Ед Ширан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ед Ширан
MBE
Ед Ширан во Берлин во 2018
Роден(а)Едвард Кристофер Ширан
17 февруари 1991 (1991-02-17) (31 г.)
Халифакс, Англија
ОбразованиеГимназијата Томас Милс
Занимање
  • Пејач
  • Текстописец
  • гитарист
  • музички продуцент
  • актер
Активен период2004–денес
СопружникШери Сиборн (в. 2019)
Деца2
Страница
edsheeran.com

Едвард Кристофер Ширан (англ: Edward Christopher „Ed“ Sheeran; роден на 17 февруари 1991) е англиски пејач и текстописец.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Едвард Кристофер Ширан е роден на 17 февруари 1991 година во Халифакс, Англија.[1] [2] Во декември 1995 година со своето семејство се преселил со своето семејство во Фрамлингем (Сафолк), [3] [4] каде што посетувал основно [5] [6] [7] и средно училиште.[8] [9] Има постар брат, Метју, кој работи како композитор. [10] Родителите на Ед Ширан, Џон и Имоген, се од Лондон, а неговите баба и дедо се Ирци.[11] [12] [13]

Ширан на четиригодишна возраст почнал да пее во месниот црковен хор, научил да свири гитара на единаесетгодишна возраст, [14] и почнал да пишува песни додека бил во средното училиште Томас Милс во Фрамлингем.[8] [9] Како тинејџер бил примен во Националниот младински театар во Лондон.[15] [16] Во 2007 се пријавил на аудиција за Британскиот младински музички театар и бил примен за претстават Франкенштајн - нов мјузикл во Плимут.[17]

Кариера[уреди | уреди извор]

2004–2010: Почетоци на кариерата[уреди | уреди извор]

Ширан започнал да снима музика во 2004 година, а на тринаесетгодишна возраст самостојно ја издал својата прва колекција на дела, насловена Spinning Man. Во 2008 се преселил во Лондон. Есента 2009 година, Ширан почнал да студира музика на Академијата за современа музика (ACM) во Гилдфорд,[18] но истата година без дозвола заминал за да го поддржи хип-хоп изведувачот Џаст Џек.[19]

Ед Ширан пополека стекнувал популарност на YouTube и неговите обожаватели биле се побројни, а добил пофалби од весникот „Индипендент“ и од Елтон Џон. [20] Додека бил во Лос Анџелес (2010), бил поканет да настапи во The Foxxhole, клуб управуван од актерот Џејми Фокс.[21]

На 8 јануари 2011 година, Ширан објавил уште едно независно ЕП и го привлекол вниманието кон себе затоа што со продадени преку 7.000 примероци во првата недела се искачил на второто место на iTunes листата без воопшто да го промоира или зад него да стои продукциска куќа.[22] Три месеци подоцна, Ширан потпишал со Asylum Records.[22]

2011–2015: + и ×[уреди | уреди извор]

На 26 април 2011 година, Ширан се појави во музичкото шоу на BBC Later... со Jools Holland, каде што го извел својот деби-сингл „The A Team“. Песната била водечки сингл од деби студискиот албум на Шеран, + (се изговара „плус“).[23] „The A Team“ бил најпродаван деби сингл и вкупно осмиот најпродаван сингл во 2011 година, продаден во 801.000 примероци.[24]

Ширан на Фестивал во Австрија, август 2012 година

Шеран го објавил албумот „+“ на 12 септември 2011 година. Албумот добил поволни критики од музичките критичари [25] и дебитирал на првото место на UK Albums Chart со продажба од 102.000 примероци.[26]

На доделувањето на Брит наградите 2012, Ширан ја освоил наградата за најдобар британски машки соло изведувач и Најдобар нов музичар за претходната година.[27] [28] На 10 јануари 2012 година, било објавено дека Ширан ќе им се приклучи на Snow Patrol на нивната турнеја во САД(март-мај 2012).[29] Неговата песна, „Give Me Love“, била прикажана во епизодата „Опасни врски “ на Вампирски дневници. [30] На доделувањето на наградите Ivor Novello во мај 2012 година, „The A Team“ од Ширан ги победил „Rolling in the Deep“ од Адел и „ Shake It Out “ од Florence and the Machine за најдобра музика и текст на песна.[31] Ширан ја извел „The A Team“ на концертот за дијамантскиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора пред Бакингемската палата на 4 јуни 2012 година и преработката песната „Wish You Were Here“ од Пинк Флојд на церемонијата на затворање на Летните олимписки игри 2012 година во Лондон на 12 август 2012 година. [32]

Откако ги слушнала неговите песни, Тејлор Свифт го контактирала Ширан за време на нејзината австралиска турнеја во март 2012 година. [33] Подоцна тој ја напишал и пеел во „Everything Has Changed“, песна од четвртиот студиски албум на Свифт, Red. Ширан, исто така, придонел со две песни за вториот студиски албум на One Direction, Take Me Home, објавен во ноември 2012 година.[34] „The A Team“ добила номинација за песна на годината на Греми наградите во 2013 година. [35] Елтон Џон, кој управувал со менаџерската компанија на Ширан, побарал од организаторите на наградата да му овозможат настап на Ширан на церемонијата, но му било кажано дека Ширан не е доволно високо профилиран уметник. Џон, за да го надмине ова одлучил да настапи заедно со Ширан.[36]

Од март до септември 2013 година, Ширан пеел на арените и стадионите ширум Северна Америка како предгрупа на турнејата на Свифт, Црвено.[37] [38] Ширан беше номиниран за најдобар нов изведувач на Греми наградите во 2014 година.[39]

Вториот студиски албум на Ширан, × (се изговара „multiply“ „помножено“), бил објавен на 23 јуни 2014 година. Албумот содржи песни продуцирани од Рик Рубин, Фарел Вилијамс и Бени Бланко, [40] како и онаа на Гослинг.[41] × се искачил на првото место на топ листите за албуми во Велика Британија и на Билборд 200 во САД. За да го поддржи албумот, Ширан тргнал на светска турнеја која започнала на 6 август 2014 година во Осака, Јапонија. Во 2014 година, Spotify го прогласил за најстримуван изведувач, а × за најстримуван албум.[42] Истата година, Ед Ширан бил најпродаван музичар на iTunes во ОК, Ирска и Нов Зеланд.[43] [44]

Ширан на сцената на стадионот Вембли, јули 2015 година

× бил номиниран за албум на годината на 57-те Греми награди.[45] На 25 февруари, Ширан ја добил наградата за најдобар британскиот машки соло изведувач и британскиот албум на годината за × на Брит наградите во 2015 година. [46] На 21 мај ја доби наградата Ivor Novello за текстописец на годината.[47] На 21 јуни, на Наградите за музички видео записи во 2015 година во Торонто освоил две награди, Најдобар меѓународен музичар и Најпопуларен меѓународен музичар или група.[48] [49] На 27 јуни, Ширан настапил како воведен пејач на турнејата на Ролинг Стоунс во Канзас Сити. [50]

Во 2015 година, Ширан ја напишал „Love Yourself “ за четвртиот албум на Џастин Бибер.[51] Ширан прво планирал песната да ја стави на својот трет албум ÷. [52] Во август 2015 година, тој ја пее песната „Growing Up“ заедно со Меклмор.[53] Ширан бил ко-домаќин на MTV Europe Music Awards 2015 година во Милано. Добитник е на наградите за најдобар музичар во живо и за најдобра сцена во живо.[54] Неговиот сингл од ×, „Thinking Out Loud“, му донел две Греми награди на церемонијата во 2016 година : Песна на годината и Најдобра поп соло изведба. [55] Во мај 2016 година, × беше прогласен за втор најпродаван албум во светот за 2015 година, зад 25 од Адел.[56]

2016–2023: ÷, бр.6 Проект за соработки и =[уреди | уреди извор]

На 3 март 2017 г., Ед Ширан го објавил својот трет албум под наслов ÷ (се изговара „поделено“). [57] Албумот дебитирал на прво место во Велика Британија, САД, Германија, Австралија, Канада и други поголеми музички пазари. [58] [59] [60] Со продажба од 672.000 примероци првата недела, тој е најбрзо продаваниот албум од машки соло изведувач во О.К. и трет најбрзо продаван албум во историјата на британската топ листа зад 25 на Адел и Be Here Now од Oasis. [58] Имал најголема продажба во првата недела во 2017 година во САД, но подоцна бил надминат од Reputation од Тејлор Свифт. [59]

На 6 јануари, Ширан објавил два сингла, „Shape of You“ и „Castle on the Hill“.[61] Двете песни го собориле рекордот за стриминг во првиот ден на Spotify, со вкупно над 13 милиони стримови за 24 часа.[62]

На 13 јануари, „Shape of You“ и „Castle on the Hill“ се искачиле првото и второто место на UK Singles Chart, првпат во историјата еден изведувач да ги заземе првите две позиции на топ листите во ОК со нови песни.[63] Истиот ден, тој станал и првиот музичар кој дебитирал на првото и второто место на германската топ листа. [64] На 15 јануари, песните дебитирале на првото и на второто место на ARIA Singles Chart, што е првпат во историјата некој да постигне такво достигнување на австралиската топ листа.[65] На 17 јануари, „Shape of You“ дебитирал на првото место на американскиот Billboard Hot 100, а „Castle on the Hill“ се нашол на шестото место; со ова Ширан станал првиот пејач кој има две дебитантски песни истовремено во топ 10 во САД. [66]

Ширан настапува во Мајами за време на неговата турнеја Divide, август 2017 година. Таа подоцна станала најпосетена и турнеја со највисока заработувачка на сите времиња. [67]

На 26 јануари, Ширан ги објавил датумите за почетокот на турнејата Divide со концерти во Европа, Јужна Америка и Северна Америка од 17 март до 14 јуни 2017 година. [68] Веќе на 11 март 2017 година, Ширан имал десет топ 10 песни од ÷ на UK Singles Chart, со што го соборил рекордот на шкотскиот диџеј Калвин Харис од девет топ 10 песни од еден албум. [69] На доделувањето на MTV Video Music Awards 2017, Ширан бил прогласен за изведувач на годината.[70] Четвртиот сингл од ÷, „Perfect“, се искачил на прво место во ОК и Австралија, а акустична верзија на песната насловена „Perfect Duet“, во соработка со Бијонсе, се искачил првото место во САД и ОК.[71] [72] На 7 ноември, Тејлор Свифт открила дека соработувала со Ед Ширан за песната „End Game“ за нејзиниот шести студиски албум Reputation. [73]

На 4 декември, Ширан бил прогласен за најстримуван изведувач на Spotify за 2017 година со 6,3 милијарди стримови. Неговиот албум ÷ бил најстримуван на Spotify таа година (3.1 милијарда пати), а неговиот хит „Shape of You“ бил најстримуван со 1,4 милијарди стримови.[74] На 5 декември 2017, хип-хоп пејачот Еминем објавил дека Ширан соработувал со него за песната „River“ од неговиот деветти студиски албум Revival.[75] За соработата со Еминем, Ширан изјавил: „Тој е една од причините поради која почнав да пишувам песни и ми беше големо задоволство да работам со него“. [75]

На 3 јануари 2018 година, „Shape of You“ била прогласена за најпродавана песна во 2017 година во ОК, [76] и за најпродавана песна во 2017 година на <i id="mwArs">Billboard</i> Hot 100 во САД. [77] Истиот ден, ÷ бил прогласен за најпродаван албум во 2017 година во ОК, [78] и САД. [79] Како најпродаван музичар за 2017 година, Меѓународната федерација на фонографската индустрија (IFPI) го прогласила за Светски музичар на годината.[80] На доделувањето на Брит наградите за 2018 година, ја добил Наградата за светски успех, врачена од Елтон Џон и гитаристот на Ролинг Стоунс, Рони Вуд.[81] Ширан свирел пред повеќе од 950.000 луѓе во Австралија и Нов Зеланд во март и април, што е најголема концертна турнеја во австраласката музичка историја, и го надминал претходниот рекорд поставен од Dire Straits во 1986 година.[82] Во април, IFPI го прогласил ÷ за најпродаван албум во светот за 2017 година. [83] На доделувањето на <i id="mwAtc">Билборд</i> музичките награди за 2018 година на 20 мај, Ширан ја извел „Galway Girl“ и освоил шест награди, меѓу кои и Најдобар изведувач и Најдобар Hot 100 изведувач.[84]

Ширан зад сцената во Лос Анџелес со Дон Меклин во август 2018 година

На 10 мај 2019 година, Ширан го издал синглот „I Don't Care“ во дует со Џастин Бибер, од неговиот четврти студиски албум No.6 Collaborations Project. На Spotify, „I Don't Care“ дебитирал со 10,977 милиони преноси за 24 часа, и го соборил рекордот на платформата во таа категорија.[85] [86] На 12 јули, бил објавен албумот [87] и дебитирал на прво место во Обединетото Кралство, САД, Австралија и други пазари.[88] [89] До 9 август 2019 година, неговите четири албуми минале вкупно 41 седмица на првото место во ОК, најмногу недели на првото место на топ листите за албуми во Велика Британија во 2010-тите, пет недели повеќе од Адел која се нашла на второ место. [90] [91] На 26 август, Ширан ја завршил турнејата Divide Tour со 260 концерти.[92]

Во декември 2019 година, Ширан бил прогласен за музичар на деценијата од Official Charts Company поради тоа што највисоко котирал на топ листите за албуми и синглови во Велика Британија во 2010-тите.[93] Осум негови песни се нашле на топ-листата на деценијата од истата компанија; три песни биле во топ 5 , а „Shape of You“ била на прво место. [94] На светско ниво, Spotify го прогласила за втор најстримуван изведувач на деценијата зад Дрејк. [93] На 21 декември 2020 г, ја објавил песната „Afterglow“.[95]

Ширан (десно) на сцена со Колдплеј во Лондон во октомври 2021 година

На 25 јуни 2021, Ширан ја објавил песната „Bad Habits“, носечка песна од неговиот следен петти студиски албум.[96] Песната била негов 10-ти број еден сингл во Обединетото Кралство, и поминала единаесет последователни недели на врвот на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство и на ирската листа за синглови, а била на врвот на топ листите во Австралија, Канада и Германија и се искачила на второто место на Billboard Hot 100 во САД.[97] [98] Со единаесете недели на првото место во ОК тој станал првиот британски соло пејач кој се задржал 52 недели на прво место, а само Елвис Присли (80 недели) и Битлси (69 недели) имаат повеќе недели поминати на листата.[99] На 19 август, Ширан објавил дека неговиот петти студиски албум ќе се вика = (се изговара „еднакво“) и дека со вкупно 14 песни ќе биде објавен на 29 октомври 2021 година. Сам ја нацртал корицата за време на првиот карантин од КОВИД-19 и се заснова на промените што ги имал во сопствениот живот во последните четири години, како брак, раѓање на дете и губење пријатели. Покрај објавата бил објавен и промотивниот сингл „Visiting Hours“. [100] = станал неговиот петти албум на прво место во Обединетото Кралство и четвртиот албум на прво место во САД. [101] [102]

Ширан настапува во Копенхаген за време на неговата турнеја +–=÷x (наречена и Математичка турнеја) во август 2022

На 29 ноември 2021 година, Ширан и Елтон Џон го објавиле „Merry Christmas“, дует за добротворни цели. Сета добивка од песната отишла во Сафолк музичката фондација од Ед Ширан и Фондацијата за СИДА од Елтон Џон.[103]

На 11 февруари 2022 година, Ширан објавил дует верзија на „ The Joker and the Queen“ со Тејлор Свифт. [104] На 4 март, заедно со Камила Кабељо пеел во песната „Bam Bam“. Истиот месец соработувал со колумбискиот пејач Џеј Балвин во сингловите „ Sigue“ и „Forever My Love“. Ширан ја започнал својата турнеја +–=÷x (математичка турнеја) на 21 март.[105]

Во ноември 2022 година, „Shivers“ станала 11-та песна на Ширан со преку 1 милијарда преноси на Spotify. Тој на Инстаграм рекол дека снима спот за неговиот следен албум кој треба да биде објавен во 2023 година [106]

Признанија[уреди | уреди извор]

На 19 октомври 2015 година, Ширан добил почесна диплома од Универзитетот во Сафолк во Ипсвич за неговиот „извонреден придонес во музиката“. [107] Тој беше назначен за член на Редот на Британската империја (MBE) во 2017 година за „придонес во музиката и добротворни цели“. Ширан наградата ја добил од принцот Чарлс во Бакингемската палата на 7 декември 2017 година.[108] Во 2012 година, бил прогласен за барон на Силенд.[109]

Покрај тоа што го држи рекордот за концертна турнеја со најголема заработка и е еден од најпродаваните музичари во светот со повеќе од 150 милиони продадени плочи, Ширан добил и многу награди. До 2019 година, тој добил четири Греми награди (вклучувајќи ја и песна на годината во 2016 година за „Thinking Out Loud“), пет Британски музички награди (вклучувајќи најдобар британски машки соло изведувач во 2015 година) и шест Музички награди Билборд (вклучувајќи го и најдобриот изведувач во 2018 година ). [46] [55] [84] Во 2015 и 2018 година, ја добил наградата Ivor Novello за текстописец на годината од Британската академија на текстописци, композитори и автори . [47] [110]

Дискографија[уреди | уреди извор]

  • + (2011)
  • × (2014)
  • ÷ (2017)
  • No.6 Collaborations Project (2019)
  • = (2021)

Турнеи[уреди | уреди извор]

  • + Турнеја (2011–2013)
  • × Турнеја (2014–2015)
  • ÷ турнеја (2017–2019)
  • +–=÷x турнеја (2022–2023)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. O'Brien, Jon. „Ed Sheeran Biography“. AllMusic. Архивирано од изворникот на 26 May 2019. Посетено на 10 December 2015.
  2. „Halifax-born singer Ed Sheeran wins top award“. The Hebden Bridge Times. 12 December 2014. Архивирано од изворникот на 17 March 2017. Посетено на 16 March 2017.
  3. Smith, Sean (2019). Sheeran: A Biography. Diversion Books.
  4. Walsh, John (6 December 2014). „Ed Sheeran: Boy next door who made it very big“. The Independent. Архивирано од изворникот на 15 January 2018. Посетено на 8 November 2015.
  5. „How Ed Sheeran became the biggest male popstar on the planet“. British GQ. 2 February 2017. Архивирано од изворникот на 24 January 2022. Посетено на 27 August 2022.
  6. „Ed Sheeran meets best mate from Brandeston Hall on Graham Norton Show - OldFramlinghamian.com“. www.oldframlinghamian.com. Архивирано од изворникот на 25 October 2021. Посетено на 27 August 2022.
  7. „Music“. 14 August 2020. Архивирано од изворникот на 14 August 2020.
  8. 8,0 8,1 Rock and Pop Features (3 August 2011). „Ed Sheeran: 'I haven't got used to the screams'. The Daily Telegraph. London. Архивирано од изворникот на 17 June 2018. Посетено на 8 June 2013.
  9. 9,0 9,1 „Introducing – Ed Sheeran“. BBC Suffolk. April 2008. Архивирано од изворникот на 11 January 2018. Посетено на 11 August 2011.
  10. „Chart Beat Podcast: Matt Sheeran on Working With Brother Ed, & Andrea Bocelli, on 'Perfect'. Billboard. Архивирано од изворникот на 21 October 2021. Посетено на 26 September 2018.
  11. „Arthur's Day: Ed Sheeran interview -“. 21 September 2011. Архивирано од изворникот на 2 August 2017. Посетено на 7 January 2016.
  12. Nolan 2012.
  13. Welch, Andy (10 June 2011). „Ed Sheeran: Irish blood, English heart“. Irish Independent. Архивирано од изворникот на 15 June 2018. Посетено на 8 November 2015.
  14. „Ed Sheeran Opens Up About His A-List Pals, from His Clapton Collab to Taking Shots with Beyoncé“. People.com. 6 December 2017. Архивирано од изворникот на 23 June 2018. Посетено на 27 August 2022.
  15. Haugh, Richard (22 April 2008). „Suffolk – Entertainment – Ed Sheeran“. BBC. Архивирано од изворникот на 11 January 2018. Посетено на 8 June 2013.
  16. „Ed Sheeran: 'I want a couple of months off' | Scout London > Music“. Scout London. 1 February 2013. Архивирано од изворникот на 25 February 2014. Посетено на 8 June 2013.
  17. „Frankenstein (2007). Barbican Theatre, Plymouth, Cast“. British Youth Music Theatre. Архивирано од изворникот на 21 October 2021. Посетено на 20 December 2018.
  18. „Featured Alumni: Ed Sheeran – Musician/Songwriter“. 6 October 2015. Архивирано од изворникот на 29 July 2017. Посетено на 8 November 2016.
  19. „Ed Sheeran donates £200k and boosts results at old school where he met wife Cherry“. Mirror. 24 October 2020. Архивирано од изворникот на 16 August 2022. Посетено на 13 November 2012.
  20. „Singer Ed Sheeran: 'Elton John is a fan of my music'. BBC News. 3 January 2019. Архивирано од изворникот на 23 May 2020. Посетено на 27 August 2022.
  21. „Ed Sheeran: 'I haven't got used to the screams'. The Daily Telegraph. 12 December 2017. Архивирано од изворникот на 17 June 2018. Посетено на 27 August 2022.
  22. 22,0 22,1 „Ed Sheeran signs with Asylum Records / Atlantic Records following 'No. 5 Collaborations Project' success“. BBC News. 13 January 2011. Архивирано од изворникот на 14 January 2011. Посетено на 19 January 2011.
  23. Lipshutz, Jason (23 June 2014). „Ed Sheeran, 'x': Track-By-Track Review“. Billboard (24 November 2015). Архивирано од изворникот на 16 May 2021. Посетено на 27 August 2022.
  24. „The Top 20 biggest selling singles of 2011 revealed!“. Officialcharts.com. Архивирано од изворникот на 20 June 2016. Посетено на 8 June 2013.
  25. „Critic Reviews for +“. Metacritic. Архивирано од изворникот на 24 July 2013. Посетено на 8 June 2013.
  26. Sperling, Daniel (18 September 2011). „Ed Sheeran tops UK album chart with '+'. Digital Spy. Архивирано од изворникот на 27 January 2012. Посетено на 23 May 2012.
  27. „Brit Awards 2012: List of winners“. BBC News. 21 February 2012. Архивирано од изворникот на 6 August 2017. Посетено на 28 September 2014.
  28. Празен навод (help)
  29. „Ed Sheeran Announces US Supporting Tour“. Sinchronicity. 11 January 2012. Архивирано од изворникот на 17 July 2012. Посетено на 15 January 2012.
  30. MacKenzie, Carina Adly (10 February 2012). 'The Vampire Diaries' recap: In which Elena is starting to get on our nerves“. Zap2it. Архивирано од изворникот на 15 February 2012. Посетено на 16 February 2012.
  31. „Adele wins Ivor Novello Awards double“. BBC News. 17 May 2012. Архивирано од изворникот на 17 May 2012. Посетено на 17 May 2012.
  32. Gregoire, Carolyn (12 August 2012). „Ed Sheeran Olympics Closing Ceremony: Singer Wears Hoodie, Sings Pink Floyd“. HuffPost. Архивирано од изворникот на 14 August 2012. Посетено на 13 August 2012.
  33. Празен навод (help)
  34. Lane, Dan (18 November 2012). „One Direction score Number 1 single AND album!“. United Kingdom: Official Charts Company. Архивирано од изворникот на 30 August 2018. Посетено на 19 November 2012.
  35. „2013 Grammy Nominations“. MTV. 6 December 2012. Архивирано од изворникот на 20 November 2015. Посетено на 6 December 2012.
  36. „Ed Sheeran on the Grammys“. 7 February 2013. Архивирано од изворникот на 10 February 2013. Посетено на 8 June 2013.
  37. „Taylor Swift Tour to Paint the Road 'Red'. Billboard. 27 October 2012. Архивирано од изворникот на 12 February 2013. Посетено на 6 December 2012.
  38. McLean, Craig (16 July 2014). „Ed Sheeran interview: 'I don't make music for critics'. The Daily Telegraph. Архивирано од изворникот на 10 January 2022. Посетено на 14 November 2015.
  39. Празен навод (help)
  40. Doyle, Patrick (7 April 2014). „Ed Sheeran's Heartache and Wildest Nights: Behind His Raw LP 'X'. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на 4 September 2017. Посетено на 14 November 2015.
  41. Празен навод (help)
  42. „Ed Sheeran is Spotify's Most-Streamed Act for 2014“. Billboard. 3 December 2014. Архивирано од изворникот на 4 November 2015. Посетено на 15 November 2015.
  43. „Ed Sheeran tops iTunes' UK bestseller list“. The Guardian. 8 December 2014. Архивирано од изворникот на 11 October 2015. Посетено на 15 November 2015.
  44. Rutledge, Daniel (9 December 2014). „Pharrell, Ed Sheeran and Frozen top NZ iTunes 2014 charts“. 3 News. Архивирано од изворникот на 9 December 2014. Посетено на 15 November 2014.
  45. „Grammys 2015: Complete list of winners and nominees“. Los Angeles Times. 8 February 2015. Архивирано од изворникот на 13 November 2015. Посетено на 25 November 2015.
  46. 46,0 46,1 „Brit awards 2015: the full list of winners“. The Guardian. 25 February 2015. Архивирано од изворникот на 21 November 2015. Посетено на 21 November 2015. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Brits 2015“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  47. 47,0 47,1 Denham, Jess (21 May 2015). „Ivor Novello Awards 2015 winners list: Ed Sheeran, Clean Bandit and Hozier triumph“. The Independent. Архивирано од изворникот на 29 September 2017. Посетено на 15 November 2015. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Novello“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  48. Patch, Nick (21 June 2015). „Ed Sheeran, the Weeknd rule the MMVAs; Drake drops in as a surprise“. CTV News. Архивирано од изворникот на 17 November 2015. Посетено на 15 November 2015.
  49. „Check Out The Full List of MMVA Winners Now!“. MMVA. Архивирано од изворникот на 8 December 2015. Посетено на 27 November 2015.
  50. Kreps, Daniel (28 June 2015). „See Rolling Stones Perform 'Beast of Burden' With Ed Sheeran“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на 22 November 2015. Посетено на 15 November 2015.
  51. „Ed Sheeran Wrote Song for Justin Bieber's New Album, but Not One Direction's“. ABC News. 1 October 2015. Архивирано од изворникот на 11 February 2017. Посетено на 22 March 2017.
  52. Празен навод (help)
  53. Denham, Jess (5 August 2015). „Macklemore and Ed Sheeran just dropped a surprise new song“. The Independent. Архивирано од изворникот на 6 September 2018. Посетено на 6 September 2018.
  54. Vincent, Alice (26 October 2015). „MTV EMAs 2015: Five things we learned“. The Telegraph. Архивирано од изворникот на 10 January 2022. Посетено на 15 November 2015.
  55. 55,0 55,1 „Grammy Awards 2016: performances and winners – as it happened“. Guardian. 15 January 2016. Архивирано од изворникот на 24 July 2017. Посетено на 28 August 2019. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Grammys 2016“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  56. „One in six albums sold worldwide is by a UK star“. BBC. 20 May 2016. Архивирано од изворникот на 12 August 2022. Посетено на 27 August 2022.
  57. „Ed Sheeran Shares Tracklist, Cover Art, and Release Date for New Album '÷'. Complex. Архивирано од изворникот на 16 January 2017. Посетено на 12 January 2017.
  58. 58,0 58,1 „Ed Sheeran smashes Official Chart records as ÷ is the fastest-selling album by a male artist ever“. Official Charts Company. 10 March 2017. Архивирано од изворникот на 28 April 2017. Посетено на 10 March 2017.
  59. 59,0 59,1 Caulfield, Keith (12 March 2017). „Ed Sheeran's 'Divide' Bows at No. 1 on Billboard 200 Chart With 2017's Biggest Debut“. Billboard. Архивирано од изворникот на 13 March 2017. Посетено на 13 March 2017.
  60. „Australian Charts: Ed Sheeran 'Divide' Debuts At No 1“. Noise 11. 12 March 2017. Архивирано од изворникот на 12 March 2017. Посетено на 12 March 2017.
  61. „Ed Sheeran Returns With Two New Tracks 'Castle on the Hill' and "Shape of You". Complex. Архивирано од изворникот на 7 January 2017. Посетено на 6 January 2017.
  62. „Ed Sheeran has broken Spotify's 'day one' streaming record“. Yahoo!. 9 January 2017. Архивирано од изворникот на 10 January 2017. Посетено на 11 January 2017.
  63. „Ed Sheeran takes top two chart positions“. BBC. 13 January 2017. Архивирано од изворникот на 15 August 2022. Посетено на 27 August 2022.
  64. „Historical record: Ed Sheeran starts as the first artist on 1 and 2 of the Official German single charts“. Архивирано од изворникот на 18 January 2017. Посетено на 17 January 2017. (translated from German)
  65. „Ed Sheeran Creates Chart History Down Under“. Billboard. 16 January 2017. Архивирано од изворникот на 20 August 2021. Посетено на 27 August 2022.
  66. „Ed Sheeran Debuts Atop Hot 100 With 'Shape of You' & in Top 10 With 'Castle on the Hill'. Billboard. 17 January 2017. Архивирано од изворникот на 22 October 2020. Посетено на 27 August 2022.
  67. „Ed Sheeran breaks U2's tour record“. BBC News. Архивирано од изворникот на 2 August 2019. Посетено на 2 August 2019.
  68. „Ed Sheeran new album '÷' – release date, tour dates, new songs & more“. NME. 26 January 2017. Архивирано од изворникот на 25 January 2017. Посетено на 26 January 2017.
  69. „Calvin Harris has some mixed feelings about Ed Sheeran beating his UK chart record“. Digital Spy. 22 October 2017. Архивирано од изворникот на 8 November 2018. Посетено на 27 August 2022.
  70. MTV Press (27 August 2017). „2017 "VMA" Winners and Performances“. Архивирано од изворникот на 28 August 2017. Посетено на 26 May 2018.
  71. Празен навод (help)
  72. White, Jack (30 November 2017). „Ed Sheeran's Perfect remix features Beyonce“. Official Charts Company. Архивирано од изворникот на 1 December 2017. Посетено на 30 November 2017.
  73. „Taylor Swift Reputation Track List“. Billboard. 7 November 2017. Архивирано од изворникот на 8 November 2017. Посетено на 27 August 2022.
  74. Празен навод (help)
  75. 75,0 75,1 „Eminem's new album 'Revival' features Ed Sheeran on one song“. Entertainment.ie. 6 December 2017. Архивирано од изворникот на 3 September 2018. Посетено на 27 August 2022.
  76. „The Top 40 biggest songs of 2017 on the Official Chart“. Official Charts Company. 11 January 2018. Архивирано од изворникот на 3 January 2018. Посетено на 27 August 2022.
  77. Празен навод (help)
  78. „Top 40 biggest albums of 2017 on the Official Chart“. Official Charts Company (3 January 2018). 10 January 2018. Архивирано од изворникот на 3 January 2018. Посетено на 27 August 2022.
  79. Празен навод (help)
  80. „Ed Sheeran officially named the best-selling global recording artist of 2017“. International Federation of the Phonographic Industry (IFPI}. 26 February 2018. Посетено на 12 March 2020.
  81. „Winners“. BRIT Awards. Архивирано од изворникот на 22 February 2018. Посетено на 23 February 2018.
  82. „Ed Sheeran adds final Australian shows; breaking all records“. News.com.au (26 May 2017). 15 December 2017. Архивирано од изворникот на 12 December 2021. Посетено на 27 August 2022.
  83. „Global Top 10 Albums of 2017“, IFPI Global Music Report 2018 (PDF), International Federation of the Phonographic Industry, стр. 9, Архивирано од изворникот (PDF) на 24 April 2018, Посетено на 24 April 2018
  84. 84,0 84,1 Празен навод (help) Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Billboard 2018“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  85. „HITS Daily Double : Rumor Mill – Spotify U.S. Top 25: Ed & Bieber Heat Up“. HITS Daily Double. Архивирано од изворникот на 5 June 2019. Посетено на 15 May 2019.
  86. „Ed Sheeran & Justin Bieber's "I Don't Care" Breaks Single-Day Spotify Streaming Record“. Headline Planet. 11 May 2019. Архивирано од изворникот на 13 May 2019. Посетено на 15 May 2019.
  87. „Ed Sheeran and Travis Scott Share Video for New Song "Antisocial": Watch“. Pitchfork. 12 July 2019. Архивирано од изворникот на 23 October 2020. Посетено на 12 July 2019.
  88. Празен навод (help)
  89. „ARIA Australian Top 50 Albums“. Australian Recording Industry Association. 20 July 2019. Архивирано од изворникот на 22 October 2016. Посетено на 22 July 2019.
  90. „The Official UK Top 40 Albums Chart“. BBC Radio 1. Архивирано од изворникот на 8 May 2011. Посетено на 6 August 2019.
  91. „The Official UK Top 40 Albums Chart“. Official Charts Company. Архивирано од изворникот на 29 November 2015. Посетено на 6 August 2019.
  92. „Ed Sheeran's Ipswich show 'might be the last loop pedal gig'. BBC News. 27 August 2019. Архивирано од изворникот на 27 August 2019. Посетено на 27 August 2019.
  93. 93,0 93,1 „Ed Sheeran named 'artist of the decade'. BBC News. 11 December 2019. Архивирано од изворникот на 11 December 2019. Посетено на 11 December 2019.
  94. „The UK's Official Top 100 biggest songs of the decade 2010 – 2019“. Official Charts Company. Архивирано од изворникот на 11 December 2019. Посетено на 11 December 2019.
  95. Daly, Rhian (21 December 2020). „Ed Sheeran returns with new single 'Afterglow'. NME. Архивирано од изворникот на 8 April 2022. Посетено на 31 December 2020.
  96. Празен навод (help)
  97. „Ed Sheeran scores 10th UK Number 1 single with Bad Habits: "This is an amazing thing". Official Charts Company. 2 July 2021. Архивирано од изворникот на 11 July 2021. Посетено на 27 September 2021.
  98. „Ed Sheeran's 'Bad Habits' Tops Global Charts“. Billboard. 26 July 2021. Архивирано од изворникот на 25 September 2021. Посетено на 27 September 2021.
  99. „Ed Sheeran claims record-breaking 52 weeks – a full year – at Number 1 on Official Singles Chart“. Official Charts Company. 15 September 2021. Архивирано од изворникот на 27 September 2021. Посетено на 27 September 2021.
  100. Price, Joe (19 August 2021). „Ed Sheeran Announces Album and Shares New Song "Visiting Hours". Complex. Архивирано од изворникот на 19 August 2021. Посетено на 19 August 2021.
  101. „Ed Sheeran scores fifth Number 1 on Official Albums Chart with Equals: "Thank you for listening". Official Charts Company. Архивирано од изворникот на 6 November 2021. Посетено на 11 November 2021.
  102. Празен навод (help)
  103. Празен навод (help)
  104. Празен навод (help)
  105. „Ed Sheeran Announces The Mathematics Tour Of UK, Europe For 2022“. Dig! (англиски). 2021-09-17. Архивирано од изворникот на 23 June 2022. Посетено на 14 August 2022.
  106. „Ed Sheeran on Instagram: "Shivers has hit a billion streams on Spotify ! My 11th as an artist and 15th as a writer, thank you so so much for streaming it. See you next year for a new album x". Instagram (англиски). Посетено на 2022-11-04.
  107. „Ed Sheeran returns home for honorary degree“. BBC News. 20 September 2015. Архивирано од изворникот на 8 April 2022. Посетено на 27 August 2022.
  108. „Ed Sheeran picks up MBE from Prince Charles at Buckingham Palace“. BBC News. 7 December 2017. Архивирано од изворникот на 15 August 2022. Посетено на 27 August 2022.
  109. Amos, Thomas. „How To Become A Baron Or Baroness – Principality Of Sealand“. Sealand.gov.org. Архивирано од изворникот на 27 June 2020. Посетено на 25 June 2020.
  110. „Ed Sheeran Named Songwriter of the Year at U.K.'s Ivor Novello Awards“. Billboard. Архивирано од изворникот на 28 August 2019. Посетено на 28 August 2019.

Извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]