Прејди на содржината

FKA Twigs

Од Википедија — слободната енциклопедија
FKA Twigs
FKA Twigs на настап во 2015
Животописни податоци
Родено имеТалија Дебрет Барнет
Роден(а)16 јануари 1988(1988-01-16)(36 г.)
Челтенхем, Англија
Жанрови
Занимања
  • Пејачка
  • текстописец
  • танчерка
  • музички продуцент
  • глумица
ИнструментиГлас
Период на активност2004–денес
Издавачи
Мреж. местоfkatwigsofficial.com

Талија Дебрет Барнет (англ. Tahliah Debrett Barnett; родена на 16 јануари 1988 година), естрадно позната како Еф-кеј-еј Твигс (англ. FKA Twigs) ― англиска пејачка, текстописец, глумица и танчерка. Таа била придружна танчерка за многу музичари, а музичката кариера ја започнала со мини-албумот ЕР1 (2012). Првиот студиски албум на Барнет, LP1 (2014), стигнал до 16-то место на Британската топ-листа за албуми и 30-то на американскиот Билборд 200. Истата година била номинирана за наградата Меркур. Потоа го издала EP-то M3LL155X (2015).

Барнет направила четиригодишна пауза, по што го издала нејзиниот втор студиски албум, Magdalene (2019). Откако потпишала со Atlantic Records, таа го издала микстејпот Caprisongs (2022). Нејзиното дело наишло на пофалби од критиката и било опишано како „жанровско свиткување“,[7] црпејќи елементи од различни жанрови вклучувајќи: електронска музика, трип-хоп, R&B и авангарда.

Рани години и почеток на кариерата

[уреди | уреди извор]

Талија Дебрет Барнет[8] е родена на 16 јануари 1988 година[8][9] во Челтенхем, Англија.[10] Била одгледана од нејзината мајка и од нејзиниот очув и не го запознала нејзиниот биолошки татко до нејзината 18 година.[11][12][13] Од рана возраст земала часови по опера и балет и учествувала во неколку продукции на училиштето Свети Едвард.[14]

На 17-годишна возраст се преселила во Јужен Лондон за да направи кариера како танчерка.[15] Работела како позадинска танчерка во музички спотови од изведувачи како: Кајли Миног, План Би, Ед Ширан, Таио Круз, Дион Бромфилд, Џеси Џеј и Вреч 32.[16] Била танчерка во позадина за Џеси Џеј во нејзиниот спот од 2010 година за песната „Do It like a Dude“[17] и повторно се појавила во спотот од 2011 година за „Price Tag“.[18] Извесно време работела како хостеса во стриптиз клуб[19] и повремено пеела во Бокс Сохо во Сохо.[12]

Барнет сама го објавила нејзиниот прв мини-албум, EP1, на 4 декември 2012 година. Второто ЕР од Барнет, EP2, било објавено во септември 2013 година.[20] Pitchfork му дал оценка 8/10.[21] Во декември била номинирана за наградата „Звукот на 2014“ од Би-би-си и била избрана од „Spotify“ за нивниот „Спотлајт“ на списокот за 2014 година.[22][23] Билборд ја вклучил Барнет на списокот на „Музичари на кои треба да се внимава во 2014 година“.[24]

Барнет настапува во март 2015 година

Нејзиниот прв студиски албум, LP1, бил објавен на 6 август 2014 година.[25] Албумот добил големи пофалби од критичарите. Албумот бил мешавина на алтернативен R&B, електроника и експериментална поп-музика. Неколку песни од албумот, како што се: „Two Weeks“ и „Pendulum“, добиле значително внимание. Списанијата Time и Clash го прогласиле за албум на годината.[26] LP1 бил номиниран за престижни награди, вклучувајќи ја и номинацијата за Mercury Prize.[27]

ЕР-то, под наслов M3LL155X , било објавено во 2015 година. Насловот на ЕР-то се изговара како „Мелиса“ и било именувано по „личната женска енергија“ на Барнет.

Барнет на настап во мај 2019 година

Во ноември 2019 година, Барнет го издала албумот Magdalene. Албумот добил универзално признание од критиката и бил пофален поради емоционалната длабочина и иновативниот музички стил, спојувајќи теми како љубов, болка и самооткривање. Истиот ден, премиерно бил прикажан филмот Honey Boy, во кој Барнет ја играла улогата на Срамежлива Девојка. Филмот добил позитивни критики од критичарите.[28]

Во септември 2020 година, Барнет добила четири номинации за Британските музички видеонагради (англ. UK Music Video Awards). „Sad Day“ ја освоила наградата за најдобрата кинематографија во видео.[29][30]

Во ноември 2021 година, Барнет, во соработка со британскиот рапер Central Cee, го издала синглот „Measure of a Man“. Синглот бил дел од филмскиот саундтрак за Човекот на кралот (англ. The King's Man).[31] „Tears in the Club“ со канадскиот пејач The Weeknd бил објавен на 16 декември. Песната била нејзиното прво издание под Atlantic Records и била водечки сингл од нејзиниот микс, под наслов Caprisongs, кој бил објавен на 14 јануари 2022 година.[32] Барнет ја добила наградата „Боженствен гениј“ (англ. Godlike Genius) на наградите BandLab NME во 2022 година.[33]

Во август 2024 година, Тwigs организирала забава за слушање во Њујорк за нејзиниот претстоен трет студиски албум Eusexua Постерите со кои се промовира албумот почнале да се појавуваат низ градовите во САД.[34]

Контроверзност со рекламата од Келвин Клајн

[уреди | уреди извор]

Во јануари 2024 година, Управата за стандарди за рекламирање на Обединетото Кралство забранила реклама на Келвин Клајн во која Барнет позирала полугола, со образложение дека ја врамува како „стереотипен сексуален објект“. Барнет ја бранела рекламата, велејќи дека е „горда на [нејзината] става“.[35] Во март 2024 година, Управата ја отповикала наметнатата забрана, повикувајќи се на ставовите на Барнет и јавноста и поради „загриженост дека нашето образложение за забрана на рекламата е суштински погрешно“.[36]

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Студиски албуми

[уреди | уреди извор]
  • LP1 (2014)
  • Magdalene (2019)
  • Eusexua (2025)

Мини-албуми

[уреди | уреди извор]
  • EP1 (2012)
  • EP2 (2013)
  • M3LL155X (2015)
  • Caprisongs (2022)

Филмографија

[уреди | уреди извор]
година Наслов Улога Белешки
2015 M3LL155X режисер Краток филм
2019 година Honey Boy Срамежлива Девојка
2020 година Тажен ден мечувалка Краток филм
2024 година Гавранот [37] Шели Вебстер [38]
TBA Брајтон Бич М Постпродукција
TBA Мајка Марија Постпродукција
  1. Cafolla, Anna (13 January 2017). „FKA twigs has made a zine and you can see it here“. Dazed. Посетено на 10 August 2017. An exclusive peek at the pages produced by the avant-pop visionary ... It's been two years since the release of the avant-pop visionary's M3LL155X EP ... .
  2. Adams, Gregory. „FKA twigs Treats 'EP1' to Vinyl Reissue“. Exclaim!. Посетено на 20 August 2016.
  3. Fraden, Angel. „The Good, the Bad, & the Ugly: FKA twigs“. Cypher League. Архивирано од изворникот на 16 September 2016. Посетено на 20 August 2016.
  4. Sawyer, Miranda (28 September 2019). „FKA twigs: 'An incredible woman always in the shadow of a man? I can relate'. The Guardian. Посетено на 28 September 2019. The queen of art pop has written her most personal album yet – and come out fighting
  5. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име wsj.
  6. Battan, Carrie (August 2013). „FKA twigs“. Pitchfork. Посетено на 20 August 2016. |
  7. Taylor, Elise (7 April 2015). „The 5 Must-See Coachella Acts, from Drake to FKA Twigs“. Vanity Fair. Посетено на 20 August 2016.
  8. 8,0 8,1 Benner, Katie; Ryzik, Melena (11 December 2020). „FKA twigs Sues Shia LaBeouf, Citing 'Relentless' Abusive Relationship“. The New York Times.
  9. „Certificate of Incorporation of a Private Limited Company | Female Reclining Ltd“. Посетено на 18 February 2021.
  10. Grounded with Louis Theroux – 19. FKA twigs. https://www.bbc.co.uk/sounds/play/p091pg54. 
  11. Pasori, Cedar (June–July 2015). „FKA Twigs interview – Under control (2015 Cover Story)“. Complex. Посетено на 14 August 2015.
  12. 12,0 12,1 Празен навод (help)
  13. Sanders, Courtney. „FKA Twigs“. Архивирано од изворникот на 20 August 2014.
  14. Owen Myers (22 October 2019). „The Sacred and Profane Genius of FKA twigs“. Pitchfork. Посетено на 5 August 2020.
  15. Phares, Heather. „FKA Twigs Biography“. AllMusic. Посетено на 20 March 2021.
  16. Carrie Battan (22 July 2014). „Interviews: FKA twigs“. Pitchfork. Архивирано од изворникот на 10 June 2015. Посетено на 6 August 2014.
  17. Barna, Ben (11 September 2013). „FKA Twigs Factsheet: Everything We Know About the Shadowy Singer“. Bullett Media. Архивирано од изворникот на 30 June 2015. Посетено на 6 January 2014.
  18. „Video : FKA Twigs "Water Me". praythemusic.com. 16 December 2013. Архивирано од изворникот на 12 November 2014. Посетено на 10 January 2014.
  19. FKA twigs (4 August 2020). „FKA twigs on Instagram“. Instagram. Архивирано од изворникот на 26 December 2021. Посетено на 25 April 2021. i was 19 when i learnt my first pole move, i learnt a back hook spin from a stripper when i was working as a hostess in a gentleman's club. for those of you who don't know, hostessing is when one person pays another person for their time, anything from a conversation over dinner to sex work, and the club gets a cut of the fee.
  20. „FKA twigs – EP2 / Young Turks“. Theyoungturks.co.uk. 17 September 2013. Архивирано од изворникот на 23 August 2014. Посетено на 6 January 2014.
  21. „FKA twigs: EP2 | Album Reviews“. Pitchfork. 19 September 2013. Посетено на 6 January 2014.
  22. „Sound of, 2014 – FKA twigs“. BBC. 1 January 1970. Посетено на 6 January 2014.
  23. „Spotify reveals the artists under the Spotify Spotlight for 2014 | Spotify Press“. Press.spotify.com. 6 December 2013. Архивирано од изворникот на 18 August 2014. Посетено на 6 January 2014.
  24. „14 Artists to Watch in 2014“. Billboard. 13 January 2014.
  25. Minsker, Evan (9 June 2014). „FKA twigs Announces Debut Album LP1. Pitchfork. Посетено на 24 April 2021.
  26. Josephs, Brian. „Review: FKA twigs Makes a Beautiful and Devastating Debut on LP1“. time.com. Посетено на 17 August 2014.
  27. Jonze, Tim (11 September 2014). „Mercury prize 2014 ignores big stars in favour of FKA Twigs, Young Fathers and East India Youth“. Посетено на 12 September 2014.
  28. „Honey Boy (2019)“. Rotten Tomatoes. Посетено на 23 November 2019.
  29. Copsey, Rob (30 September 2020). „UK Music Video Awards: Dua Lipa, The Weeknd and Beyonce lead nominations“. Official Charts. Посетено на 30 September 2020.
  30. „UK Music Video Awards 2020: all the winners!“. Promonews.tv. 5 November 2020. Посетено на 25 January 2021.
  31. „FKA twigs Releasing New Song "Measure of a Man" Next Week“. Pitchfork. 11 November 2021. Посетено на 12 November 2021.
  32. Wang, Steffanee. „FKA Twigs' Next Era Is Here“. Nylon. Посетено на 20 December 2021.
  33. „FKA Twigs crowned Godlike Genius at the BandLab NME Awards 2022: "I'm so grateful that there's a space for me". NME. 2 March 2022. Посетено на 28 March 2022.
  34. Aubrey, Elizabeth (1 September 2024). „Arrival date of FKA Twigs' next album 'Eusexua' teased with new poster“. NME. Посетено на 10 September 2024.
  35. Beaumont-Thomas, Ben (11 January 2024). 'Double standards': FKA twigs defends banned semi-nude Calvin Klein advert“. The Guardian. Посетено на 11 January 2024.
  36. Banfield-Nwachi, Mabel (5 March 2024). „Ban on Calvin Klein's FKA twigs ad revoked after ASA climbdown“. The Guardian. Посетено на 5 March 2024.
  37. Kroll, Justin (1 April 2022). 'The Crow': Bill Skarsgard Tapped To Play Eric Draven In New Reimagining From Rupert Sanders“. Deadline. Посетено на 4 April 2022.
  38. „FKA Twigs Joins Bill Skarsgard in 'The Crow' Reboot“. The Hollywood Reporter. 4 April 2022. Посетено на 15 August 2022.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]