Англискиот лекар Роналд Рос го открил видот на комарец пренесувач на маларијата, што било пресудно за сузбивање на болести која предизвикала смрт на милиони луѓе. Еден од првите нобеловци за медицина во 1902.
Од парискиот музеј „Лувр“ украдена е сликата „Мона Лиза“ на познатиот сликар Леонардо да Винчи. Сликата е пронајдена и вратена во музејот дури по две години во 1913 година.
Филипинскиот oпозиционен водач Бењино Акино бил убиен по излегувањето од авионот на аеродромот во Манила при враќањето во земјата по тригодишното прогонство во САД. Убиството го организирал филипинскиот диктатор Фердинанд Маркос.
На централниот градски плоштад во Прага 100.000 граѓани за првпат слободно ја одбележале годишнината од инвазијата на Варшавскиот пакт врз Чехословачка 1968 година.
Словенечкиот пливач Мартин Стрел, под мотото „За мир, пријателство и чисти води“ пливал по Дунав од неговиот извор во Германија до утоката во Црно Море, при што го соборил рекордот за овој вид на пливање и влегол во Гинисовата книга со препливани повеќе од 2.900 км. Стрел го започнал својот поход на 25 јуни.