26 август (настани)
Изглед
| 1071 | Во Битката кај Манцикерт меѓу Византија и Селџучкиот султанат, византиската војска доживеала срамен пораз, а царот Роман IV Диоген бил заробен. |
| 1498 | Микеланџело бил најмен да ја направи скулптурата „Пиета“. Ја завршил следната година, а денес е сместена во базиликата „Св. Петар“ во Ватикан. |
| 1789 | Во Версај, Уставното собрание ја донесува Декларацијата за правата на човекот и граѓанинот. |
| 1883 | Избув на вулканот Кракатау во Тихиот Океан. Како последица на избувот и на создаденото цунами, загинале над 36.000 луѓе. |
| 1922 | Турската војска предводена од Мустафа Кемал Ататурк започнала офанзива против грчките сили кај Измир, која довела до целосна загуба на грчките територии во Мала Азија и иселување на околу 1 милион Грци од Турција. |
| 1936 | Постигната е спогодба за окончување на британската окупација на Египет, со исклучок на зоната на Суецкиот Канал. |
| 1945 | Во Битола бегалците од Егејска Македонија излегоа на протестен митинг со барање да престане теророт и прогонот на Македонците спроведуван од страна на грчките власти. |
| 1972 | Отворени се Дваесеттите олимписки игри во Минхен - Германија кои во историјата, останаа засенети поради нападот на припадниците на организацијата „Црн септември“ на олимпиското село и убиството на 11 израелски спортисти. |
| 2005 | Туркменистан ја напушта Заедницата на независни држави. |