеја на Лед Цепелин во Америка. Џими Пејџ е повторно продуцент со помош на музичките инженери Енди Џонс и Тери Менинг.

Компонирање[уреди | уреди извор]

Лед Зепелин 3 ги воведува акустичните звуци како носечки за првпат во кариерата на групата и тие понатаму ќе се истакнуваат во следните албуми. Овој потфат им донесе уште поголема публика, дел од луѓето кои пред тоа не сакаат ни да чујат за тешките блуз звуци на Лед Цепелин сега стануваат редовни посетители на нивните концерти. Овој албум исто така ја смени динамиката на групата, пред тоа Пејџ доминира во првите два албуми, но овде сите четири членови придонесуваат во компонирањето и идеите за идните албуми.

Во овој албум исто така се појавуваат песните кои можат редовно да се забележат во идните концерти во живо, Since I’ve Been Loving You и Immigrant Song. Првата е класична и оригинална блуз песна, која според многумина е една од најдобрите песни на групата и чиј риф се смета за еден од најдобрите на сите времиња. Компонирана во Ц-мол со одлична размена на сите членови на групата. Станува заштитен знак и ја заменува I Can’t Quit You Baby како главна бавна блуз песна на концертите. Immigrant Song напишана од Џими и Роберт и е песна за инвазиите на Викинзите во Англија и е инспирирана од концерите на групата во Исланд.

На албумот исто така може да се чујат и рок песните Celebration Day и Out on the Tiles и Friends која е напишана под влијание на музиката од Истокот како и акустичните Bron-Y-Aur Stomp, Tangerine и That’s The Way, која споре Џими е голем напредок за почетникот во пишување стихови, Плент. Gallows Pole е подобрена верзија на една традиционална фолк песна наречена The Maid Freed from the Gallows. Hats Off to (Roy) Harper е последната песна од албумот која е посветена на нивниот пријател и музичар Рој Харпер. Песна со која оддаваат почит кон неговото дело во музиката и ги потврдуваат нивните корени во акустината музика.

Критики[уреди | уреди извор]

 Професионални оценки
Прегледни резултати
Извор Оценка
Allmusic 5/5 ѕвездички[1]
Blender 3/5 ѕвездички[2]
Robert Christgau (B+)[3]
Q 5/5 ѕвездички[4]
Rolling Stone Mixed[5]
The Rolling Stone Album Guide 4/5 ѕвездички[6]

Лед Зепелин 3 е еден од најочекуваните албуми во 1970 година и нарачаните копии само во САД беа блиску до милион. Издавањето на албумот беше проследено со реклама распространета на цела страница во списанието Мелоди Мејкер: Thank you for making us the world’s number one band.

Некои одлично го примаат албумот, но други ги критикуваат потешките песни и ги нарекуваат обична врева. За списанието Ролинг Стоун, критичарот Лестер Бенгс ја фали That’s The Way и ја нарекува прекрасна и трогнувачка, додека за потешките песни вели дека се многу сурови и неповрзани. Други ги критикуваат песните како кражба од Крозби, Стилс, Неш и Јанг. Во интервју за Камерон Кроу, Џими не се согласува со нив: Кога нивниот трет ЛП беше издаден и ги доби критиките, Крозби, Стилс, Неш и Јанг беа нова група. Тој ЛП штотуку беше издаден и поради тоа што акустичните гитари беа носители на албумот одеднаш и: Лед Зепелин почнаа со акустични! Си помислив, Господе, дали слушаат луѓево? Имавме три акустични песни на првиот албум и две на вториот.

Тој исто така вели дека поради лошиот однос на новинарите не дава никакво интервју цели 18 месеци по издавањето на албумот, и затоа наредниот албум беше безимен и немаше дополнителни информации на неговата опаковка. Но, подоцна Пејџ станува поголем дипломат во однос на новинарите: кога ќе се присетам, можам да сфатам како некој што само накратко го слушнал Лед Зепелин 3 барајќи ја новата Whole Lotta Love, ја пропуштил суштината на албумот. Било премногу добро за нив и не го сфатиле. Па кога се присетувам, воопшто не сум изненаден што нашата разновидност и многустраност беше толку критикувана и неценета тогаш.

Лед Зепелин 3 станува број 1 трансатлантички хит. Поминува 4 недели на врвот на Билборд Топ Листата и 3 недели на врвот на британската топ листа (враќајки се таму на уште една недела на 12 декември). Но заради несфатеноста и забуната од страна на критичарите, по достигнувањто на врвот, продажбите начително се намалија. Плент изјавува: Лед Цепелин 3 не беше еден од бестселерите во каталогот бидејќи публиката не знаеше што да прави со него. Каде е вториот дел од Whole Lotta Love? Сакаа нешто слично на Paranoid од Black Sabbath! Но ние сакавме акустични и некои песни како Gallows Pole сеуште ја имаше моќта на Whole Lotta Love бидејќи ни овозможи да бидеме подинамични.

Со тек на време статусот на Лед Цепелин 3 многу се подобри, и до 1990 година стана двојно платинест, а 9 години подоцна и 6 пати платинест, со продадени 6 милиони копии.

Признанија и награди[уреди | уреди извор]

Магазин Земја Награда Година Ранг
The Book of Rock Lists United States "The Top 40 Albums (1970)"[7] 1981 39
Mojo United Kingdom "The 100 Greatest Albums Ever Made"[8] 1996 99
Colin Larkin United Kingdom All Time Top 1000 Albums[9] 1998 361
Q United Kingdom "50 Best British Albums Ever"[10] 2004 9
Robert Dimery United States 1001 Albums You Must Hear Before You Die[11] 2005 *
Classic Rock United Kingdom "100 Greatest British Rock Album Ever"[12] 2006 31

(*) designates unordered lists.

Опаковка[уреди | уреди извор]

Закрон ја дизајнираше опаковката за оригиналното издание за плоча за Лед Зепелин 3. Закрон е уметник кој го сретнал Пејџ во 1963 година на факултетот за уметност во Кингстон каде тој бил студент и Пејџ решил тој да ја дизајнира опаковката на третиот албум.

Сликата од опаковката е составена од неколку надреални неповрзани слики на бела позадина, сите некако поврзани со летање или авијација, а со тоа и со Зепелин. Позади неа има волвели покриени со уште повеќе слики, некои и од членовите на групата кои можат да се видат низ дупките во опаковката. Ова неможе да се направи со касетите и ЦД опаковките, но има некои јапонски и британски изданија кои се минијатурни верзии на оваа. Француското издание на опаковката ги покажува само членовите на групата.

Податотека:Lef Zeppelin 3 001.jpg
The volvelle used on the front cover

Идејата со волвелата е уште еден концепт на Џими, но Закрон работи на ротирачка графика уште од 1965 година, па идеите им се совпаѓаат. Закрон предлага да не се става текст на предната страна од опаковката за да остане недопрена нивната уметност.

Во интерју за Класик Рок Магазин од декември 2007 година Закрон изјавува дека Џими му се јавил да му каже дека опаковката е фантастична. Џими, од друга страна, за Гитар Ворлд во 1998 изјавува дека е многу трендовско, но рокот ни истекуваше и немавме време за преголеми измени, имаше многу глупави детали како мали парчиња пченка и слични глупости.

Опаковката се појавува на насловната на Дејли Мејл Лајф Магазине во декември 2007, списание кое го нарекува Лед Зепелин 3 – најдобриот рок албум на сите времиња.

Првите изданија на албумот содржат фрази како ‘so mote be it’ и ‘do what thou shalt’. Преземени од филозофијата на Алејстер Краули за Телема: do what thou wilt shall be the whole of the law. Love is the law, love under will. There is no law beyond do what thou wilt. Пејџ ја изучува работата на Краули и дури и поседувал голема збирка на неговите дела, а во 1970 година купува една од неговите куќи, Болескин Хаус на брегот на езерото Лох Нес во Шкотска.

Листа на песни[уреди | уреди извор]

Side one
Бр. НасловТекстописци Траење
1. Immigrant Song“  Jimmy Page, Robert Plant 2:26
2. Friends“  Page, Plant 3:55
3. Celebration Day“  John Paul Jones, Page, Plant 3:29
4. Since I've Been Loving You“  Jones, Page, Plant 7:25
5. Out on the Tiles“  John Bonham, Page, Plant 4:04
Side two
Бр. НасловТекстописци Траење
6. Gallows Pole“  Traditional, arr. Page, Plant 4:58
7. Tangerine“  Page 3:12
8. That's the Way“  Page, Plant 5:38
9. Bron-Y-Aur Stomp“  Jones, Page, Plant 4:20
10. Hats Off to (Roy) Harper“  Traditional, arr. Charles Obscure 3:41

Положба на топ листите[уреди | уреди извор]

Chart (1970) Peak position
Norwegian Albums Chart[13] 3
US Billboard 200[14] 1
US Billboard Soul LP's[15] 30
UK Albums Chart[16] 1
Canadian RPM Top 100 Albums Chart[17] 1
Japanese Albums Chart[18] 5
US Record World Top Pop Albums[се бара извор] 1
US Cash Box Top 100 Albums[19] 1
German Albums Chart[20] 3
Spanish Albums Chart[21] 6
French Albums Chart[22] 4
Australian Go-Set Top 20 Albums Chart[23] 1
Singles
Year Single Chart Peak position
1970 (Release)
1971 (Peak position)
"Immigrant Song"/
"Hey Hey What Can I Do"
Billboard Hot 100 Singles 16[24]

Сертификации за продажба[уреди | уреди извор]

Шаблон:Certification Table EntryШаблон:Certification Table EntryШаблон:Certification Table EntryШаблон:Certification Table EntryШаблон:Certification Table EntryШаблон:Certification Table EntryШаблон:Certification Table EntryШаблон:Certification Table Bottom

Екипа[уреди | уреди извор]

Led Zeppelin
Production

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Allmusic Review
  2. Blender Review[мртва врска]
  3. „Robert Christgau Review“. Robertchristgau.com. 15 June 1972. конс. 1 January 2012. 
  4. „Q Review“. Cduniverse.com. 16 August 1994. конс. 1 January 2012. 
  5. By Lester Bangs (26 November 1970). „Rolling Stone Review“. Rolling Stone. конс. 1 January 2012. 
  6. „Led Zeppelin: Album Guide | Rolling Stone Music“. Rollingstone.com. 2007-12-10. Архивирано од изворникот на 2011-01-14. конс. 2012-09-19. 
  7. „The Top 40 Albums 1970“. rocklistmusic.co.uk. конс. 10 February 2009. [мртва врска]
  8. „The 100 Greatest Albums Ever Made – January 1996“. Mojo. конс. 10 February 2009. 
  9. „Virgin All-Time Album Top 1000 List – 1998“. Virgin. конс. 10 February 2009. 
  10. „50 Best British Albums Ever – July 2004“. Q. конс. 10 February 2009. 
  11. Dimery, Robert – 1001 Albums You Must Hear Before You Die; page 156
  12. „Classic Rock – 100 Greatest British Rock Album Ever – April 2006“. Classic Rock. конс. 10 February 2009. 
  13. „Top 20 Singles – 25 October 1970“. norwegiancharts.com. конс. 19 January 2009. 
  14. „The Billboard 200 – 31 October 1970“. Billboard. конс. 19 January 2009. [мртва врска]
  15. „allmusic (((Led Zeppelin III > Charts & Awards > Billboard Albums)))“. конс. 26 May 2008. 
  16. „Top 100 Albums – 7 November 1970“. chartstats.com. Архивирано од изворникот на 8 December 2012. конс. 19 January 2009. 
  17. „RPM Albums Chart – 7 November 1970“. RPM. конс. 19 January 2009. 
  18. „Top 100 Albums – 11 November 1970“. Oricon. конс. 19 January 2009. 
  19. „Top 100 Albums – 21 November 1970“. Cash Box. конс. 19 January 2009. [мртва врска]
  20. „Top 100 Albums – November 1970“. charts-surfer.de. конс. 19 January 2009. [мртва врска]
  21. „Top 100 Albums – 12 December 1970“. PROMUSICAE. конс. 19 January 2009. 
  22. „Top 100 Albums – 1970“. infodisc.fr. конс. 19 January 2009. 
  23. „Top 20 Albums – 23 January 1971“. Go Set. конс. 19 January 2009. 
  24. „Hot 100 Singles – 30 January 1971“. Billboard. конс. 19 January 2009. [мртва врска]
  25. 25,0 25,1 25,2 „Led Zeppelin III mastering engineers“. конс. 27 May 2008. 
  26. „allmusic (((Led Zeppelin III > Credits)))“. конс. 27 May 2008. 

Надворешни линкови[уреди | уреди извор]

Шаблон:Led Zeppelin III

Регион Сертификација Продажба

Шаблон:Use British English

Претходник
Abraxas by Santana
Billboard 200 number-one album
31 October - 27 November 1970
Наследник
Abraxas by Santana
Претходник
Motown Chartbusters Volume 4
by Various artists
Andy Williams' Greatest Hits by Andy Williams
UK Albums Chart number-one album
7-28 November 1970
12–19 December 1970
Наследник
New Morning by Bob Dylan
Andy Williams' Greatest Hits
by Andy Williams