Presence (албум)
„Presence“ | ||||
---|---|---|---|---|
Студиски албум од Led Zeppelin | ||||
Издаден | 31 март 1976 | |||
Снимен | ноември-декември 1975 at Musicland Studios, Минхен, Германија | |||
Жанр | Хард рок, хеви метал, блуз рок | |||
Траење | 44:25 | |||
Јазик | англиски | |||
Издавачка куќа | Swan Song | |||
Продуцент | Џими Пејџ | |||
Led Zeppelin — Хронологија | ||||
| ||||
Издадени песни од Presence | ||||
|
Presence е седмиот студиски албум на англиската рок група Лед Зепелин издаден преку Суан Сонг Рекордс на 31 март 1976 година. Снимен во еден многу тежок период за групата бидејќи пејачот Роберт Плент е повреден по сообраќајна несреќа, албумот добива измешани критики и е албумот кој најбавно се продава, продавајќи само три милиони копии во САД. И покрај тоа Џими Пејџ вели дека ова е нивниот најважен албум бидејќи со него докажуваат дека можат да продолжат и покрај тешкиот период.
Заднина
[уреди | уреди извор]Откако Џими решава да го сними албумот по несреќата на Плент во Грција на петти август 1975 година, светската турнеја која треба да почне на 23 август е откажана. Во тоа време, Лед Зепелин се на врвот на нивната популарност и откако е однесен во болница Плент изјавува:
'Лежам целиот во болка и ги бркам лебарките од креветот, кога цимерот од болницата, еден стар војник, почна да ми ја пее The Ocean од Houses of the Holy.'
За време на зарепнувањето во Џерси и Малибу, Плент пишува некои текстови и откако му се придружува Џими тие омпонираат неколку песни. Откако подготвуваат доволно материјал за проби, доаѓаат и Џон Бонам и Џон Пол Џонс во СИР Студио во Холивуд каде почнуваат со работата. По едномесечна проба, албумот се снима за само 18 денови во Музишленд Студиос во Минхен, Германија, со Плент во инвалидска количка. По дебитантскиот албум, ова е најбрзо снимениот албум на групата, една од причините за тоа е што Ролинг Стоунс веќе го закажале студиото за снимање на албумот Black and Blue. По пристигнувањето, членовите на Ролинг Стоунс се изненадени од брзината со која албумот е составен за само 18 дена. Тајната била во тоа што Џими останува буден два дена за да ги заврши наснимките за гитарата:
'Всушност требаше само да ги наместам пред мене, знаеш, прва трака, втора трака...работејќи брзо на тоа и наснимките за албумот беа завршени за една ноќ. Иако не бев сигурен дека сум способен за тоа, мислев дека ќе ми требаат барем три ноќи за да завршам. Но ми тргна работата и едноставно се ми одеше од рака. Знаеш, како што оди зрелоста на свирењето, многу сум задоволен од свирењето на гитарата во овој албум.'
За време на миксањето во Музишленд Студиос работи и 18 до 20 часа дневно:
'По завршувањето на снимањето на групата, јас и нашиот музички инженер Кит Харвуд почнавме со миксање и не застанувавме додека еден од нас не заспиеше, и кој прв се разбуди го буди на другиот и продолжувавме до несвест.'
И на Плент ова не му е најлесниот период во животот, студиото се наоѓа во подрум на некој хотел и тој се чувствува клаустрофобичен. Имал големи тешкотии физички, по несреќата и му недостига фамилијата:
'Цело време бев во инвалидска и изнервира. Мислам дека тоа влиаеше на мојот глас, кој беше изморен и засипнат. Не спасија Candy Store Rock и Achilles Last Stand. Ритамските делови беа одлични таму. Но ги мразев Пејџ и Питер Грент бидејќи не можев да си го видам семејството и почнав да се сомневам дека рокенролот не вреди ништо.'
На 26 ноември 1975 година албумот е завршен, еден ден пред Денот на Благодарноста во САД и Џими предлага токму така да го насловат албумот. Веднаш неприфатено, се согласуваат за насловот кој ги отсликува моќта и присуството (анг. presence) што ги опкружува тогаш.
Компонирање
[уреди | уреди извор]Џими и Плент во Малибу компонираат шест од седумте песни, додека сите четири членови на групата ја добиваат заслугата за седмата песна на албумот. Поради состојбата на Плент, Џими Пејџ ја презема одговорноста и го завршува снимањето и може да се забележи дека неговата гитара е носител на албумот.
Планот на гитаристот и пејачот е да се вратат кон своите хард рок корени од првиот албум но со повисоко ниво на сложеност. По сите експерименти со синтисајзер, мелотрон и особено акустична гитара, Лед Зепелин со Presence се враќа кон претходниот носител – електричната гитара на Џими. Освен кај песната Candy Store Rock во албумот не е употребена акустична гитара, а ова е првиот албум на групата каде не е употребен синтисајзер.
Тотална спротивност од нивниот следен албум In Through the Out Door, каде синтисајзерот на ЏПЏ се појавува на сите песни и дури го става Џими Пејџ и неговата Гибсон Лес Пол во позадина на неколку песни. Тоа е најзабележливо во песната Carouselambra, каде Џими се појавува дури по 4 минути во песната.
Променетиот стил доаѓа како резултат на лошиот период со кој се соочува групата. Пејџ изјавува:
„ | Мислам дека ги отсликува емоциите и нетрпеливоста од тој период. Има некаква спонтаност во врска со тој албум. Почнавме од нула и се дојде одеднаш. | “ |
Плант пак изјавува:
„ | Тоа беше како извик на преживување. Овој албум нема да се повтори, само тоа ќе го кажам. Тоа беше извик од длабочините, сè што можевме да направиме. | “ |
Во споредба со други албуми од кои групата одбира по неколку песни да свири на концерти во живо, од Presence се користат само две, омилената песна на Џими Пејџ Achilles Last Stand и госпелот Nobody’s Fault but Mine кои се додадени на листата за турнејата од 1977 година и на сите преостанати концерти до 1980 година. Дел од солото на Tea for One се додава на изведбите на Since I’ve Been Loving You, но целата песна не се појавува сè до 1996 година кога Пејџ и Плент одржуваат турнеја во Јапонија. For Your Life ја свират за првпат дури на 10 декември 2007 година на концертот во чест на Ахмет Ертегин, што е всушност прв долготраен концерт на групата по смртта на Џон Бонам. Малиот број на изведби во живо од Presence се должи на фактот што групата не одржува концерти цела година по завршувањето на албумот.
Опаковка
[уреди | уреди извор]Фирмата Хипносис повторно ја дизајнира насловната слика за опаковката, која содржи разни слики од луѓе кои комуницираат со црн предмет во форма на обелиск. Во опаковката, тој се нарекува едноставно 'Предметот'. Тој симболизира силата и присуството на Лед Зепелин. Пејџ објаснува:
'Немавме некој наслов за албумот и дизајнерот рече дека кога помислува на групата, помислувам на моќ и сила. Тоа ти е силно присуство. И тоа беше моментот. Тој сакаше да го нарече Обелиск, но за мене беше поважно тоа што беше зад обелискот. Искрено, насловната е голема зафрканција за филмот 2001. Мислам дека е прилично смешна.'
Позадината на насловната е извадена од вештачки док кој се мести во Ерловскиот изложбен центар во Лондон за годишното шоу на бродови одржано во зимата 1974/75 година. Тука Лед Зепелин одржува голем број на концерти во мај 1975 година. Во 1977 година Хипносис и Џорџ Харди се номинирани за Греми за најдобра опаковка за албум за албумот Presence.
Критики
[уреди | уреди извор]Професионални оценки | |
---|---|
Прегледни резултати | |
Извор | Оценка |
Allmusic | [1] |
Robert Christgau | B[2] |
Entertainment Weekly | C+[3] |
Q | |
Rolling Stone | Mixed[4] |
The Rolling Stone Album Guide | [5] |
Добива просечни оценки од критичарите, а веќе во 1976 година е ставен во позадина поради излегувањето на филмот на Лед Зепелин The Song Remains the Same. Се искачува на првата позиција на топ листата во САД по две недели, а во Британија на првиот ден од издавањето се продаваат половина милион копии.
Според Лед Зепелин експертот Дејв Луис:
'Директноста на седумте песни од албумот беше тешка за приспособување на обожавателите кои досега беа навикнати на поексперименталните песни.' Подоцна нешто слично тврди и Пејџ, дека албумот не е најлесен за слушање. Сепак според Луис:
'Presence стана многу потценет дел од нивниот репертоар. Можеби е едноставна тапани-бас-гитара формула, но во однос на енергичност, албумот удира и е многу моќно издание на групата. Албумот е исто така голем триумф за Џими бидејќи неговото продуцирање и доминантен стил на свирење гитара има една брзина и страст што го отсликува периодот низ кој поминуваат Лед Зепелин. Presence се Лед Зепелин во небрано.'
Стивен Дејвис, музички новинар и автор на биографијата на Лед Зепелин, Чеканот на Боговите, му дава лоши оценки на албумот, но по неколку години се премислува, и го нарекува Presencе неговиот најомилен албум од Лед Зепелин и најдобро студиско претставување на нивниот нескротлив звук.
Список на песни
[уреди | уреди извор]Сите песни ги пишуваат Џими Пејџ и Роберт Плент, освен Royal Orleans, за која добиваат заслуга сите четири членови на Лед Зепелин.
Прв дел | ||
---|---|---|
Бр. | Наслов | Траење |
1. | „Achilles Last Stand“ | 10:25 |
2. | „For Your Life“ | 6:24 |
3. | „Royal Orleans“ | 2:58 |
Втор дел | ||
---|---|---|
Бр. | Наслов | Траење |
4. | „Nobody's Fault but Mine“ | 6:16 |
5. | „Candy Store Rock“ | 4:11 |
6. | „Hots On for Nowhere“ | 4:43 |
7. | „Tea for One“ | 9:27 |
Положба на топ листите
[уреди | уреди извор]Табела (1976) | Највисок пласман |
---|---|
Japanese Albums Chart[6] | 2 |
Norwegian Albums Chart[7] | 4 |
UK Albums Chart[8] | 1 |
US Cash Box Top 100 Albums Chart[9] | 1 |
US Record World Top Pop Albums Chart[10] | 1 |
Swedish Albums Chart[11] | 8 |
US Billboard The 200 Albums Chart[12] | 1 |
Canadian RPM Top 100 Albums Chart[13] | 16 |
New Zealand Top 50 Albums Chart[14] | 8 |
German Albums Chart[15] | 27 |
Spanish Albums Chart[16] | 7 |
French Albums Chart[17] | 5 |
Australian Kent Music Report Albums Chart[се бара извор] | 4 |
Сертификации за продажба
[уреди | уреди извор]Екипа
[уреди | уреди извор]- Led Zeppelin
- John Bonham – drums, percussion
- John Paul Jones – four and eight-string bass guitars
- Jimmy Page – electric and acoustic guitars, production
- Robert Plant – lead vocals, harmonica
- Дополнителен персонал
- Barry Diament – mastering (original CD release)
- Peter Grant – executive producer
- Jeremy Gee – tape engineering
- George Hardie – sleeve design
- Keith Harwood – engineering, mixing
- Hipgnosis – sleeve design
- George Marino – remastered CD release
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Allmusic Review
- ↑ „Robert Christgau Review“. Robertchristgau.com. 15 June 1972. Посетено на 1 January 2012.
- ↑ Reviewed by Tom Sinclair (20 June 2003). „Entertainment Weekly Review“. Ew.com. Архивирано од изворникот на 2014-12-05. Посетено на 1 January 2012. Text "20 Jun 2003" ignored (help)
- ↑ By Stephen Davis (20 May 1976). „Rolling Stone Review“. Rolling Stone. Посетено на 1 January 2012.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-01-14. Посетено на 2013-01-04.
- ↑ „Top 100 Albums – 17 April 1976“. Oricon. Посетено на 19 January 2009.
- ↑ „Top 20 Albums – 18 April 1976“. norwegiancharts.com. Посетено на 19 January 2009.
- ↑ „Top 100 Albums – 24 April 1976“. chartstats.com. Архивирано од изворникот на 2012-11-07. Посетено на 19 January 2009.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Top 100 Albums – 24 April 1976“. Cash Box. Архивирано од изворникот на 2012-11-07. Посетено на 19 January 2009.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ [http://www.geocities.com/muggy59/RWPOPLPS1975THRU1979.html[мртва врска] „Top Pop Albums – 24 April 1976“] Проверете ја вредноста
|url=
(help). Record World. Посетено на 19 January 2009.[мртва врска] - ↑ „Top 60 Albums – 26 April 1976“. swedishcharts.com. Посетено на 19 January 2009.
- ↑ „The Billboard 200 – 1 May 1976“. Billboard. Архивирано од изворникот на 2009-05-16. Посетено на 19 January 2009.
- ↑ „RPM Albums Chart – 5 June 1976“. RPM. Архивирано од изворникот на 2009-05-16. Посетено на 19 January 2009.
- ↑ Scapolo, Dean (2007). „Top 50 Albums – June 1976“. The Complete New Zealand Music Charts (1. изд.). Wellington: Transpress. ISBN 978-1-877443-00-8.
- ↑ „Top 100 Albums – June 1976“. charts-surfer.de. Архивирано од изворникот на 2007-10-29. Посетено на 19 January 2009.
- ↑ „Top 100 Albums – 17 July 1976“. PROMUSICAE. Посетено на 19 January 2009.
- ↑ „Top 100 Albums – 1976“. infodisc.fr. Посетено на 19 January 2009.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Претходник Rock Follies (television soundtrack) |
UK Albums Chart number one album 24 April – 1 May 1976 |
Наследник Rock Follies (television soundtrack) |
Претходник Wings at the Speed of Sound by Wings |
Billboard 200 number-one album 1–14 May 1976 |
Наследник Black and Blue by The Rolling Stones |