Тухеитиа Паки
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Тухеитиа Паки | |
---|---|
Маорски крал | |
[[File:![]() | |
Владеење | 21 август 2006 – сега |
Крунисување | 21 август 2006 |
Полно име | Тухеитиа Паки |
на маорски: | Tūheitia Paki |
Претходник | Те Арикинуи Дејм Те Атаирангикааху |
Придружник | Те Атафаи |
Деца | Фатумоана Коротанги Нгаваихоно |
Династија | Те Фероферо |
Татко | Фатумоана Паки |
Мајка | Те Арикинуи Дејм Те Атаирангикааху |
Тухеитиа Паки (маорски: Tūheitia Paki) (р. 21 април 1955) е моменталниот маорски крал. Тој е најстариот син на претходната маорска кралица, Дејм Те Атаирангикааху кој бил назначен за наследни и крунисан на нејзинот погреб на 21 август 2006 г.
Се образувал во училиштето Ракауманга во Хантли како и Св. Стивенов Колеџ во Бомбај, Окленд. Оженет е и има три деца, Фатумоана, Коротанги и Наумаи. Пред да стане крал бил таинујски советник за култура при Те Вананга о Аотеароа во Хантли.
Должности[уреди | уреди извор]
Како крал на маорите, досега ги извршил следните должности:
- присуствувал на погребот на кралот на Тонга, Тауфаахау Тупоу IV, во септември 2006 г.
- присуствувал на отворањето на мараето во Пукава, на брегот на езерото Таупо, на 17-19 ноември 2006.
- присуствувал на отворањето на „Маури Ора“, изложба на маорски артефакти од музејот Те Папа во Токискиот национален музеј во Токио на 22 јануари 2007 г.[1][2]
- присуствувал на погребот на Самоанскиот владетел Малиетоа Танумафили II, на 19 мај, 2007 г.
- присуствувал на повторното отворање на мараето/сала-воен паметник во Нгаиотонга, Фангаруру, 2007 г.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Маури Ора: Драгоцености од Музејот на Нов Зеланд Те Папа Тонгарева - Токиски национален музеј, Јапонија Архивирано на 18 октомври 2008 г. (англиски)
- ↑ Маури Ора: Драгоцености од Музејот на Нов Зеланд во Јапонија (англиски)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Новиот крал на Маорите (македонски)